Уфффф темава е баш како за мене) Не дека се трудам да памтам се ама чудно е како ситници ми влегуваат во меморија и остануваат.Датуми,родендени ,имиња....дури и некои глупости ги имам складирано во мозочето. И на школо така се вадев секогаш,не бев бубалица и искрено не дежурав над книгите никогаш, доволно ми беше да слушнам и да читнам и затоа секогаш бев спремна за одговарање Убава работа е меморијата шо е право ,право е
Некогаш се мразам самата себе си што имам многу добра меморија. Па и некои мали ситници ме нервираат што ги паметам, али за броеви сум закон. Понекогаш е добра работа ама понекогаш и нервира - се замараш со глупости а не треба така
Кога имам за учење,го запамтувам тоа што ми е потребно,се разбира ако сум добро сконцентрирана. Во главно,запамтувам тоа што ми е потребно,и тоа што ми остава мене впечаток.Не памтам ситници некои и глупости кои не ми требаат,и кои не ме интересираат,додуша и таквите работи ги примам многу површно,па мислам дека е поради тоа. Имиња запамтувам повеќе отколку лица.Кога бев во средно ми се случувало да се запознаам со некого,цела вечер да седиме на иста маса,а после недела-две ако го сретнам истиот човек нема шанси да го познаам.Во последно време оваа меморија за памтење на лица ми е подобрена За родендени, сега нека е жив и здрав фејсбукот,на сите им правам чест да им честитам ,а инаку не ги памтам многу,освен на најблиските,затоа ги запишував на мобилен.Годишнини строго заборавам да честитам па дури и на сестра ми и на најдобрата другарка,и тоа годишнина од брак .Значи го знам датумот,но кога ќе дојде тој ден нема шанси да се сетам дека треба да им честитам. И редовно им се извинувам
Леле исто како за мене да прочитав. И јас така паметам датуми, телефонски броеви, имиња и презимиња, незнам зошто ми влегуваат во глава, и тоа понекогаш дури се изненадам како знам . А на пример да почне некој да ми раскажува целосни случки од минатото, некако по не се сеќавам за такви работи. Главно за првите кои ги наведов сум експрет нема што не паметам од такви работи
Меморија ....што беше тоа ? Јас како златна рипка имам меморија, сврти ме два пати на десно и не знам како се викам. Затоа се си запишувам, особено ако треба нешто да направам, датуми, состаноци...хартија трпи се А со учењето немам проблем, си памтам , ама секојдневни работи заборавам
јас обратно пак ич, ама баш ич не памтам ликови, не знам зошто, повеќе сум по логичките работи, имиња и сл. ама ликови
Јас многу паметам броеви имиња,презимиња а најмногу паметам родендени и луѓе што сум ги видела еднаш во животот пак да ги видам ке ми се врати сеќавањето ке ги познаам
незнам колкав ми е капацитетот на меморијата на мојот хард диск ,но прилично доста складирам податоци ,паметам фаци,лекции,броеви,имиња,детали ....Не паметам податоци на кои нема да им обрнам внимание или пак нема да им дадам некаво значење....
Памтам многу работи и битни,дури и некои најнебитни.......ама кога е во прашање учењето е тогаш е потешко да запамтам нешто
Не памтам само неинтересни работи.. кои најчесто се случува да бидат најбитни. Како на пример имиња, години и формули што ми требаат за на школо. А за друго да не почнам.. Глупостите со другарките, сите нивни симпатии, сите МОИ симпатии ( ) , колку пати ми се изгасила уличната светилка точно кога сум поминала покрај неа , дури и најситните детали од одредени ситуации, како биле облечени наставниците во текот на изминатата седмица..
Една од најчудните феномени ми е меморијата. Во однос на долгорочната меморија паметам доста живо случувања од рано детство-личности,места,дури и соништа и милион др.нешта поврзани со овој период.Понекогаш пак имам проблем да доловам нешто од вчера да речеме и тоа знае да ме фрустрира баш како стапнување на жуљ. Јас сум доста нумерички тип па паметам нови и стари тел.броеви,спрат и број на стан каде живеат луѓето со кои контактирам,стари и нови броеви на регистрации на автомобили и соу он-значи да не навлегувам јас сум,без моја потреба да нагласам -складиште на нумерички податоци,сигурна сум дека ова мозоков на Матрикс потсетува со тоа зелените податоци кои забрзано течат по црната подлога чиниш инфицирана со нив,само кај мене најголемиот дел од тоа „вирусите„ се арапски цифри.На училиште секогаш добивав екстра поени поради тоа што ќе одлепев некој податок од она напишано во заграда или во објаснување-значи нумерички податок и кутрите испитувачи сметаа дека сум вложила дополнителен труд да го научам,а јас сум фрлила еден единствен поглед врз тоа и сум го меморирала побргу од цел балаблаботина од текст од претходно. Меѓутоа имам гапови во меморијава сум прочитала доста книги,понекогаш не се сеќавам во целост на некоја,ми фали дел од дејствитео или па крајот не ми избива никако пред очи,па си се тешам некој го знае добро „Зоки Поки„ бидејќи е единственото што го има прочитано во живот.Понекогаш па ми испливуваат вивидно цел пакет од спомени онака неповикано и тоа разглобени до најситни честици на слученото.Сум мислела често како ми фали delete или erase копче имам вишок џанк и спам податоци во просторот и фино би било да има опција за нивно селектирање по важност,ама нема. А некои нешта и би ги пукала со пиштол како Кобејн од меморијава да не ми трошат непотребно енергија,нерви и сл.ама и тоа не го можам,ама има па и прајслес спомени кои вреди да се изживеат на рипит копче и по милион пати и пак да не биде доволно.
Колку памтам фаци и детали, тоа е нешто неверојатно. Ама пусто учење ......не сум стигната до таа фаза хаха Не се жалам, имам супер меморија. ДОбро ме служи, некогаш сум и во улога на добар лажго хахаха Паметам моменти дури и од најраното детство, дури на самата себе не ми се верува. Значи сум имала 2,5 - 3 години. На некои моменти се сеќавам како да биле вчера, дури и мајка ми се чуди како може да памтам Тоа е се’ што сакам да кажам во врска со мојата меморија
Немам некоја феноменална меморија али оние работи како имиња,презимиња и броевите на најблиските што ги контактирам секој ден.Ито така датуми за родендени паметам само на најблиските.Паметам скоро се што ми се е случувало во животот интересно и лошо.Дури паметам и некои настани од кога бев малечка 4-5 годинки. Во основно имав проблем со историја и математика бидејки има многу бројки и неможам се до толку да памтам и тие ми беа нај слабите предмети.Сега пошто не учам историја олекна ми малце И тоа е тоа али ко ми каже мајка ми тоа да направиш денеска или утре јас тоа никогаш не памтам хех
Меморијата фобро ме служи Па памтам кога се родендени на моите по дома и другарки,броеви од телефони исто,дури и страници некогаш памтам од книга Мислам дека со меморирањето го вежбаш мозокот
Мислам дека имам добра меморија, доста добро ме служи. Многу добро памтам имиња, датуми, телефонски броеви, лица, слики, детали. Добро се сеќавам на некои случки кога сум била мала. Може да се каже дека памтам и битни и небитни работи.
На оваа тема често ме зафркава дечко ми! Јас знам во детали да раскажам случка од почетокот на нашето дружење! Знам период кога се случило,време,каде се случило, со кој сме биле, што сме зборувале, кој се јавил, каква гримаса ми направил,што рекле другите, што сум помислила... Абе триста гупости кои се воопшто небитни,важно се меморирани во мојата мемориска картичка! Всушност сеуште ме држи добро меморијата кога се во прашања случки и фаци, имиња и презимиња...но не и бројки! Моментално мојот тел. бр. си го грешам а не пак нечиј друг телефонски број да паметам! Слабо ме држи меморијата и кога се во прашање дати,нема шанси комплетно да ја запаметам датата,шансите да утнам бројка се огромни!