Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструална чашка

Дискусија во 'Тело' започната од Mrs.Brain, 17 јуни 2017.

  1. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Скролни наназад, мислам имаат пишано за чашки од dm. Мојата прва чашка беше порачана онлајн, од OrganiCup. Ја има и во Македонија, меѓутоа мислам дека повеќе се исплаќа да ја порачаш од официјалната страна, затоа што често имаат понуди 2 за 1, па цената ќе можеш да ја поделиш со некој, односно ќе платиш колку за пола чашка.
     
    На Caramell му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.941
    Допаѓања:
    4.827
    Пол:
    Женски
    Ве читам и се заинтересирав , која е подобра сега од дм или органикуп? Моментално не видов акција на официјалната веб страна, за колку време пристигнува? Во мк видов дека ја има исто некоја аптека во битола. Незнам неможам да се одлучам? И како да знам нидко или високо грло?
     
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Искрено, не знам дали баш можеш да згрешиш со чашка, евентуално во должина, макар што би требало и со скратување на рачката да ти ја бери... Јас така првата од OrganiCup кога ја зедов, ми пречеше рачката, па не само што не ја потскратив малку, може и така да ми беше океј, туку цела скроз ја исеков (и пак може да се користи така) :D. Исто така, имајќи предвид дека чашката ја купуваш за да ти трае 10-тина година, не знам дали некој би можел да ти направи споредба тука. Јас имам втора, само затоа што си ја заборавив чашката кога бев во странство и си купив оттаму од маркет некој австриски бренд Selena.

    Така што, не би знаела да ти кажам за колку време стигнува, одамна беше кога порачував, ама може да пишува поназад на претходните страни. Инаку да, OrganiCup ја има во Хигија во Битола. Јас би ти рекла земи ја таа што најмногу ти фаќа око или што ти е најевтина :D. Мислам дека од Intimina во dm има розева чашка што скроз се собира, за лесен пренос и складирање, може тоа ќе ти значи :D.

    Што се однесува до низок/висок цервикс, еве на Гугл што најдов.
     
    На Snowflake92 и Aztec им се допаѓа ова.
  4. Snowflake92

    Snowflake92 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.941
    Допаѓања:
    4.827
    Пол:
    Женски
    Ти благодарам за убавиот одговор. :hug:

    @pdb123 извини пак тебе те тагирам ама ми изгледаш дека се разбираш во ова. Колку што рабрав тој модел од лили кап што се собира е за ниско поставен цервикс, јас проверував и како што и мислев ми е високо поставен знам дека во текот на циклусот варира висината ама колку и да се спушти далеку е од ниско поставено. Дали тоа значи дека е најдобро од таа другата или сепак органик кап да земам гледам таму нема врска поставеноста на грлото?
     
    Последна измена од модератор: 19 мај 2022
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Ако ти е ниско поставен цервиксот, мислам тогаш е попроблематично затоа што може да ја чувствуваш рачката на чашката или самата чашка при седење, а не треба да чувствуваш ништо, исто како да носиш тампон. Ако ти е висок цервиксот, мислам нема проблем, евентуално да ти треба подлабоко да брцаш со прстите за да ја фатиш чашката, ама не е како да ќе се изгуби или да нема да можеш да ја извадиш. Така што, можеш било која да ја земеш.
     
    На Snowflake92 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Caramell

    Caramell Активен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2021
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    378
    Дали знаете кога отприлика имаат понуди? Гледам сега нема..или најдобро редовно да следам на страната :)
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    5.894
    Не знам, најдобро е да следиш :).
     
    На Caramell му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Серотин

    Серотин Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2022
    Пораки:
    987
    Допаѓања:
    2.392
    Пол:
    Женски
    Од дамна сакам да си земам оваква чашка. Погодна ли е за обилна менструација?
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Elenpelen

    Elenpelen Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    399
    Допаѓања:
    938
    Пол:
    Женски
    Погодна е, одлична е!
     
    На Серотин му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Последниве 2 месеци т.е. циклуси размислувам дали чашка или тампони. Од циклусни влошки ми се напрај алергија....Користам Everyday, Libresse, Always, од сите имам црвенило. „се плашам“ од чашкава ....:sweat: :|
     
  11. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Зошто се плашиш од чашката? Ако веќе си решена или тампони или чашка, дефинитивно второто.
    И мене не ми беше скроз сеедно, разбирам зошто има отпор. :D Ама навистина не е ништо страшно.
     
    На Ygritte му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Ygritte

    Ygritte Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 април 2015
    Пораки:
    2.182
    Допаѓања:
    26.448
    Пол:
    Женски
    Не знам, мислам дека ќе ми истече, некако не сум сигурна дека ќе успеам. А и башка ми е страв дека се лепи на цервиксот, да не го иритирам, па да направам 100 глупости...како ЦИН или некоја бактериска инфекција :/

    едит: сега се загледав некои видеа за инсталирање на чашкава :) хахахаха
     
    На Bezimenka90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.813
    Допаѓања:
    17.597
    Пол:
    Женски
    Реално, може да протече ако не е наместена добро. Јас сепак ставам влошка за секој случај. Уште подобро да набавиш менструални гаќи, па така ќе ти дојде економично и ќе немаш гајле од протекување.
    Ко ќе се навикнеш да ја местиш добро, не протекува.

    А за другото сметам дека исто нема потреба од страв. Се додека ти се чисти рацете, чашката ја вадиш како што треба, без влечење на сила и ја извриваш пред употреба 5 минути, не би требало да има проблем.

    И како што пиша во едитот, има доста видеа на youtube што објаснуваат се за чашкава, па ете тие се за екстра мотивација. :D
     
    На Snowflake92 и Ygritte им се допаѓа ова.
  14. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Некаде прочитав дека може и девици да ги користат, некаде не се препорачува. Дали има некој такво искуство? Сакам за ќерката да земам, има 16 години. Исто сакам да прашам за менструални гаќи, на форумов не успеав да најдам посебна тема. Дали користите, какви користите?
     
  15. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    10.672
    Пол:
    Женски
    Ќерка ти ќе остане девица, но хименот сигурно ќе се скине.
     
    На Munchmallow20 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    20.991
    Зошто не се препорачува за девици?
     
  17. tace73

    tace73 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 септември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    1.396
    Пол:
    Женски
    Не знам, немаше објаснување. Веројатно да не се скине хименот. Иако една другарка, кога бевме деца и се скина при возење точак, од силен удар во седиштето :). Инаку читав, сега прават мини големина, пишува дека е за тинејџери, ама си реков да прашам и овде, ако некоја тинејџерка има искуство:

    Available in 3 sizes:

    Size A: For Light/Medium flow and/or if you haven’t given birth

    Size B: For Medium/Heavy flow and/or if you have given birth vaginally

    Mini Cup for teenagers
     
  18. cooll

    cooll Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2010
    Пораки:
    3.051
    Допаѓања:
    10.672
    Пол:
    Женски
    Тоа подразбира за сексуално активни тинејџерки. Е сега океј ако сакаш свесно да си го скине хименот.
     
  19. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.464
    Допаѓања:
    20.991
    И што ако се скине? Големо чудо.
    Чашките се разликуваат по дијаметар да ама тоа кај различни жени природно си постојат тие разлики во широчината или пак дали родиле природно или не.
    Кај тинејџери што прошле пубертет не прави некоја посебна разлика од еве возрасна жена што не родила природно.
    Тие што родиле природно може да имаат послаби карлични мускули и затоа пошироки се препорачуваат за нив. Ама за другите мање битно дали се невини или имале односи или возраста.
     
  20. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.123
    Допаѓања:
    40.335
    Да беше така ко што викаш ти во големина А ќе ги пишуваше и тинејџерките ;)