Aј да прашам, јас по свадба тапани. @jacqueline.s @wannaBeMomma @tigerlady @pdb123 @Mishela Ви се случило да ви се истури? Вчера се размислував што ако ми се испотури или не знам е преполнето или тешко дека ќе ми се истури ?
Не се истура Ќе си испробуваш коа си дома на колку време треба да ја смениш Први 3 дена ја менувам на пола ден и цела ноќ, после само пред и по спиење
За истурање, не може да ти се истури, затоа што тоа би значело некако да ти се преврти чашката внатре. Тоа не може прво затоа што создаваш вакуум кога ќе ја наместиш, па не би требало да мрда чашката, а второ, затоа што ја држиш со вагиналните мускули: рачунај дека каналот ти е потесен, но со можност да се прилагодува - шири. Па така ти кога ќе ја ставиш тој ќе се рашири толку колку што треба за чашката, не повеќе, и така всушност „ја држи". Ти како и да си свртена надворешно не може да влијаеш до толку за да ја превртиш. Технички, со напнување/користење на тие мускули (обично кога одиш во WC) ја туркаш надолу, дури може малку и да ти подизлезе, но ти ќе почувствуваш и ќе внимаваш да не туркаш толку за да падне. Друга опција е дека може да ти истекува вишокот преку дупчињата кога чашката се преполнува или ако неубаво си ја наместила - лош агол/ненаправен вакуум. Единствено истурање за кое треба да размислуваш е кога ќе ја вадиш, да внимаваш на аголот, на губењето на вакуумот и пошироката глава на крајот од чашката, поради што можеш да направиш нагло движење и да ја истуриш чашката на земја . Јас затоа ја менувам директно над плочки, а не на тепих/оние сунѓерестите подлоги што се користат во WC .
Нема шанси, не се секирај, ќе внимаваш само како ја вадиш зашто едино така најлесно може да се направи беља. Првите денови ја празнам почесто од навика, отприлика осеќам кога би била полна па за секој случај, истурам колку и да има. Последните денови нема мака. Ќе се навикнеш, мене ми беше многу тешко првиот месец, потоа се навикнав. Е уште ми е страв кога седнувам да се олеснам, да не ја истуркам со напоните па да ја бркам после низ вц школката. Тоа ми е најголемиот страв, за среќа не се случило, ја осеќам кога се спрема да излезе па реагирам.
Eпа за ова истурање ми е мене Да не вадејќи ја истурам некако Ај нека стигне па, ќе ми притекне уште нешто сигурно За ова не размислив многу многу
Ти објасниле се девојките, од мене едно прашање. Па и да се истури де? хахаххахаха Крај краева зимаш тоалет и бришеш и готово. Ниту е канцерогено ниту ќе остави дамки на плочки. Мишелке и мене ми е ова потаен страв и еднаш ми се има случено, среќа дома, па ја вриев под итно. Само не со олеснувањето него кога ја вадам да не ми се клизне низ прсти. Инаку мислам при олеснување нема да ти испадне ако ти е добро наместена, вакумот ја држи. Патем, кога веќе навлеговме во овие води .... откако почнав да ја користам чашката сфатив дека за време на циклус почесто се олеснувам и после наидов и на научно објаснување дека ова е заради контракциите на матката за исфрлање на менструалната течност. Ете, да не речете ништо не сте научиле
Никаде не напишав дека е канцерогено или ќе остави флеки по плочки. Прашав дали ви се истурила или тешко да ми се истури. Се извинувам што прашав, не знаев ни дека треба да забришам и готово.
@Antolinaa мене ми се деси еднаш да ми подизлезе тампон па ми текна дека и со ова можеби постои веројатност да се случи. И да, се случува ама не секогаш. Сега да не навлегувам во детали, ама со нормална столица си стои на место и нема мака, ама ако некогаш се јави запек тогаш ќе ја имаш на ум зашто колку добро и да е наместена, може да ја турнеш со напоните. Мене ми се случува, ама се осеќа кога подизлегува така што - не се секирај. Ако има потреба да реагираш ќе знаеш. Околу празнењето, јас така ставав и тампони, па со чашкава истата техника ја применувам. Во седечка позиција си ја празнам, со една нога качена на даската. Така се навикнав и така терам засега. Вака и да ти се подистури на вадење, сè си оди во вц школката. Ама угодна ми е позава само за дома, надвор избегнувам одење по тоалети и кога излегувам однапред гледам да си биде средена и испразнета. Тебе можеби другачие ќе ти одговара, ќе си експериментираш малку и ќе ја фатиш цаката, не се секирај стварно.
Не ме сфаќај погрешно, беше само шега, не критика. Мислам, нормално е, сите сме ги имале овие прашања. И мило ми е што прашуваш за се поврзано со ова, токму тоа и треба за да се надминат сите стигми. Се надевам ќе имаш пријатно искуство.
Откога планирам да ја порачам и пробам и никако, и еве сега во циклус сум, се изнервирав веќе, пресеков и порачав OrganiCup од аптеката во Бт, преку инстаграм. Не можев да чекам од странство, а имаше и вчера акција од официјален сајт, ама нема веза сега. Мислам дека сум спремна психички. Само позитивни искуства читав, и тука од вас и по други форуми, воглавно жените не се враќат веќе ни на влошци ниту на тампони, па се надевам и јас ќе се снајдам. Пишувајте искуства ве молам, давајте охрабрување
Е па девојки ве чекам тука со првите впечатоци И мојата ми пристигна денес. Таман циклус ми заврши, а јас се мислев дали да ја пробам овака "на суво"? Ставање, вадење, или да не се глупирам? Помала е од што ми изгледаше на нет, само е покрута од што ја мислев. Ем имам трема од првиот пат ем па возбудена сум
Истиве мисли како тебе ги имам буквално. И јас се мислев да ја пробам пред циклусот, ама ќе треба два пати да ја вријам, еднаш сега пред употреба и еднаш пред циклус и си викам ај не мора сега. Ќе гледам инструкционални видеа до тогаш и се мислам да ја пробам чашкава првиов циклус од трет ден па натаму, да не биде некоја белја да се направам бербат Секако ќе споделам искуство. Иначе, и мене ми дојде малку помалечка и подебелка од тоа што си ја замислував, ама се надевам нема да биде проблем. Бтв, да искористам прилика да ви кажам дека имам две менструални чашки (сеуште неотпакувани), ако сака некоја да набави, а да не дава 1500 денари, нека ми пише во лп. Позз
Ајде јас да си пишам искуство. Вчера сабајлето ми почна нов циклус и одлучив одма да ја пробам чашката. Ја вриев 3-5 минути, ја оставив малку да се олади и ја ставив. Аплицирањето беше малку тешко, неудобно, ама успеав. Не можев да приметам дали е целосно отворена и вакумирана, па ја оставив 2 саати и после ја извадив, зошто бев ептен љубопитна. Имаше собрано многу малку и немаше протечено. Ја измив и ја вратив назад и ја оставив 8 саати. Во меѓувреме цело време имав чувство дека протекло, ама нема врска, ни капка немаше и ептен се израдував. Потоа се истуширав и пак ја ставив, овој пат нели на мокро, и беше многу потешко отколку на суво т.е само чашката мокра кога беше. И така си легнав, но за секој случај ставив и влошка во случај да протече. Сабајлево после 11 саати носење видов дека доста ми протекло, кога ја извадив видов дека цела чашка ми беше полна, и секако го немаше тој „вакумот“. И малку се разочарав. Дали се преполнила па протекло или не сум ја наместила убаво, не знам.. ама многу потешко ми беше да ја ставам отколку да ја извадам. При вадење ниеднаш не се направив лом, но ставањето на чашката е предизвик за мене. И не можам да ја свртам внатре за да се отвори целосно. Едноставно сеуште не можам да го направам тоа. Денеска ми е втор ден и ќе видам како ќе биде, па ќе ве известам пак.
И јас се чувствувам како да не ми е целосно отворена кога ја ставам, па ја спуштам (како да ја вадам) додека не го слушнам звукот на отворање (веројатно кога доволно ќе ја извадам чашката за дупчињата да се надвор и да примат воздух). После така отворена ја пикам. Малку е чудно чувството, неудобно, ама со тек на време се навикнав. И јас имам мака со протекување, особено навечер, иако толку време ја користам. Знам дека барем за мене, многу менува аголот под кој ја ставаш. Треба малку наназад да ја ставаш (кон задникот). Некогаш ќе ја ставам така, ама дали премногу назад ја имам свртено некако, па не сум ја наместила нормално на каналот, туку косо, па затоа ми протекува. Затоа и зедов менструални гаќи, поради тоа што не знам кога сум ја наместила доволно добро и тие ми се дополнителна заштита . Ако некој знае што грешам, нека каже . Сегде велат дека ќе развиеш осет како ти е наместена со тек на време, ама никако не развив.
Фала @pdb123, твојов начин стварно успева. Направив како што кажа: Вчера цел ден си бев раат, исто и во текот на ноќта немаше никакви протекувања.
Вчера ја ставив чашката по прв пат. Се уште немам добиено, некои циклуси имам болки и спотинг првите ден-два, како овој, и морам да имам дневна влошка, па ја сепак пробав чашката. Како очекував многу полесно беше аплицирањето. Јас не ја вметнав скроз, ја превиткав во форма fold down, мислам така се викаше, ја вметнав до пола, се отвори и потоа ја побутнував подлабоко. Пробував да свртам со прст околу неа да видам да ли секаде е отворена и иако специјално за ова прилика ги скратив ноктите се чудам како можат во тие видеа што објаснуваат за чашката да ја со прст опкружаат околу горната ивица. Не можев да допрам до горе. Абе родив две деца вагинално ама не е баш толку лабаво Евентуално ја опкружам околу долниот дел и толку. Денес рачката, што се фаќа за неа на долниот дел, ја скратив на пола, ќе видам ако ја чуствувам цела ќе ја отсечам. Инаку ја чувствувам. Вадењето одеше лесно, едноставно со вагиналните мускули ја поттурнам надолу да ја прифатим. Тука ми е прашањето. Не знам како можат да вежбат со неа, имам чувство дека ќе се изместува. Кога можам така лесно да ја движам со мускулите гору долу, мислам секој поголем напор ќе влијае на тоа да ја "прошетам" за малку. Знам вакум има, ама сепак такво чувство имам. А и секој пат ја најдам поспуштена отколку што ја пикнав. Дефинитивно треба уште да ја совладам, местењето и се, ова ми се само првите впечатоци бидејќи имав трема токму од ставање-вадење ама е многу поудобно од тампон. Тампон некогаш го осеќав кога не го наместам убаво, како да ме бодеше, ставањето грозно, материјал сув, гребе, за вадењето прво се прекрстиш да не се скине кончето при влечењето ( тоа ми мене секогаш беше прва мисла мада знаев дека се реееетки шанси да се случи такво нешто ) Ово е глатко, , нежно, брзо се "вшмука" внатре, само слушнеш - плуп!
@Sky-butterfly, да не имаш низок цервикс па затоа ја чувствуваш? Дали си сигурна дека ја ставаш докрај (малку наназад свртена, кон задникот)? Додуша може и до рачката да е, ќе видиш кога скроз ќе ја сечеш. Инаку нема проблем за другите активности, изместувањето се случува само за тие активности за кои ги користиш вагиналните мускули (посебен акцент на поголема нужда ). Со нив ти ја изместуваш, инаку мускулите ја држат в место за сите други активности.
Не сум сигурна дека ја ставам докрај, знам глупо е ама не знам ни со сигурност да кажам низок ли ми е цервикс. Јас пипав, барав, ама не знам што треба да најдам. Мислам знам теоретски ама со сигурност не можам да кажам тоа е тоа кога не гледам. Две бремености имав, никој не ми прокоментира низок цервикс, додуша второто носев пониско ако има врска, ама нели и цервиксот се движи, и тоа секој циклус? Не знам, признавам. Како и да е, ќе пробам да ја ставам подлабоко, мора да се извежбам. Има време, решена сум да ја испраксирам оти веќе ми се допада