Јас никогаш ништо не заборавам имам многу добра меморија се сеќавам дури и на некои нешта што се случувале кога сум била премногу мала
Имам многу добра меморија. Се’ паметам имиња, презимиња, родендени, телефони, реченици, регистраторски таблички Досега најмногу се сеќавам кога имав три години, значи најдолго.
Е овде и јас можам да се пофалам , оти стварно имам предобра меморија , паметам се , и што треба и што нетреба,
Имам многу добра меморија.Се сеќавам на убави и неубави работи уште кога бев прилично мала, 2,5 год.Настаните ги паметам фактографски.И кога ќе се вратам во минатото пред мене е "филмот'.До тој степен што се сеќавам на целокупниот надворешен изглед на луѓето (облека,обувки,боја на коса, фризура)
Имам добра меморија за - настани, случки, разговори, датуми, броеви, содржини на книги, историски или географски податоци што сум ги учела на училиште (а тоа било страшно оддамна)... Но, имам страшно лоша меморија за ликови и имиња. Понекогаш ми се случува да непрепознаам некој човек или да не се сетам на името, а би требало да го паметам - пред многу години сме учеле заедно, сме славеле Нова година, сме се сретнувале често, сме биле во исто друштво...
Имам добра меморија, памтам се и сешто, не дека се трудам да запомнам буквално се али ете ми останува во глава. Некоаш иам проблеми со луѓе со слаба меморија, им кажувам за некоа ситуација, тие не се секаваат и може да ме напраат будала дека ми е измислено или сонето. Срека успавам ,,да им премотам филм,, и да им докажам дека не е измислено.
За се имам добра меморија, ама телефонски број да ме утепаш неможам да запамтам само мојот си го знам.
Леле паметам се и кога бев во градинка, што ми правеа ова она, исто и броеви на деца од мпјот клас... Па имам предобра меморија
Од телефонски бореви, го знам само мојот, домашниот и од дечко ми. И од други телефонски броеви паметам по некои цифри. Од датуми, ја паметам годишнината, неговиот роденден, роденден од некои пријатели, од сестра ми, од мајка ми и татко ми, од двајца братучеди. А кога некој запознавам, ако е интересна личност го запамтувам името, ако не е тогаш го заборавам. Некогаш дури и не придавам значење, подавам рака, си ги кажуваме имињата и не ни слушам што кажала другата личност
Фала му на Бога супер ме држи меморијата. Помнам речиси се, без проблем..долги броеви, дати, родендени и на не толку важни луѓе.. кога бев средно со едно до две читања знаев се. И така одев на тест. Никогаш не сум земала да учам. Само читав 1-2 и толку. И 5ки имав
Јас одлично и сликовито паметам дури и настани кои се случувале на моја тригодишна возраст. Кога им ги опишувам на домашните, се чудат. Други луѓе од надвор не ми ни веруваат ако им кажам.
Памтам све. И што треба и што не треба. Ситуациите што треба да се заборават јас ги памтам. И се смеам и кринџ ми е кога се присеќам.
Јас сум крш со меморија ни луѓе памтам колку пати ми се има случено да си правам муабет а појма немам кој/а е, дешавки само нешто што ми оставило впечаток. Инаку ако се договарам со луѓе за некоја работа се заборавам морам да запишувам па макар и за кафе ако сум договорена страшно