Јас немам и баш јака меморија..Многу мразам коа ке запамтам некоја небитна работа а битната не ја памтам .
Јас си ја фалам мојата меморија Мнооогу паметам ликови а имиња малку потешко, исто не паметам и наслови на лекции, книги.Еден месец бев келнерка и си се чудев како на крај на вечерта сум запамтила кои луѓе дошле и што пијачка нарачале тоа ми е баш интересено. Човек што сум направила два реда муабет со него го памтам, нема шанса да го промашам па макар и само еднаш да сум го видела... А за оние побитните случки па да не правам муабет, цел разговор до точка хаха. Сега со воа учењето малку потешко ми оди дека мрзата е голема, ама не правам јас половични работи така да паметам материјал пред неколку години што сум го учела и тоа точно на оној дел од страната каде што се наоѓал Затоа стално ми се чудат колешките кога им викам само еднаш прочитав а добар резултат сум извадила
Паметам моменти дури и кои не се потребн, памтам лица, често ги запомнувам и имињата. Секаков вид бројки, датуми, телефонски броеви, матичен број, број на моб., родендени тоа не го собира во мојата меморија. Затоа денес постојат мобилни и именици за секој број!
Памтам многу работи,ситници,настани. Речиси се памтам. Датуми,броеви,родендени,ликови (најмногу памтам ликови),имиња(малку потешко,ама памтам). Некогаш ми е и тоа како од корист меморијата
Хм, меморијата е моја јака страна Ова ми е најразвиена способност од сите. Памтам секакви детали и ситници, телефонски броеви, не само на ми блиски, туку и други рандом броеви, датуми, лица, случки... Се случува некоја личност да не ме ни препознае пример, заради тоа што само еднаш сме се виделе, а јас да памтам буквално се, и лице, име, муабетот што го правела... И оваа особина ми оди многу во прилог кога станува збор за учење. Многу лесно спремам испити и за многу кратко време. Дури и ми падна смешно кога прочитав во темата за Индиго деца, една од тие што се декларираа како Индиго, напишала дека спрема испит од 500 страни за 2 недели и дека тоа ја прави екстремно интелигентна. Не сакав да ја навредам и не реплицирав, ама јас имам спремано испити од 500 страни за 5 дена Добро, сепак нели зависи се и од материјалот и од професорот, но во принцип, подолго од 10 дена немам спремано ниеден друг испит(10 дена го учев Маркетинг за испит во јуни). И така, си се испофалив Ама вистина е така, не дека се правам важна сега тука
датти не толку колку што разговори и некои убави моменти.. памтам она што ми е важно,кога мене ми било убаво и се со личностите што ги сакам
Најмногу од се паметам лица и моменти, разговори, смешки биквално се , а единствено што не можам да запомнам се броеви и датуми
уф и тоа како памтам некои ситници,глупости и некои работи што мислам дека никогаш нема да ми требаат во животот.Памтам што сум правела во одредем момент на некое си дато пред една или две години.Родендените ми се специјалност а телефонските броеви не се ни обидувам да ги запамтам,незнам зошто
Нормално памтам битни работи,али тешко памтам нови имиња или места.Обично по запознавање со нови луѓе единствено име што го памтам е моето
Памтам глупости, а главното никогаш... А да не зборам за датуми, броеви и ориентација. За тоа сум тотална утка.
Памтам ликови премногу, ги памтам сите што сум ги заприметила барем 3 секунди пред 5 години, некогаш ова ми смета... А слабо памтам имиња, порано и тоа памтев ама сега послабо
Исто и јас, ликови памтам, тоа нема утка а имиња не баш сега зависи каков впечаток ми оставил човекот
Јас имам фотомеморија-што ќе визуелизирам ќе запаметам. Понекогаш се нервирав што ќе запаметев некои банални работи, ама по некое време се покажало дека сепак не било за ништо. И да, како и Гордана ликови мн паметам
Паметам имиња, лица, што носеле, што кажале, со кого биле и каде. Било ги знам, или не. Најситни детали, најнебитни работи, телефонски броеви, датуми, разговори... Некогаш и сама себе си се изненадувам, како и тие околу мене од тоа колку глупости се складирани во мојот мозок. На моменти се чувствувам како психопат кога ќе ми излета дека паметам се до детал за личност која еднаш во живот сум ја видела.
Се памтам, памтам особа која еднаш ја имам само видено и кога ќе ја сретнам некаде ќе речам : е еве ја таа/тој од таму, ќе си кажам и име и се, тие околу мене ми се чудат исто паметам и разговори правени по телефон, мсн, скајп било каде, а личностите со кои сум ги правела не се ни сеќаваат дека некогаш и сме правеле Спојлер таков муабет. Тоа многу ме нервира Памтам и детали од средно и основно, разговори,испрашувања,лекции,оговарања А, да паметам и еден разговор од градинка, со едно девојче, и девојчето си го памтам и ден денес го знам кога ќе го сретнам во автобус или низ населба а таа воопшто не се сеќава на мене , иначе разговорот беше за мојата симпатија Спојлер секако и името на симпатијата го памтам, и него го памтам ма се памтам
Меморија имам да давам на други Памтам се. Случки од 3 години кога сум имала и тоа најбанална ситница. Као беше, сме се шетале ја и другарка една на одмор кога бев, и случајно сум нашла салфетка падната на улица(порано собирав салфетки милион) и тоа со Каменковци беше, и и викам на другаркава: Еј види каква салфетка! И она ни два ни три ја собра, и не ми ја даде, ја глупа зошто сум кажала. Тоа беше питај Бога од кога. Да ја прашам нејзе нема никад да и текне за случкава. Да не бегам од темата. Памтам броеви многу. Памтам визуелно некогаш и ќе речам дека ми помага. Да не се урочам, сакам да ми трае меморијава уште долго
Датуми и броеви не памтам многу добро, ама затоа за слики и ликови имам одлична меморија. Памтам некои рандом работи од детството што ми оставиле впечаток, дали во позитивна или негативна смисла, и тие ги паметам до ден денес. Кога ќе седнеме со другарките и ќе почнам да им раскажувам некои случки од порано, се чудат како ги памтам А јас сирота, не памтам вчера што сум јадела. Чудна меморија имам.
Скоро се памтам. Ликови, имиња, презимиња. Е сеа телефонски броеви и датуми малку потешко. Исто така памтам и работи од детството. па дури и работи што ми се случувале на 5 години. Некогаш памтам и некои непотребни работи, а заборавам важни работи. Но тоа е. Важно имам прилично добра меморија.
Лица, што носеле, што кажале, со кого биле и каде, имиња, датуми, телефонски броеви Памтам ситници, моменти, случки кои биле и пред многу години па дури и кога сум била мала и често ми викаат "Како може да се замараш толку и да памтиш ситници?". Ама тоа е, едноставно работите еднаш влегуваат кај мене во глава и нема излегување и среќна сум поради тоа
Засега супер сум со меморијата Добро ме служи, а се надевам дека така и ке остане Памтам имиња, презимиња, телефонски броеви...