Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менаџирање на вашиот живот

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од raww, 4 април 2022.

  1. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Многу сме слични. Јас сакам да имам преглед на цела недела и месецот, одвоено. Многу често знам да закажам со некого и две недели однапред бидејќи немам слободен ден пред тоа и ако немав се средено пишано.. главата нема да знам кај ми е.
     
    На Feminka22 и android им се допаѓа ова.
  2. Regina.Phalange

    Regina.Phalange Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2020
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    1.429
    Пол:
    Женски
    Користам бујо ама и неколку апликации. Сакам листи и планови, најмногу кога е мојот живот во прашање. Особено кога имам 20 работи за правење и можам да го организирам редоследот на нивно извршување на најдобар начин.. милина. Секоја година си го реевалуирам животот, поставувам долгорочни цели кои ми се фокус месечно, со помали задачи, зависно што е целта
     
  3. Ketchup

    Ketchup

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.424
    Не знам за вас, ама јас и да запишам нешто, после некое време ќе ми се смени состојбата на мозокот и кога ќе го прочитам ќе бидам ко wtf?
    Не се ни сеќавам на што сум мислел. :D

    Само социјалните мрежи и работата си ја менаџирам, слободното време и животот на долготраен рок го оставам спонтано да тече.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Acronia

    Acronia Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2021
    Пораки:
    1.222
    Допаѓања:
    4.487
    Пол:
    Женски
    Во последно време животот ми е сведен на работа - журка - афтерпарти.
    Знам дека треба да дигнам рачна и се приберам, ама не можам.
    Не можам да се замислам затворена во соба без да вајбам меѓу луѓе каде нешто се дешава.
    Не можам да замислам како сум функционирала без ноќен живот изминативе година ипол.
    Малце језа ме фаќа и цело време си правам reality checks, ама стварно не знам како бев океј со тоа да одам по станови со друштво и пијам чаеви до 00:00 часот вечер, дур дрнкам на гитара на која не знам да свирам, и паралелно седам на фемина/дискорд пошто ми беше 'многу интересно' со тогашната раја.
    Значи хорор и среќа заврши состојбава, инаку сериозно не знам до каде ќе стигнев(ме).
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. prashinka

    prashinka Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2021
    Пораки:
    437
    Допаѓања:
    798
    Целосно се согласувам. Поддршката сметам дека е една од најбитните.

    Инаку на темава, џабе е ако водите листа. Скроз убаво, се има преглед на сè, но некогаш потребно е трпение дури да се постигне некоја повисока цел.
     
  6. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.447
    Допаѓања:
    25.006
    До минатата година една од причините за кои водев дневник беше поради поставување цели и планирање за остварување. Поставував 3 вида на цели: цели на годишно ниво, на месечно и на неделно, и потоа секоја недела, секој месец и секоја година рефлектирав, забележував што сум направила, што не сум направила, што можам да подобрам, што да зачувам, што да отфрлам, итн.

    На пример:
    Почнува годината и рефлектирам што сакам у животот да променам или да постигнам.
    Сакам да ослабам 10 кг; сакам да читам повеќе книги, барем 20 годинава; сакам да патувам во Барселона. Тоа се целите на годишно ниво.
    За да ги постигна тие цели треба да обрнам внимание на квалитетна исхрана, физичка активност, избор на книги, отфрлање залудно трошење слободно време (ослободување време за читање), штедење пари.
    Секој ден запишував што сум јадела, сè, и квалитетно и неквалитетно; запишував колку км сум пешачела, сум возела точак, што вежби сум вежбала; колку страни сум прочитала; колку пари и на што сум потрошила. На крајот од неделата ги разгледував сите денови, што сум правела, колку, како, и забележував прогрес, забележував грешки, за наредната недела обрнував повеќе внимание на поправки. Истото го правев и на крај на месецот; толку деновиве сум била задоволително активна, толку денови сум имала квалитетни оброци, толку кг имам намалено/зголемено, толку обем имам намалено/зголемено, нареден месец да внимавам околу тоа и тоа во исхраната, да возам повеќе точак, итн; месецов сум заштедила толку и толку, сум имала вакви трошоци, непотребно сум дала пари на тоа и тоа, нареден месец да внимавам да не трошам на тоа и тоа; сум прочитала толку страни, тие книги, какво ми било темпото, што ми се допаднало од книгите, место да сум читала сум играла игрици повеќе, нареден месец да се воздржувам од играње за да можам повеќе да читам; итн, итн.
    На крај од годината оравев рефлексија на главните цели, колку имам ослабнато, колку книги имам прочитано, дали сум била во Барселона. Па детална рефлексија кај сум грешела, што сум правела добро, кои чекори биле круцијални, како сум задоволна, дали сум среќна, дали понатаму во наредната година ќе ги имам истите цели, ако не, поставував нови.

    Вака терав пар години, престанав кога забременив (тоа ми беше една цел од годината претходно) зошто животот стана премногу непредвидлив и немаше поента таквата организација.
    Може во иднина да и' се вратам на ваквата организација, мене ми помагаше околу остварување на целите зошто го пратев прогресот, можев да видам каде грешам па се поправав, постојано бев внесена во конзистентно работење на остварување на целите.

    Најчесто поставував 3 годишно цели и најчесто една ми остануваше неостварена. Исто така ми се случуваше во текот на годината да се предомислам, едноставно да изгубам желба за остварување на веќе поставена цел, а да добијам желба за нова.

    Откако престанав да бидам организирана на ѕој начин, изгубив чувство што, како и колку правам, ама па понекогаш тоа ми е океј, барем не се форсирам толку многу. Ама па за природно недисциплинирана личност ко мене, потребно е такво форсирање за да се избегне прокрастинирање.
     
    На raww и DoubleK им се допаѓа ова.
  7. marchi-cool

    marchi-cool Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    7.006
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Интере тема. И јас сум сакала да имам некаква организираност со планети како и другите но просто немам ни за тоа време.
     
  8. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    5.913
    Истоо

    Годишните цели ги поставувам штом започне новата година, поделени ми се во неколку категории: кариера, персонален развој, пари, дом, патувања итн.. потоа по шест месеци или кога самата ќе почуствувам дека треба си правам рефлексија на тоа што сум остварила од нив и дали сакам да додадам нови или да отфрлам.
    Исто така на почеток на Јануари покрај тоа што си запишувам цели, пишувам и што сум успеала да постигнам минатата година, кои ми биле како хајлајт моменти, на кои полиња сум била добра, на кои не и уште многу други категории.

    Има еден јутуб канал поради кои почнав и научив како да ги правам овие работи
    Ја знае/гледа некој девојкава?
     
  9. СуперДевојка

    СуперДевојка Популарен член

    Се зачлени на:
    28 март 2017
    Пораки:
    2.849
    Допаѓања:
    17.190
    Пол:
    Женски
    Купив планер лани и заборавив дека постои. Го пишував некој месец, ама терет ми беше.
    Не можам да се водам по нешто однапред планирано за денот или неделата. Кај мене не функционира тоа. Товар ми е, тежина, дека сега треба нешто да направам зашто сум испланирала. Плус ако нешто искрсне и планираното не се оствари, грдо ќе се осеќам.
    А на долг рок имам цели, но не ги форсирам со краен рок. Знам што сакам да постигнам и целам кон тоа, но не дека морам до декември или за 3 месеци или не знам за колку. Ќе биде. Досега сум остварила доста од зацртаното, имам цели за кои ми требаат и повеќе од 10-15 години отсега за да се остварливи ама си се знам каква сум. Чим се запнам за нешто ќе биде.
     
  10. ladydy13

    ladydy13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 август 2019
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Имате ли некоја апликација на телефон за запишување на дневни цели?
     
  11. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.516
    Допаѓања:
    17.536
    Пол:
    Женски
    "You can't manage what you can't measure." e супер основа ту лив бај.

    Ама да не се забегува.

    Затоа што адаптибилноста е неопходна за квалитетн живот. А со ту ду листи за неважни ствари секој ден од кои нема отстапки нема да стане.
     
    На Feminka22 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Leucadia

    Leucadia Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    299
    Допаѓања:
    520
    Todoist беспари али ако сакаш повеќе работи да користиш има претплата.
    Microsoft to do е исто добра безплатна.
     
    На ladydy13 му/ѝ се допаѓа ова.