Ќе почувствуваш блага болка ако туркаш, а ти е чашката докрај, баш како ѕид да има. Не мора со прсти да бараш дали е докрај, а и тешко е, и јас не можам да ја опипам чашката скроз до врвот .
Имам проблем со ставањето. Едноставно не ми се отвара чашката убаво. И немам поим зошто од 15 обиди еднаш ќе се фати, другите пати не. Вчера например воопшто не ми се погодуваше никако. Првин мислев (и вистина има поврзаност и со ова) дека после туширање ми беше мнооогу потешко, се исушиш, никако не лизгаше, јас немав никаков лубрикант дома па едноставно бутав бутав и беше болно. Ај подоцна веќе лесно одеше ама отварањето никако да фати вакум. Се обидов многу пати, стави вади, ме здоболе веќе се, се исфрустрирав,ставив влошка за вечер бидејки се изморив од толку неуспешни обиди. Сабајлево повторно се обидував, не се отвара убаво ни- ка-ко! Сега сум со тампон. Не знам што е проблем. Пробав други начини на свиткување, ама поинаку од фолд даун не можам да ја пикнам, големо ми е и секогаш завршува безуспешно. Ама ете, кога се погоди да фати, убаво да се отвори и се, чувството е прекрасно, не се осеќа. Се собира, нема протекувања. Вадењето ми е исто така лесно многу, дури воопшто не е грозно како мислев пред некоја година. Па милион пати е погадна влошка да ја гледаш него чашката. Извините за деталноста. Ами, разбираме се нели. Значиии, само ств не знам како да ја наместам за да се подотвори убаво
Види на претходната страна, ѝ пишав на друга членка како правам јас. И мене никако поинаку не ми се отвора, си се навикнав вака .
Толку ја испофалив , за последниве три циклуса ваш вака да ми се случува и ме фрустрира! Значи мислев дека експерт станав за местење, сега сум тапа, по неколку обиди и не е наместена ко што треба, а ич не е пријатно стави-вади по стопати зошто вака?! И јас мислам дека сум со краток цервикс, рачката ја скратив и немав проблрм зашто кога ќе легне, кога ќе фати убаво е супер. Од пред некој месец, прво почна да ми се спушта, шетам и осеќам дека излегува, а верувајте уредно наместена пред да излезам. Или ми излегува, или не се отвара, што е работава?! Кажете некој попрактичен совет. Да напоменам, неколку месеци ја користев без проблем и ја фалев насекаде, сега се мачам. Сабајлево излегов и осеќам дека протекува, а се отвори. Гледам протечено лом, чашкава била малце искривена. Сто видеа изгледав, сакам пак да се отвара и мести...
Изгледав денес уште некои видеа да пробам што не сум досега. сега ја ставив буквално од прва, ама седев на шолјата, не стоев со една нога подигната на вц шолја, или во стоечка положба малку потклекната како досега, туку баш седев. И пробав севен (7) фолд (види на нет), буквално влезе и се отвори од прва. Што е успех после милион обиди. Пробај и ти ова ако не си досега. Е сега останува да видам дали ќе протекува и ако не, дали ќе продолжи да се отвара од прва. Позава, седната на вц шолја, малку навалена на назад, ќе сигурно продолжам да ја користам, ми се чини тогаш мускулите се најопуштени па ми е полесно.
@Sky-butterfly фала, вака сакам, темелен опис Ќе пробам обавезно, јас до сега се обидував застаната, една нога на шоља, денес без ногава на шоља, ама не оди. Иначе навистина, кога ќе се намести правилно е незаменлива, ко да не си во циклус.
Иако минатиот месец ми стигна не ја искористив тогаш. Сплет на околности плус немав време да експериментирам тогаш. Сега се погодив дома па, таман. Еве трет ден ја носам. Се чудам колку лесна била за користење. Ја ставам со 7fold методот, седната. Првиот пат наместив, после пола саат панично трчав да видам да не протекло исто како @LovelyGirl3 имав чувство дека протекува. Во овие три дена нема капка протечено Тоа што мислев дека ќе ми се истури при вадење, видов дека не се турало така лесно. Рачката не ја скратив затоа што не ни сеќавам дека ја има. Без неа па, ми се чини паника ќе ме фати да не се "загуби" чашкава И вежбав и пешачев не мрдна. Е страв ми е од ова @pdb123 шо кажа па не сум пробала Вака како за прво користење задоволна сум. Дури и изненадена од сама себе како немам мака со ставањето. Имав замислено дека ќе се препотам и ќе ја баталам после 542423 неуспешни обиди и хаосот што ќе го направев наоколу.
Јас откако се пожалив на темава, и откако пробав седната исто со 7 фолд ми беше песна. Ставањето и отварањето од прв пат, воопшто не протекуваше ништо. И преку ноќ спиев (додуша имав и плус влошка бидејќи се уште не се чуствував сигурно и насабајле кога се разбудив имав чувство дека е протечено, ама ништо немаше! Ах колку всушност е почиста и поубава работа со ова.
@Antolinaa, на што мислиш за тоа што сум кажала? Јас си мислев дека сум утешителна и (дури претерано) охрабрувачка, што сум ве исплашила?
Ова Ти убаво си кажуваш, ама мене кога ми текнува и на муабетот на Мишела претходно за ова.. @Sky-butterfly Јас па, денес храбра облеков пудра боја панталони и се исподотерав, ко прваче на 1ви септември. Дури и заборавив дека имам циклус со малата трчајќи лево-десно Инаку цело време гледав видеа и од сите изгледани тој метод гледајќи ми изгледаше најтежок, а во пракса па најлесен. Само еднаш пробав со С-fold и не ми успеа, па ми текна на овој и без мака ја ставив од прва. Едит: Се препрочитав читам малата сум пишала - на внука ми мислев.
Сега при крај ми е менструацијата, па би немало ефект, ама ајде следен пат ќе пробам 7 fold. Јас моментално С fold користам, со понатамошно изместување за да се отвори целосно чашката .
Ја користев само еден циклус, рано е да кажам ама засега генерално ми се допаѓа. За разлика од тампон ми е многу поудобно, воопшто не се осека чашката внатре и може да се празни на подолго време. Споредено со влошка, супер е што кожата не се иритира и е похигиенски. За аплицирање на чашата немав некој проблем, само не знам дали убаво ми се отвараше бидејки секој ден имав по некоја капка пропуштено и сите денови носев секојдневна влошка. Прочитав некои од вас ја крателе рачката, кај мене можеби е обратен проблем - некако целосно рачката влегува внатре и за вадење морам првично со мускулите да ја потурнам за да можам убаво да ја фатам чашката на дното и да ја извадам. Голема предност е тоа што слободно може да се влегува со неа во вода, така што не мора да му ја мислам ако сакам да одам на базен/плажа и имам добиено Се надевам за неколку месеци ептен ке се навикнам и испраксирам за ставање/вадење
Откако минатиот пат се пожалив, останатите денови од тој циклус и целиот следен немав никаков проблем со местење на чашкава, едноставно сменив положба на местење, ко што ме советуваа тука (не седната, јас така не услевам, одма ми излегува). Се имав фатено за таа една позиција на местење зашто претходно само така успевав и ја сметав за идеална, ама ете, може и промена да се случи. За мене е најдобар избор, мразам улошки, бришење крв...
Има сега понуда 1плати една гратис со код freewipes. Кога ја отвораш официјалната страна најгоре има банер.