1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструален период при/без односи

Дискусија во 'Секс' започната од Snow-Queen, 7 јануари 2013.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Прво пола саат се мислев како да го пишам насловот се надевам вака е најсоодветен. :?: Ако имате подобра идеа кажете :)

    Феминки, дали и кај вас има вакво нешто...дали односите ви влијаат на еден месечен циклус односно на неговиот период. Јас од денот кога прв пат добив, па до моментот кога почнав да имам односи со дечко ми абе како програмирана на 28ми ден. Кога почнавме со односи, полека секој месец ми се помести за по еден ден, и сега нон стоп на 31 ден добивам. Одкако дечко ми не е тука, пак се врати на старото, дури ни 28, на 27ми ден добивам.

    Дали и вие вакво нешто сте заприметиле.
    По други форуми вакви промени сум читала ама за кога имале односи ама без заштита.

    Дали можеби некој нешто знае зошто ова се случува?
     
  2. owl-ribbon

    owl-ribbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2012
    Пораки:
    545
    Допаѓања:
    678
    Имам читано дека после првиот сексуален однос може да ти касни , а за стално не.Може и има некоја врска.
     
  3. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    17.654
    Допаѓања:
    95.759
    Пол:
    Женски
    Сноу, сигурна си дека нема ваква тема? Чисто колку да не те префрлаат, не е ништо злонамерно. Инаку веројатно се работи за хормони, кај мене немаше никакви промени, секој пат си добивам на исто, исклучиво проблем знае да се задеси ако настинам гадно или некоја промена на клима.
     
  4. mae-1234

    mae-1234 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Не знаев кај да пишам но после првиот однос ми каснеше и ми дојде и сеа после две недели па ми дојде нормално ли е тоа да се случуват некои промени после првиот сексуален однос
     
  5. cvetce93

    cvetce93 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2011
    Пораки:
    1.434
    Допаѓања:
    575
    И јас пред да имам прв пат односи се точно си добивав на дента, а после тоа почна да ми касни и по недела дена, не стално, ама секој втор-трет месец ми касни.. Што знам, може има некоја врска :^)
     
  6. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.198
    Допаѓања:
    10.838
    Пол:
    Женски
    Пред првиот однос, добивав редовно секој месец, ама не баш на точен број на денови. Еден месец на 25 другот на 30, третиот на 35... По првиот однос, добив одма после 2 дена, порано добив од тоа што очекував. 2 години после тоа добивав на рамно 30 дена секој месец. Мислам дека ќе почнев и саатот кога ќе добијам да си го предвидам. :D (буквално имам календарче каде 20тина месеци по ред сум бележела менструација на 14, 15, и 16ти од месецот)
    До сега имам поминато само период од 3 месеца без односи, кога отидов за Америка, и тогаш добивањето ми се изремети скроз. Ама тоа повеќе би рекла дека беше до климата отколку до немањето односи. Добивав на преку 40 дена, и хормоните ми беа преку таван. Од тогаш навака, изминативе две години сум на некој стандард од 28-30 дена, ама се случувало и од тоа да има плус/минус уште некој ден.
    Јас би рекла дека дефинитивно односите имаат влијание, зошто ако се случи да немам односи деновите пред да добијам, подуена сум во стомакот подолго време, почнувам да имам болки, ми отекуваат градите и слично. А ако имам односи, се случува уште истиот ден да добијам, и самата менструација ми е полесна (трае помалку и со помалку други физички проблеми).
     
  7. mili4ka123

    mili4ka123 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2012
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    2.333
    Пол:
    Женски
    Првите неколку месеци после односот, добивав 2/3 дена порано од тоа што требаше.
    Така ми беше околу 2/3 месеци. Пред да почнам со односи, добивав на 28 дена, потоа следуваа тие 2/3 месеци што ми доаѓаше неколку дена порано, а потоа ми се нормализира, но на 29 дена. И еве веќе со месеци ми е точно, на 29. Ептен ако некогаш сум премногу под стрес или слично, но ретко се случува да ми касни. :)
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    15.921
    Допаѓања:
    32.560
    Пол:
    Женски
    После првиот однос, менструација добивав како и пред тоа. Никогаш не сум добивала редовно. Добивав од 24-31 ден. Тоа се смени откако се породив. Сега добивам од 24-28 дена.
     
  9. mae-1234

    mae-1234 Активен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2013
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    0
    Ми дојде два пати во месецот и сеа од кога да почнам да рачунам до наредната ?
     
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.148
    Допаѓања:
    76.580
    Пол:
    Женски
    Јас па имам приметено дека додека имав односи ми доаѓаше порано или ми доцнеше. :?:
    Сега апстинирам и ми доаѓа по 28 дена или ден подоцна или порано.
     
  11. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    5.947
    Допаѓања:
    50.030
    Пол:
    Женски
    Кога започнав да имам односи менструацијата ми се скрати порано 6-7 дена ми траеше, а сега само 5 дена. Првиот ден мн малку ми течеше, а сега многу.