Јас почнав да користам тампони на 16 години исто не бев сексуално активна, да немаш гајле. Тампонот нема врска со невиност. Не можеш баш да препознаеш хименот кога се кине или пак не кај сите. Тоа се митови. Јас почнав со тампони со апликатори затоа што страв ми беше сама да си пикам, ама сега повеќе препорачувам без апликатор. Прво почнав со нормална величина на тампони, ама таа величина за мое крварење беше премала и во рок од 1 саат мене ми течеше како да немам тампон. Затоа зедов Супер тампони уште на почеток. Ова споделувам за да знаеш дека постои шанса тие "тинејџерски" тампони да се премали и да не се плашиш или она да не се плаши од поголеми. Секако започнете со Нормал величина па видете понатака.
@Annath која големина ја зеде ти? Јас сум со два царски, па се мислам дали големина А да земам од Organicup.
Ок ми е, ми беше тешко да се навикнам, ставањето особено, ама со тек на време се стекнува рутина. Мене ми е тоа што не ми е баш обилна менструацијата, па само еден ден ја носам, другите денови сум со влошки од најмалите. Не можам да ја носам кога не крварам многу.
Јас си ја носам од почеток до крај, ама таа од ДМ. Како да немам добиено. Нема поента да купиш а да носиш понекогаш
Има ли на форумот барем една личност што ќе знае да ми објасни како се користи менструална чашка ? Стварно не ми е јасно, си порачав големина С , имаше и М и Л, ама викам да почнам од најмалото. Стаса пакетот, ја стелиризирав и никако не ми е јасно сега како да ја набутам ко чашата ми изгледа бааги голема. Ако и на форумот не најдам од некој совет, тогаш останува да ја користам чашата како инка оти поима немам како треба да се набута толкава чаша таму доле. Нема смила, нова чаша да ја фрлам а ич не користена, барем да ми се најде за у кујна.
Ја виткаш и потоа се отвора сама внатре, не ја внесуваш така како што е . Кога ќе е внатре, можеш да ја потсвртиш, за да си сигурна дека целосно се отворила. Може ќе ти помогне видеово: Спојлер За големини е дискутабилно, ама обично кажуваат од самиот произведувач која големина е за кого. Обично најголемата е за жени што родиле, а во последно мислам прават и најмали за тинејџерки, ама тоа најубаво да прочиташ во упатството и/или нивната веб страна.
Користи ли некој диск? Имам чашка,сакам да пробам диск мислам повеќе би ми одговарал но незнам од која некој да ги препорача ако има
Дали ја имате чашкава користено на одмор? Дали може за во вода да се бања со неа? Се мислам да ја земам за да не носам тампони на плажа
Женски, знам дека многу имате пишувано за чашките поназад, оваа добра ли е ? Планирам B верзијата да ја земам , зошто имам 2 пати родено и имам обилна менструација особено првите 3 дена. Е сега некако ми е страв, (прашањево е смешно ) кога е внатре нормално одите по голема/мала нужда? Знам дека едното со др нема врска , ама викам да прашам. Друго, ајде лесно ќе влезе а како ја вадите чашката? И најважното , страв ми е ако седи повеќе часови да не се добијат инфекции, недај Боже сепса и сл Овие работи ме мачат , па се двоумам дали да ја земам.
Јас ја имам само А величина. Најнормално функционираш за одење во вц, не ја ни сеќаваш. Не ми се случило да испадне до сега и јас бев Миле Паника првиот пат За вадење за врвот тргаш и нема неред наоколу, полесно ќе ти биде да ја извадиш отколку на почеток да се навикнеш да ја ставиш. Ја ставам наутро и тек кога идам дома 9-10h ја вадам/турам и пак ставам. Во Короната кога бев болна, најпаметна инвестиција ми беше. 1+1 земав од тогаш уште еднаш нарачав пак таква акција начекав.