Паметам и родендени,телефонски броеви,ликови,имиња,но може и некогаш да ми се случи да не се сетам кој е тоа.
Имам добра меморија. Паметам родендени, имиња, телефонски броеви, ликови, понекогаш адреси и некои непотребни работи.
- Дали сте од оние кои паметат речиси се, па макар и најмали ситници и глупости, или пак сте заборавени? Мали ситници и најголеми глупости паметам секогаш, ама тоа што треба никако да го запомнам. - Што паметите повеќе, лица или имиња? Имиња. - Паметете ли важни датуми во вашиот живот, родендени на пријателите, телефонски броеви? Важни датуми памтам секогаш, дури и ми се чудат, а исто така и родендени. Телефонски броеви не сум се потрудила да ги запомнам и онака сите ги имам во мобилен.
Дали сте од оние кои паметат речиси се, па макар и најмали ситници и глупости, или пак сте заборавени? Паметам се и сешто, и што треба и што не треба, и глупаво ми е кога ќе запаметам некоја ситница што воопшто не ми треба, наместо некоја поважна информација. Ама за некои важни работи, можам да се пофалам дека до ситница ги знам. Во последно време, како да научив да правам селекција на она што ќе го паметам, наспроти она што треба да го заборавам, па така неважните информации ми влегуваат од едното уво, а низ другото излегуваат, не се задржуваат во главата а она што е важно, го памтам, или барем се трудам да го запамтам. Што паметите повеќе, лица или имиња? Лица. Имињата слабо ги памтам... и ако некој ме праша дали го знам некого по име, нема шанси да му кажам дали го знам дури не го видам. Едноставно, не можам да ги поврзам лицата со имињата, не знам зошто. Порано многу повеќе памтев лица, знаев кој каде сум го видела и кога, ама сега, кога имам повеќе контакти, и работам со луѓе, понекогаш ми е потешко да се сетам од каде ми е некој човек познат. Паметете ли важни датуми во вашиот живот, родендени на пријателите, телефонски броеви? Датуми паметам за се и сешто - значи се живо и диво кај мене има свој датум. Ама телефонски броеви слабо паметам, ги памтев во основно и средно, ама кога почнав да користам мобилен, таа меморија отиде во неповрат... не дај Боже мобилниот да го изгубам или сосем да ми цркне - ниеден број не памтам (добро, освен мојот мобилен, домашниот во Охрид, и домашниот во Скопје, а другите... е па не ги памтам )
Незнам зошто ама сите работи кои треба да ги памтам ги заборавам а оние неважни ситници секогаш ги памтам
Најмногу памтам броеви. Имиња воопшто не памтам, си прашувам два три пати. А за другото се си запишувам, што треба да направам, кај да се јавам, што да пренесам. Инаку многу сум заборавена и ако не запишам, нема шанси да ми текне. Па затоа си имам едно тетратче и мирна ми е главата
Највеќе од се паметам имиња,презимиња и лица ,потоа некои побитни датуми а понекогаш и телефонски броеви,ама родендените ми се слаба страна
Сите скоро ми се чудат каква добра меморија имам Многу пати така ќе кажам нешто што било одамна, а никој друг не се ни сеќава на тоа Се гордеам со својата способност да памтам работи па и покрај тоа што изгледаат небитни за некој друг
Каква меморија имам? - Нопачка Паметам глупости и непотребни работи, а она што стварно ми е потребно... оди на селекција. Ако ми одговара го паметам, ако не ми е интересно, никако не можам да го запамтам (како на пример се што е поврзано со историја). Паметам родендени на поблиски личности и по некој телефонски број. А , и регистарски таблички од омилените таксисти
Дали сте од оние кои паметат речиси се, па макар и најмали ситници и глупости, или пак сте заборавени? - Памтам тоа што треба, тоа што е доволно, но знам да запоман некоја ситница и глупост и да ја спомнан некогаш и често знаат да ми речат е кај ти текна на тоа жити се, тато ми вика немој до толку да се оптеретуваш, ама има и работи кои ги заборавам. Чудно на некои работи ко сум била мала се сеќавам точно се како било, а пак некои работи баба ми ми ги раскажуваше како сум се правела дека не слушам настрана со играчките , а јас се сум слушала и после сум ги прашувала во врска со тоа што зборувале,е на ова не можам да се сетам, ама мило ми беше ко ја слушав така слатко се смеевме посебно ми падна драго ко ми рече дека сум била многу интелегентна и итра и сум забележувала многу работи уште тогаш. Што паметите повеќе, лица или имиња? - Лица многу паметам, се случува личност да ја видам само еднаш и после неколку години пак да ја видам ќе ми текне, ама името не и го памтам. Инаку имиња нашколо од основно сите деца ги знам и по име и по презиме. Паметете ли важни датуми во вашиот живот, родендени на пријателите, телефонски броеви? Родендени памтам ама најважните, телефонски броеви знам околу десетина, ама имаме и за тоа именици во телефоните па тие паметам место нас, а ми се случува дури и стари броеви на некого да памтам, години само некои значајни. Тоа што морам да запамтам го памтам и после некое време ако не ме интересира многу, го заборавам.
Памтам секакви ситници дрбулии глупости ма све што не треба памтам јас Ама затоа она што е битно секад го заборавам ама секааад, да се чудиш ко намерно да сакам да заборавам ма и намерно да сакам дема така да го заборавам А имиња и ликови...паа ликови и боље памтам него ли имиња , во имиња сум склеротик тотален а и за ликови не сум боља али ај...Ми се дешавало јас да пружам рака да се запознаам и луѓево да ми кажат “Мисс што ти е тебе сто пати до сега сме се запознаеле“ и јасс ммм Ма бруки живи сум.. А најлесно заборавам бивши дечковци ма ко да никад ни не постоеле
Pamtam nekoi raboti koisto se korisni za mene i raboti koisto me mene interesiraat.Sekakvi sitnici ne pamtam. Lugeto mozam da go zapomtam poveke po lik otkolku po ime. Pamtam i telefonski broevi, no kako sto kazav pogore samo sto me mene interesira, drugo ne. A, i ne sum mnogu po pamtenjeto datumi.
Памтам некои работи а пак некои не. Имиња заборавам но лица не. Телефонски броеви само на најблиските, а случки некои да некои не. Повеќе се сеќавам на емоциите од случката одколку на самата случка (ако се поизразени).
i jas imam dobra memorija, toa ne znaci deka pamtam se i sesto, no kako sto kaza unfaithful ednostavno mi vleguvaat vglava i ne gi zaboravam. no imam i losa strana, ponekogas nesto sto treba da zapamtam, zaboravam
Памтам имиња,многу често презимиња,некои важни случки,ама затоа од наученото за школо,памтам 1 ден. Ќе ме испраша и ја среќна цела и после не памтам што сум кажала
Го памтам она што е важно за мене.Но во последно време заклучив дека многу работи од минатото сум заборавила
Јас си паметам само некои работи кои мислам дека не треба никогаш да се заборават.Сепак има и некој работи кои сакам да ги заборавам-а не можам и ги паметам ко денес да било. Си паметам и некои ситници и некои убави моменти кои се случиле поодамна и си се потсеќам на минатото. За на школо обично учам механички,а ретко со сваќање.Географија,Историја некои такви предмети ги учам на памет,а има предмети што морам да ги сватам па за да ги практикуваш..
Сега во моментот се вакам како памтам минатата год што ми се случувало овој период.Меморијата ми е чудо на сите дати,денови настани се секавам и битни и небетни.Памтам тел броеви,рег на автомобили а датуми на роденденовци нема на кој не памтам.Сама си се карам понекогаш зошто си го замарам мозочето кога во животот имама поважни работи што трба да се памтат.Празен живот изгледа.
сум се зачудиле колку луѓето паметат дури и што си бил облечен пред минатиот викенд и што точно си кажал за време на караницата.. Не знам како успеваат ако има некоја тајна кажете...
Нема никаква тајна, имаат развиена визуелна меморија, а мислам дека има некои вежби за развивање на истата, т.е не мислам, туку сигурна сум дека има. Ете, и јас имам добра визуелна меморија, па памтам, ама не се, само некои одредени делови. Понекогаш па, се паметам, зависи.