Да споделам искуство со менструален диск, ако помогне на некој информација. Ја земав на Nixit, ја чекав можеби 3 недели или повеќе. Сега за сега сум задоволна, првично ја земав бидејки последнава година имам нешо проблем да ја наместам чашката, незнам зашто некако не иде ко порано. Пребарував и си заклучив дека според мојата анатомија, повеќе би ми одговарало диск. Начинот на ставање за мене е многу полесен и побрз. Со чашката мн ретко кога од прва ќе ја погодев да се отвори и да се направи вакумот. Со ова само ја ставаш позади коската и толку е. Единствено што не ми се свиѓа е дека дискот е со "double rim" нз како да го кажам на мк, и знае да остане крв и првично пред да ја нарачам знаев дека ке е проблем ама па ја земав зашо немав доволно опции. Не дека е мн нешо проблем само што ке треба подолго да ја држам под силен млаз вода. Инаку не ја осеќам исто како со чашката, и незнам како би била со вежбање, не се осмелувам да пробам ни со чашка ни со диск, ако пробам ке споделам. Исто така има како фраза " auto dumping" тоа се случува кога искача малку дискот од позади коската и ти се истура мал дел од крвта. Според тоа што прочитав тоа се случува ако дискот ти е или малку помал или малку поголем и на некој жени им се свиѓа таа "функција", мене не ми се случило мислам дека ми е таман. Исто и за тоа колку држи, неможам да кажам, бидејки мене премалку ми тече, никогаш неми била полна чашката а ни дискот, но викаат дека дискот повеќе држи во споредба ама незнам да кажам. Сеа за сеа тоа имам да споделам, ако нешто дополнително го интересира некој може да ме прашате.
Јас пак да пишам за менструалната чашка. Баш добив средата кога и ми беше прв ден на одмор. Значи земајте не се мислете. Баталете и влошки и тампони. Ова е чиста работа. Пливав, шетав , на 5 саата првиот ден ја празнев зошто ми беше страв да не се преполни ама ни до пола не беше наполнета. Потоа вториот ден на 8-9 саати ја вадев , некогаш оддеднаш ќе ја ставев од прва, некогаш 3-4 пати вади ставај. Со дневна влошка функционирав секако при бањање ја вадев и си пливав со чашката. Никакви проблеми немав ете денес 5ти ден цел одмор со неа го истерав. И плус имам чувство дека стомакот не ме боли кога ја носам (обично ме боли првите 2 дена кога ќе добијам. ) @wannaBeMomma таа на Intimina дали е многу мека? На Organic cup ја имам и баш е тврда вака убаво се отвара, ме интересира ти таа што ја користиш каква е
Надвор по тоалетите како се снаоѓате? Мене прв пат се случи да ми се преполни чашата , да претече. Ама дека прв ден плус на граница се изначекав денес и до вц 6 часа не успеав да отидам. И немав како да ја измијам па со влажни марамици ја избришав убаво и пак ја ставив и сега се надевам дека ништо нема да ми се случи ги избришав рацете со влажни, ама ипак..
Менструалната чашка на Интимина јас ја заборавив скроз ја фрлив во канта. Не можев никако да ја ставам, нели се собира и при ставање се ми се собираше од страна Organic cup ја користам секако, а од минатиот месец почнав да ја користам на Me luna некој германски бренд еве оваа е црна е Има од неа classic, soft, sport која што е доста тврда, јас ја избрав класик не е ни мека ни мн тврда нешто средно и одлична е презадоволна сум. Мојата е големина L има S, M, L, XL Последно ги виткам чашките во C fold и немам проблем веќе со ставање. Имам зелено светло и од гинекологот, кога бев на преглед го прашав за чашките какво мислење има, ми вика ако си ја најдеш твојата големина и форма терај , одлични се.
Јас веќе пола година ја користам на intimina цикламата, мислам беше Б, втор ден ми се полни на 2часа и ми е напорно малку ставањето. Таман ќе ја позиционирам и ми се отвара во ставање, па морам од почеток. Од друга страна е многу поуредно со неа, чисто и без мирис. Супер е, но не сум се наканила да ја носам на работа се плашам дека нема да се снајдам во тоалет или ќе тргне наопачки нешто