Лица памтам и тоа неверојатно добро. Можам да видам некого случајно во автобус и по неколку години да ја сретнам таа личност и се запознаеме ке ми текне кога и каде сум ја видела. Броеви памтам потешко, исто и адреси. Имиња и презимиња релативно добро памтам. Но работи што ми се случиле, што сум ги видела, што сум ги чула памтам многу добро. Знам што се случило во епизодата на Покемон од 2004, памтам работи што ми ги рекле луѓе дури и пред повеќе од 10 години, знам што носела комшивката на полуматура пред 7 години, знам кои песни ги пуштиле на свадба на братучетка ми која се случила пред 9 години... И така.
Знам точно кои (одредени) алишта каде сум ги носела да речеме пред 5-6 години. Паметам и други што носеле во некои ситуации. Паметам кои поклони кога и кој ми ги подарил иако се од порано. Паметам и некои случки и муабети од кога сум имала 5 години, а на нив никој не се сеќава.
Паа.Имам баш добра меморија се сејкавам баш на се некогаш дури и другарките ми се чудат како памтам толку многу датуми xd
Мноооогу памтам, броеви, лица и датуми, имиња презимиња. Некогаш некоја баба ако видам во автобус, и после неколку месеци пак да ја видам на улица ќе ми текне од каде ја знам
Најмногу паметам личности а најмалку години.Доста се сечќавам и на книги што имам читано а посебно имам меморија за филмови.
и јас сум од оние што паметат ситации до ситници исто паметам многу родендени дури и на небитни личности а броеви е тоа не затоа што сите што ми требаат ми се во телефон , само од татко ми го знам...исто и имиња мн сабо паметам си имав едно другарче што кога и да се сретневме си правевме муабет ова она а абер неам како се вика ни сега
Би се зачудиле доколку ви кажам што се памтам. Од имиња, презимиња, датуми па се до најмали детали. Кој што кога точно рекол, што носел.. Всушност памтам се што не е поврзано со школото
Јас памтам настани кои се случиле а за датуми до најмал детал памтам. Памтам родендени и настани и пазници ама оние кои се поважни и лица памтам пример видам некоја личност и ако ја видам некогаш пак ги велам во себе абе овој/оваа го/ја имам видено некаде и др глупости
Ме служи, доволно. Памтам лица, имиња, датуми, моменти, пинови лозинки (било какви, за било што), настани, муабети, први работи кои ми се случиле датумот и сите детали околу тоа. А броеви (освен они секојдневно што ги барам), места на живеење(места во градов, улици итн т.е. по јасно, никаква ориентација немам, после 4-5 пати одење на истото место дури тогаш го памтам патот) и лекции или нешто поврзано за школо не памтам .
Порано памтев се и сешто, до детали, буквално се памтев. Ама во последно време, сум тотално изгубена, и се мислам дека тоа ми е од многу седење на компјутер
Абе една лекција 200 пати ќе ја прочитам и ни збор неможам да запамтам а така за имиња, датуми и др. памтам.
мемеорија имам нормална..за саканите ја паметам и најмалата ситница,оние кои ми помогнале го паметам и тоа...али цесто кога се нерцирам и во тие 5минутки знам да заборавам некои работи..