Сеуште не сум нарачала. Фала за известувањето! Ќе направам нарачка сега, па ќе пишам искуство понатаму.
После колку време успешно ја ставате чашката? Трет циклус ми е и не успевам Изгледав куп видеа, милион пати пробав и неќе
јас веќе неколку месеци ја користам, не знам точно колку, треба да се навратам на мислењата, и се уште не ја користам само неа. Првите денови и последни од циклусот ја користам, кога имам пообилно тогаш не ми е доволна и не ми е ни сигурна. Како и да ја ставам протекува, ми се чини како да, поради обилноста, не може да создаде вакуум. Исто мислам дека тој период многу ми се спушта цервиксот надолу, и се од една страна протекува. Тоа го приметив и по тампоните, една страна од тампонот ми е сува некогаш. Тоа никогаш порано не ми се случувало, сега и со тампоните имам мака. Инаку да кажам само чашката ја користам - не, до таму уште не стигнав и не сум сигурна дека некогаш ќе достигнам тоа. Ќе комбинирам овака, ваљда додека не ми здосади. Сепак намалив со влошките доста, и со самото тоа помалку гадното чувство, помалку иритации. нека кажат и другите, сигурно има и поуспешните приказни
Денеска првпат ја наместив чашата. Веројатно не е добро наместена зашто имав една капка на гаќи сега. Ама приметив дека се поместила навнатре зашто едвај го фатив врвот да ја подизвадам. Колку длабоко треба да ја ставам и по колку време се вади? Има шанси да ми отиде внатре да направам беља?
Мислам дека нема шанси тоа да се случи. Јас кога ја местам врвот ми е 1/3 внатре, 2/3 надвор од прилика. Треба да ја вметнеш така што ќе стои на отворот на вагината,целосно внатре освен врвот. Со време ќе се научиш како да ја вакумираш и да ја местиш добро за да не протече. Вежбај си се дома, јас од тука се научив од искуства на феминки како ја местат, врати се неколку страници наназад, прочитај и пробувај. Ќе си го најдеш вистинскиот начин, само трпение треба.
Внатре треба да е и рачката, што подлабоко целата чашка. Јас рачката ја исеков скоро цела зашто ми пречеше, имам пократок цервикс и рачката беше постојано надвор и ми создаваше ужасно чувство, постојано ми се одеше во тоалет. И на самото упатство е наведено дека рачката може да се скрати ако имате краток цервикс, а и дека не треба да излегува. Сепак, ако ти е удобно и не ти протекува...
Ај да пишам после прво користење. Се навикнав брзо Значи кој го смислил ова браво. Толку ми беше лесно, чисто, прва менструација во животот да не ја осетам, да не се осеќам како гнаса 2 саати после туширање. Трчав по малиот, си работев по дома без проблем, за разлика од претходно кога првите 2-3 дена лежев како болна. Е сега, дека јас имам обилни менструациии, морав да ја мијам на 3 саати затоа што на четвртиот веќе ми протекуваше по некоја капка ама сума сумарум, презадоволна! Препорачувам.
Која ја имаш? Давај жити се tips како ја намести? Јас веќе 5 или 6 циклуси се обидувам и никако не можам да ја наместам. Секако имам пробано, сите форми, сите пози за ставање, сѐ. И таман ќе помислам готово, супер ја наместив, потоп се правам
Organicup ја имам, ја местам како C fold. По ова видео некако се научив. Најмногу ми одговара малку наведната, ја ставам пред да се туширам. Кога ќе ја ставиш сврти ја малку лево десно за да се отвори, нежно помини со прстот околу неа да бидеш сигурна дека е отворена или повлечи ја малку надоле. Или ќе слушнеш звук на отварање или ќе осетиш напор да се извади, значи направила вакум и тешко се вади.
Како и кога ја чистете чашката, пред и после менструалните денови и кога треба да се испразне во текот на деновите?
На секое менување-празнење ја мијам со топла вода, порано на секое со сапун ја миев, сега само понекогаш. Би требало по завршување на циклусот да се изврие, ама јас не секогаш ја вријам.
Со вода ја мијам на секое празнење. На утро ја ставам пред работа после ја празнам дома, па до сабајле терам. Ќе си видиш сама како и кога треба да ја испразниш.
Јас сум склона кон инфекции баш кога имам добиено, првите дена имам многу крв (тие најголемите влошки само ми се чаре и тие пак се потопени) и иако се мијам пак ми е многу гадно кога седам на столица и чувствувам како доаѓа крвта. Дали е ова стварно по хигиенски? И дали нема шанси нешто да се истури?
Ако го мразиш тоа чувство на седење водена, тогаш да, може да се каже дека е похигиенски. Ризик за истурање нема, евентуално само кога ја вадиш чашката да не ја истуриш на плочки . Може да се случи ако не ти е добро наместена чашката да ти протекува, но тоа се вежба со пракса и со пробување. Јас лично не ја местам секогаш најдобро и затоа ја комбинирам со менструални гаќи (што впиваат крв), за секој случај. Ама кога ти е добро наместена, нема таков проблем. Инаку, кога ќе преминеш со користење на чашката најдобро ќе видиш дали ти е навистина толку обемна менструацијата или не. Честопати така ни се чини затоа што кога носиш влошка постојано чувствуваш како тече (иако можеби е мал „млаз"), а плус крвта се разлева низ влошката, не се концентрира на едно место, па изгледа како којзнае колку да крвариш, кога во суштина изгледа пообилно отколку што навистина е. Се разбира, некои жени и навистина имаат пообилни менструации, само ете; пример, јас исто мислев преобилно ми е првиот ден, кога испадна дека 8 часа ми требаат да ја наполнам чашката, а ми се чинеше за 2 ќе е полна .
Која чашка од ДМ би ја препорачале или некое друго место? Користам една ама не е од тука купена па сакам уште една да набавам.