1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструална чашка

Дискусија во 'Тело' започната од Mrs.Brain, 17 јуни 2017.

  1. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Ми стигна пред една недела ама ја немам уште пробано. Чекам да ми дојди па да видиме како ќе оди. Ќе пишам чим пробам дефинитивно! Има супер упатства на неа, уредно е спакована во посебна платнена торбичка, и на страната на OrganiCup има едукативно видео со сите чекори потребни за да ја користиш.
     
    На Nigredo Odor, renata77 и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  2. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    Ајде да пишам за прво искуство.
    Денес прв пат ја употребив, пред првата употреба треба да се зоврие во вода за дезинфекција.
    Ја сварив, ја ставив на прво без никаков проблем. Буквално само малце ја поттурнав и си влезе самата. Ставив секојдневна влошка за секој случај оти прва употреба е.
    Апсолутно воопшто не се осеќа дека е внатре! Ич! Дури сум зачудена.... Мислам очекував барем малце да ја чувствувам ама ништо! Како да немам менструација.
    Бев излезена и ко се вратив видов дека има неколку капки на влошката, веројатно ми се има подизместено и одново ја наместив. Најкомплициран дел би рекла дека е вадењето иако не беше ништо страшно, има мала дршка за која шо се трга и одма излезе без никаков проблем и без никаков неред нигде.
    Се мие со топла вода и одново се става. Вториот пат беше каде каде полесно. И сега ќе видиме како ќе се одвива.
    За прво искуство одлично беше. Презадоволна сум и сигурна сум дека постојано ќе ја користам оти е прехигиенски нема никаков мирис крвта бидејќи не доаѓа во контакт со воздухот, можам да си носам било каква облека без да се секирам за влошки, и истотака имам јас многу голем проблем со иритација на кожата од влошки до тој степен шо некогаш и кожата ми се лупи... Вака е прекрасно! Топла препорака од мене, уредно, чисто, хигиенски, 1 минута е потребна за клавање/вадење и чим се осеќам доволно извежбано во користењето ја носам чашката на базен да попливаме :D:rofl:
     
    На simonagj, Alisa22, Brinetka и 8 други им се допаѓа ова.
  3. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.331
    Кој е производител ?
    Колку пари е?
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  4. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.358
    Пол:
    Женски
    OrganiCup, ние со цимерката ја зедовме за роденденот нивни даваја две чашки по цена на една. Беше 30тина евра со се shipping. Ама одбравме ние брз shipping малце поќе шо се плаќа.
    Иначе често имат попусти следи ги и можиш да ја земиш со 20-30% попуст.
     
    На Elen4e_sonce и referentka им се допаѓа ова.
  5. vetre

    vetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2013
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Женски
    Ај јас вака мое искуство. Земав и јас чашка со надеж и желба да ја пробам, да бидам по еко френдли за околината и сето тоа.
    Ама пустата јас никако не испевам да ја ставам убаво у смисол само пола од чашката влегува и после се отвара, не можам да ја додржам формата за да ја вметнам убаво.
    Страв ли е, трема ли е, неискуство ли е не знам ама ужасно ме фрустрира. Инаку имам дива кап
     
  6. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.289
    Пол:
    Женски
    Не ми делува дека би можела ова да го користам. Зошто да комплицирам кога може поедноставно со улошки. И вака се имам навикнато, не ми пречат воопшто улошките, ова веројатно би ми било незгодно и цело време би проверувала да не протекло и самата помисла ќе ми праи незгоден филинг.
     
    На Traveler91 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.459
    Каква курата среќа имам, чашава ќе ми влезе длабоко до утроба, па на клиника ќе треба да ми ја вадат како заглавена бабрика после мастурбација. Не се вакви новитети за сељанки ко мене. Simple as that.
     
    На Annora, lunicka, Traveler91 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.795
    Здраво на сите :)
    Јас веќе 2 години користам менструална чашка, исто од Organicup (данска компанија) како @s1a1n1d1r1a1 ;). Имам 23 години, што значи започнав да ја користам на 21 година. Како што веќе кажа и таа, кога ќе ја ставиш внатре, воопшто не се ни чувствува, исто како што и тампон не би се чувствувал. Знам дека големината на чашката ги плаши многу, но кога ќе размислите подобро, и тампонот не е иста големина кога ќе го извадите како кога го ставате, а сепак не чувствувате ништо ;).
    Што се однесува за инфекции и слично, чашката е направена од медицински силикон, кој, како што прочитав, не дозволува размножување на бактерии. Затоа и во упатството што го добивате со чашката ви вели пред првата употреба доволно е само да ја ставите во зовриена вода 5 минути. Јас, бидејќи сум по потекло од друг град, никогаш не се навикнав на скопската вода и посекако купувам вода, па ја користам таа вода за вриење, така што ако се грижите околу тоа, можете да користите едно обично мало шише вода. Искрено, сум пробала да ја вријам и во обичната скопска вода, меѓутоа почнаа да се јавуваат како бели остатоци во водата и се загрижив дека чашката почнала да се топи :worried:. Меѓутоа, по малку истражување на интернет дознав дека тоа најверојатно се случува поради тврда вода, каква што е и тука во Скопје. Со купечка вода никогаш не ми се случило тоа, па затоа и го практикувам тоа.
    Исто така, од поглед на инфекции, јас сум даааааааааааааааааааааааааааалеку од кадарна да кажувам што е правилно или не, но мое мислење е дека инфекциите можат да настанат и при користење на влошки, бидејќи иако крвта не е технички во нас, сепак на влошката може да се развијат бактерии, а ние цело време имаме контакт со неа. Така што, не знам, мислам дека телото ги толерира тие работи, бидејќи тие и така се задржуваат некако време во нас, како патуваат од ѕидот на матката до отворот на вагината. Еве јас ја користам 2 години, што е повеќе од доволен период за да се истестира тоа, па не сум имала никаков проблем :shake:.
    Што се однесува до Organicup, последно кога ја посетив нивната страница забележав дека е доста поразвиена од пред 2 години и ако се сеќавам добро, сега продаваат и хигиенски марамчиња и средство за чистење на чашката, така што еве ви решение и за тие што се повеќе germaphobes :*. Инаку, покрај ова, Organicup доста информираат за самата чашка, како и нејзината употреба, преку видеа на facebook. Редовно имаат попусти на facebook како што споменаа погоре од 20-30% или 2 чашки за 1 цена, што е прилично економично, а и ќе мотивирате некој да почне да користи чашка :inlove:. Исто, има и 2 големини А и B - за тие што родиле деца и за некои како мене што уште не дошле до тоа :angel:.
    Ова им е официјалната страна на facebook, каде што и ги даваат нивните промоции: https://www.facebook.com/OrganiCup/, а ова е нивната web-страна: https://www.organicup.com/. Инаку, има и посебна група, каде што жени од целиот свет си споделуваат искуства и бараат помош доколку им се случило протекување: https://www.facebook.com/groups/282160422328379/.
    Пред неколку месеци наидов и на македонска група, мислам дека всушност е отворен штанд тука во Скопје, само не се сеќавам дали беше ТЦ Бисер или некое друго место: https://www.facebook.com/organicup.mk/.
    Исто така, важно да се знае е дека со текот на времето чашката потемнува и тоа е сосема во ред.
    Што се однесува до ставањето, има еден куп видеа и од Organicup и едноставно можете да најдете на Youtube, каде што се преставени неколку начини на ставање на чашката. Јас лично го користам C-начинот, бидејќи кога ја купив чашката такво беше упатството и некако тоа остана со мене :D.
    За вадење, не се грижете дека ќе се заглави или дека ќе замине „некаде горе и подлабоку“ бидејќи реално и не може - видете дел од видеата каде всушност влегува чашката и до каде оди :D. Ако и покрај тоа не сте сигурни, ќе ви кажам еден можеби утешителен факт: кога ја ставив првиот пат чашката, забележав дека кога седнувам можам да ја чувствувам, односно ја чувствувам рачката. Ова зависи од личност до личност, меѓутоа според тоа што прочитав, ја чувствуваат тие што имаат понизок cervix, односно грло на матка, до каде што и максимум можете да ја турнете чашката. Во упатството што ми стигна со чашката пишуваше дека таа може да се скрати доколку е потребно. И јас, ни 5 ни 6, ја секов цела рачка, без воопшто да размислам дека можеби не мораше цела да ја сечам, туку само дел од неа :rofl:. А сепак, еве 2 години успешно ја вадам без никаков проблем :P. Така што, не се грижете за тоа, ќе можете да ја извадите! :whew:
    Инаку, да ви кажам, кога ја купив, немав ни некое големо искуство со тампони, имав искористено можеби 5-6 тампони претходно и искрено и мене ме плашеше идејата од тоа да ставам нешто „таму долу“, бидејќи ништо не можам да видам и имам ирационален страв како којзнае што да ќе направам :headbang:. Меѓутоа, се охрабрив, мечка страв - мене не страв, а и не е како јас да сум првата или последната што ќе ја користи - има многу жени низ светот што користат менструална чашка. Кај нас малку имаме таков менталитет да се плашиме од ново и модерно и да се задржуваме до традиционалните пристапи, но навистина нема потреба од тоа. Всушност, мислам дека менструалните чашки се дури и побезбедни од тампоните, бидејќи кај тампоните се јавува toxic shock syndrome.
    Како и да е, знам дека звучи многу, многу грозно, но ве уверувам, не е нешто ненадминливо, се е до тоа да го скршите мразот, потоа нема да ви смета. А и јас сум „грозлива“ за такви работи. Верувајте, тоа „брцкање внатре кога има крв“ е според мене премала цена во однос на останатите предности. Од нив, за мене најмногу значи тоа што не се чувствувам како да „пливам“ долу и цело време да се чувствувам влажно. Од оваа перспектива, не можам ниту да замислам како дотогаш и сум издржала така, бидејќи сега постојано сум чиста долу. Дури и кога ќе настане протекување, тоа е толку малку што едвај се чувствува.
    Што се однесува до тоа за менување во јавно WC (на училиште, работа итн), јас никогаш не сум го направила тоа, не знам некако не се осмелувам, иако вака некако би се одвивал процесот: ја вадиш чашката, ја истураш во WC-школката , ја бришиш чашката со тоалет и ја ставаш повторно, па прва прилика ја вадиш и ја миеш. Меѓутоа, можеби и ова е причината зошто Organicup почна да произведува марамчиња и средство за чистење, за вакви прилики, така што еве и за ова има решение :).
    Моето решение вклучува да ставам некоја помала влошка првите 2 дена, кога имам најобилна менструација, што знам дека е против целиот концепт и идеја, меѓутоа тоа зависи и од тоа како сум ја наместила чашката - некои циклуси ја местам предобро, а некогаш пак не - не можам да сфатам зошто :rofl:. Најчесто доволна ми е секојдневна влошка - во најлош случај обична влошка со 3 капки. Имајте на ум дека тоа протекување не е коооооооооооооооооооооооооооооооооооојзнае колку, максимум што ми се случило е колку пример што имате менструација во 4ти-5ти ден, и тоа е преретко.
    Се на се, би ве охрабрила да испробате, да не се плашите, ако не од еколошки, тогаш од економски причини и од причини од аспект на удобност, хигиена, помало замарање за време на менструацијата итн. Не е ни срамота, ни ништо страшно, а и како што ви спомнав, за се има некакво решение :nod:. Како што гледате, од прва рака ви кажувам дека е do-able и на подолгорочен план :clap:.
    Поздравче и се надевам дека ќе ме израдувате и ќе се пофалите со вашите менструални чашки :*:l:.
     
    На tace73, 1209, tigerlady и 2 други им се допаѓа ова.
  9. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    @pdb123 Рецензија или реклама?! Се мислам дали постот ти е реклама или навистина си многу воодушевена од чашката?! Можно е да сум премногу скептична па затоа размислувам вака. Како и да е, фактот дека по секојa употреба би требало да ја празнам/мијам и вријам чашката ме згрозува. Некако таа слика ми изгледа премногу крваво за мој вкус. :tmi:
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  10. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.795
    @kolovoz Хахахах, не е реклама, не сум никако поврзана со никакви брендови, за било што, не само за чашка, не ни знам како се одвиваат тие работи... А не е ни како од анонимно пишување во некој форум би добила нешто...
    Причината зошто напишав толку долг коментар беше поради тоа што забележав недостиг на информации околу темата и мислев дека би било охрабрувачки за некого да добие информација од прва рака, бидејќи многу од девојките не знаат ни дека постои чашка, а остатокот не знаат како би функционирало тоа. Мислев дека опишувањето на моето искуство ќе биде некому од помош. :)
    А моето искуство е со Organicup; се разбира има и многу други далеку попознати брендови како Divacup, Lunacup итн, само што тие, колку што знам јас, се американски и ем би чинеле повеќе, ем и да чинат исто, би платиле повеќе за shipping, додека Organicup се европски и помалку чини shipping (мислам дека тогаш платив 3 евра, ама не сум сигурна), а и како што кажав имаат често попусти или понуди 2 за 1, што е поекономично. А, причината зошто знам дека имаат вакви понуди е бидејќи ја имам лајкнато нивната страна на фејсбук и ми излегуваат постови од нив... Ги споделив нивните страни за ако некој сака да се информира повеќе да не лута и да бара, бидејќи обично кога читам на форумот, во било која тема, кога некој фали нешто, секогаш некој бара линк или слично за да види подетално. Затоа директно пишав информација, ако на некого му изгледа привлечно, да знае каде и што да бара, тоа е се...
    Можеби и другите брендови нудат вакви понуди/попусти, или можеби нудат и подобро, не велам не, но јас не сум информирана за нив. А нема ни да знам подолго време, бидејќи не планирам во скоро да купам нова чашка, според Organicup можам да ја користам оваа 10 години. Единствено што знам е дека дали беа Divacup или Lunacup, не се сеќавам, една од нив вели секоја година да ја менуваш чашката, па сега ме бунат :drunk:. Дали поради поинаков материјал, или маркетиншки трик, не знам :yawn:. Во секој случај, не можам да кажам ништо добро или лошо за нив, бидејќи едноставно немам искуство со нив. Во секој случај, еден google search од стилот: best menstrual cups ќе ви даде еден куп резултати за било каков бренд на чашки.
    Не сфаќам како од цел реферат каде што детално го опишувам секое мое искуство со чашка, и позитивно и негативно, баш заклучокот е дека целта ми била да рекламирам... Јас претпоставувам дека се тоа што го напишав би можело да важи и за било кој бренд, само си реков ај да не генерализирам кога реално не знам за секој бренд.
    Како и да е, се извинувам ако некој го сфатил мојот коментар како реклама, ако навистина така го сфаќате, слободно игнорирајте.;(
     
    Последна измена: 23 февруари 2019
    На tace73, tigerlady, simonagj и 2 други им се допаѓа ова.
  11. simonagj

    simonagj Активен член

    Се зачлени на:
    25 март 2019
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    56
    Пол:
    Женски
    и мене одма ми текна на тоа дали жениве им ги вријат на мажите пред секс. умрев од смеење
     
  12. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Баш се помислив неодамна каква е кај нас перцепцијата за менструални чашки. Не знам ниту една другарка што користи и неколку пати кога имаме разговарано на сите им е одбивно, а баш и не ми е јасно зошто.

    Јас ја користам мојата речиси 3 години и искрено никогаш не би се вратила на влошки. Првично не бев сигурна дали е за мене, затоа што не сум фан на тампони, ужасно ми се непријатни. Меѓутоа за чашката имам само позитивно искуство. Посветено истражував пред да ја земам, и да, треба период на адаптација, поточно да научиш како правилно да ја ставиш. Но после два циклуса, тоа е тоа, си наоѓаш што ти прија тебе.

    Мене ми е апсолутно практична. За празнење, кога има мијалник во тоалетот ја мијам, ако нема како во некои јавни тоалети, ја поминувам со тоалет и наредна прилика ја измивам. Не сум имала никаков проблем од тој аспект. Мене циклусот ми е краток, околу 5 дена од кои првите три е поинтензивен. Тогаш менувам почесто, и искрено многу почесто со влошки ми се случило претекување отколку со чашката. Дополнително, имам чувство дека секретот генерално ми е порегулиран. Читав нешто дека парфемите кои се ставаат на влошките знаат да придонесат за нарушување на микрофлората на вагината и воедно поинтензивен секрет но бидејќи кај чашката нема нешто такво, јас имам впечаток дека прави различна.

    Главен поттик да ја земам мене ми беше отпадот од влошките, зашто од такт ме вади колку ресурси се трошат за тоа. Со чашката, секое празнење да не речам си правам tap on the shoulder зашто не придонесувам за ѓубре. Плус, иако имав идеја, практично колку пари се заштедуваат.

    Проста математика: чашка = околу 1200-1500 денари
    Влошки (месечно) = околу 200 денари (поише се фаќа ама ајде)

    За помалку од една година ти се враќа инвестицијата, плус да не зборам колку е практично од типот никој не треба да трча влошки да зима, имало/немало. И да, посебно за пливање/планинарење/физичка активност е премија.
    Знам дека е скептична и табу тема кај нас, како и со милион други работи, ама мое мислење е дека во случајот позитивните аспекти ги надминуваат негативните (од типот, гадно ми е. Има одредени девојки кој неможат од анатомски причини да ја користат, тоа е друга приказна). Ако му треба на некој помош, совет, охрабрување, тука сме, треба да си направиме подобро нешто за нас.
     
    На tace73, nevermet18, 1209 и 4 други им се допаѓа ова.
  13. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.795
    Многу сум среќна кога ќе слушнам како некој друг препорачува и го шири зборот за менструални чашки :inlove:. Јас успеав да убедам една другарка да ја користи и, и таа ми вели дека нема нешто подобро и нема враќање назад :l:.
     
    На tigerlady му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Од каде ја имаш купено?
     
  15. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Јас ја нарачав, мојата е OrganiCup ама тоа беше во период кога живеев надвор од Македонија. Не сум сигурна дали има достава вон ЕУ ама види погоре, @pdb123 мислам има објаснето каде може да се најдат во МК.
     
    На pdb123 и Elen4e_sonce им се допаѓа ова.
  16. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    5.799
    Допаѓања:
    38.199
    Пол:
    Женски
    И јас сум во план да купам, се убедувам веќе некое време ама мислам дека сега сум решена. Прво ради тоа што тука не можам да најдам чисти немиризливи влошки од памук и често иам иритации, второ ради тоа што давам еден куп пари за нив и трето ради отпадот, мислам стварно ми е доста веќе од ова и морам да пробам, сега сум уште поубедена од вашите мислења.
     
    На pdb123 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.795
    Инаку, за тие што се грижат за отпадот, бидејќи сакам што е можно повеќе да се ослободам од него, порачав менструални гаќи како дополнителна заштита за првите пообилни денови :$.

    Исто, не е ова предмет на тема и го споменав во темата за животна средина, ама бидејќи не сум сигурна колку луѓе ја читаат таа тема, ќе напишам и тука: ако сакате да го намалите отпадот и од секојдневните влошки, има и такви реупотребливи, кои се перат во машина :P.
     
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Што и да треба помош тука сме. Плус мал милион видеа има на Јутуб со рецензии. А ова сега ми текна, ти ако не се лажам си во Велика Британија? Таму ги имав видено и во продавници, доста достапно. А има и една компанија нивна што произведува органски тампони, ѕирни на линков што се, најдолу има и некој код за попуст, не сум сигурна само дали е уште валиден
    https://lowimpactmovement.org/blogn...-ohne-an-interview-with-the-women-behind-ohne

    Јас лично преферирам менструална чашка, ама можеби тебе ќе ти одговара или ќе го имаш како опција :mm:

    Еј баш ме интересира како ќе ти се допаднат, чекам рецензија :):):) Ги гледав и јас, ама некако поделени мислења има и она што мене ми пречи е што мислам дека не се многу трајни, во споредба со чашката. ТОа главно ме одмисли, зашто да трошам ресурси за нешто што не е толку трајно, а чашката совршено ми одговара. Ама е добра опција за некои прилики, баш сум љубопитна какво искуство ќе имаш.
     
    На 1209 и pdb123 им се допаѓа ова.
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.425
    Допаѓања:
    5.795
    @tigerlady, уф, ќе треба да изначекаш за рецензија :rofl:. Уште ги чекам да стигнат, а и ќе треба да поминат месеци за да ти кажам дали ќе траат :rofl:.
    Јас си велам ќе траат ((fingers)) пошто ќе ги користам само како дополнителна заштита на чашката за пообилните денови, за кога нема навреме да ја сменам чашката или кога нема да ми е убаво наместена, а отпосле не можам да ја сменам итн.
    Инаку, не би ги користела чисто само нив, би требало по 2-3 да пара да менувам дневно оти не држат количина повеќе од 2-3 пати од тампон (барем не овие што ги купив), што мислам дека доаѓа на околу 6 часа максимум да ги менуваш, во зависност од обилноста.
    Во секој случај, ќе пишам натаму и првични и подоцнежни впечатоци :*.
     
  20. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Не е активна таа тема па тука да прашам.
    Kористела ли некоја менструална чашка?