Една моја другарка ја користи и многу била задоволна, уште лани ми кажуваше и рече била многу по практична од влошките и од тампоните. Јас немам пробано а и незнам дали би пробала, ако е толку практична зошто да не.
Ми звучат доста примамливо и сигурна сум дека еден ден ќе ги користам. Кога не знам. Ама не знам дали се погоди за мене. Ми трај минимално денови 3-4, првиот одам на секој час влошка да сменам цела полна, вториот ден исто, можеби нијанса помалку, а последните денови ептен, ептен малку. Овие првите два дена не знам како би се снаоѓала со неа, бар дур се навикнам за дезинфекција, апликација, вадење за во јавен тоалет, но скоро сигурна сум дека некогаш ќе користам, можеби не наскоро, ама во некое време во иднина веројатно.
Не доволно чисти, е такви. Не секаде во сите вециња има сапун на располагање. Еве пример на долг пат ако си, не е многу практично. Ако имаш обилен циклус ќе влезеш макар да се провериш, а сигурно нема да ти иде сеедно да ја измиеш таму ако нема хигиена.
Веќе некое време размислувам да ја порачам чашката. Досега повеќето од коментарите кои ги имам слушнато за неа се позитивни, и оние кои ја користеле се задоволни. Ми се допаѓа идејата што нема да треба повеќе да купувам тампони, исто како и што чашката бидејќи е направена од силикон не е поистоветувана со токсичен шок синдром, што не е случај кај тампоните. Читам овде повеќето се за НЕ, и изненадена сум. Исто прочитав дека не била практична при патување или пак ако си била надвор,а требало да ја испразниш. Прво ако веќе патувате некаде на подолга релација и сметате дека нема да имате услови за чашката, тогаш тој ден користејте тампон или влошка, duh. Малку очигледно! Исто убаво е кажано дека чашката може да се носи до 12 часа, па ако излегувате некаде испразнете и наместете ја од дома, па нема да мора да се занимавате со неа по јавни тоалети. Точно дека чашката не е за секого, ама мислам дека за повеќето жени би било практично решение за повеќето од деновите.
А бееее уште чаша луѓево не ставиле таму долу па ете сега и тоа. Следно што е ? Не знам, чудно ми звучи... Чаша бе хаха
Одамна имам слушнато за чашкава, не знам зошто порано не се дискутирало за неа. Не е нешто ново, а кај нас на пазарот дури сега излегува. Јас би сакала да пробам. Иако имам обилни крварења и долг циклус. Одржувањето хигиена и дизинфекцијата не би ми претставуале проблем. Миење раце има и кога се става тампон. Не знам колку би било изводливо тоа надвор и ограничувањето со временските рамки, ама зошто да не. За ова размислував лани кога одев на пливање поради повредата и секој ден ми беше важен. Па тампоните не ми беа од голема корист, вршеа работа, ништо повеќе. Чашката би била вистинското решение.
Аманте бе девојки со коментариве, разбирам да имате одбивност спрема непто ново ама да речете дека е нехигиенски и непрактично без да пробате, стварно ми нема смисла.
За чашкава се дискутираше на една фб група. И една членка вика треба да се врие на секое ставање зошто само така би се одржала хигиена на соодветно ниво. И една друга и вика: а маж ти секој пат го врие кога ти го става ? Јас би пробала, што знам, имам нормален циклус и мислам би ми бркала работа, посебно за вежбање. Се разбира со соодветна хигиена. Мислам измиени раце и попарена чашка со жешка вода е ок. Па и онака миеш раце пред менување тампон.
Нема шанси јас ова да го користам. При самата помисла да си ставам нешто меѓу нозе, неубаво чувство ми доаѓа. Само влошка доаѓа во предвид!
Ѕверка си.... литар крви, литар вина ќе биде работава Што се чудите што велиме зошто е непрактично, ако кога имам се грижам дали влошката ми се познава, се чудам чашкава како ќе изгледа кога ќе бидам во тесна панталона. Една капка и чашката ќе се прелие, што правиме после.
Можеби е згодна и фино си ја врши намената, немам пробано. Само не ми е практична за употреба надвор од дома, по јавни тоалети, на работа... Ако се јави потреба од празнење на пример, треба да се мие а обично чешмите и кабините се одделни и кај нив секој има пристап така да не би ми било пријатно такво нешто. А соодветно е да се измие и со топла вода која секаде ја нема на располагање.
Во земја каде што половина и повеќе излегуваат од тоалет без да измијат раце, чашкава дефинитивно нема да добие многу на популарност. Напанак што тоалетите ни се благо ужасни, да ти е страв гол дел од нога да ти пипне плочка, а не дај Боже па нешто друго. Да не давам идеи ама сигурна сум дека има таленти што ќе најдат и некој чуден начин да ја користат чашкава... ќе пикаат нешто друго наместо оригиналната чашка, ќе експериментираат при секс, сврши, надвор, внатре, во чашката... не знам. А прво да воведеме сексуално образование, да накачиме продажба на тампони па да дојдеме до чашкава, а? Јас би пробала чисто од љубопитство, да видам уатс ол д фас абаут.
"Чашата е преполна..." - песната... штотуку доби ново значење... Во врска со темата, не би користела, после се ќе ме асоцира на тоа... - "Една чаша вода ако може..." - па замислувам носат во таква чаша - "Ај влези на по една чашка..." - "Немој да ме смееш, ќе ја наполнам чашкава од смеење..." - "Испив само 3 чаши, ништо не ми е" - "Извинете, каде имате чашки да си купам? - Менструални или обични?" - "Десерт во чаша" - - "Доста е веќе, ова ја прели чашата -Трк во WC -не, не таа чаша" - "Печатење на чаша" Се зезам. Можеби и би ја пробала ако слушнам позитивни коментари од мнооогу жени.
Ме изнасмеавте со дел од коментарите, јас не би можела да користам нешто вакво. Ама си замислувам како романтично ќе биде мм ми вари кафе од сабајле и јас му викам- ај извриј ми ја чашкава додека го чекаш кафето
Какви не размислувања ќе видиш. Ау. Иначе ја побарав темава оти си порачав OrganiCup и одвај чекам да ми стигни да ја испробам! Конкретно најмногу ме привлеква идејата дека можиш да ја носиш до 12 сати и уште поќе ми се бендисва фактот дека можам слободно да си одам на пливање со неа! Ако е правилно поставена прави вакум и не можи да истечи надвор. Крвта не доаѓа во контакт со воздухот и не оксидира па затоа и нема мирис како со влошки/тампони. Истотака ги собира и парчињата шо паѓаат за разлика од тампоните шо само крвта ја упиваат. Теоретски, многу похигиенски и поздраво е. Да не спомнувам и еко френдли, и економично. Ама дека не е за секој, не е. Мене воопшто не ми е гнас од сопственото тело, и нема да имам никаков проблем да си ја пикам/вадам чашката. На крај краева не мора да се носи баш при долги патувања кога знаеш дека можеби нема да имаш пристап до сапун/вода. За низ град, на факултет, на работа супееееер ми изгледа. Како и да е, уште ја немам испробано така да ќе искоментирам чим ја испробам!
Јас сакам да си земам некогаш, само не знам кога. Од што имам читано OrganiCup не било нешто многу добра, на некои им паѓало (дали погрешно ја атавиле и не направило вакум не знам) Ама сите ептен ја фалат Lena. Кога ќе се одлучам да си земам најверојатно од Lena ќе биде