Ме интересира дали лесно се става и дали убаво стои внатре без да се измести, протече или да ја осеќаш? Се мислам да земам, видов некој нов бренд онлајн исто продаваат, наводно и во дм ќе ги имало. Ама се плашам дека џабе ќе земам, оти до скоро имав вагинизмус, додуша уште ми се случува, само поретко па да не ми се заглави внатре. Имам средно обилен циклус инаку.
Лесно се става бидејќи ја виткаш и внатре се отвора. Има повеќе начини на виткање што можеш да ги најдеш на youtube, па можеш да одбереш кој ти е тебе најдобар. Убаво стои внатре, не се изместува, освен кога одиш во вц и ако напнуваш, малку се спушта, т.е. подизлегува, иако никогаш не ми се случило да ми падне . За протекување, многу зависи аголот под кој ќе наместиш, некогаш ми се случува капка да не ми протече, некогаш пак ми истекува (обично првиот ден кога ми е најобилна), иако не е баш исто количински како да не ја носиш чашката. Важно е и да се осигураш дека целосно ти е отворена внатре. Не се чувствува внатре; всушност, ако ја чувствуваш кога седиш, значи дека не ти е доволно длабоко наместена и го чувствуваш „рачето“ кога седиш. Може да се случи да ја чувствуваш иако ти е длабоко наместена, односно имаш низок cervix, но тогаш можеш само да го скратиш рачето колку што ти е потребно. Има два брендови и во dm, ама според мене, не се исплаќаат, поскапи се. Мислам дека сè уште трае понудата 2 за 1 од Organicup (не ги рекламирам, само споделувам информација). Не може да ти заглави внатре, види на видео до каде всушност влегува. Првата чашка што ја користев ја чувствував кога седев и наместо малку да го потскратам рачето, цело го секов, т.е. ја користев чашката без рачето и немав проблем со вадење, само ја штипнував со прсти на дното. Во ред е и да имаш пообилен циклус, има малку поголема големина за тоа, иако можеш да ја користиш и нормалната големина и почесто да ја менуваш. Плус, со чашката често сфаќаат жените дека немаат толку обилен циклус колку што мислеле .
Да ти се заглави внатре е речиси и невозможно, има делче, стапче да кажам, за извлекување и не е нешто што ти мрда наоколу, се заглавува со вакум во долниот дел од каналот. За мене лесно се вади и се става, не ми се изместува и воопшто не ја осеќам, дури некогаш морам да се потсетам дека ја имам и треба да ја испразнам. Мене ми се има случено да ми протече, навечер и првиот ден зашто имам краток но обилен циклус и првиот ден иде Сава Ова пред се зашто од х причини не сум стигнала да ја испразнам порано. Ама не знам, мене не ми е ова драматично. Знам дека ми е ваков циклусот, и во влошки ми се има случено истото, обрнувам повеќе внимание. Во дм немам видено кај нас, во странство ги има, не знам што би донеле. Имаме и претходно пишано, и јас за ништо не би ја сменила Organicup, ми се погоди од прва. Ама знам дека не сите видови на чашки им се погодуваат на сите. Јас лично на сите топло би препорачала да пробаат ама и да имаат трпение. Треба време да си го научиш телото, под кој агол ставањето и вадењето најмногу ти одговара, на колку време ти треба да ја менуваш. Од прв месец нема на секој да му биде вау.
Ќе ве прашував од кај нарачавте Organicup, но кликнав на фб-страницата што сте ја пишале пред неколку страници од темава и најдов сајт за да си ја нарачам. Не знам зошто очекував да биде поскапа, уште да ми се погоди и ќе бидам пресреќна. Имаат донесено од пред недела-две во ДМ кај нас, баш приметив кога пазарев само не видов за кој бренд се работи. Цената беше 1000+ денари мислам. Јас втора година како терам со тампони и супер ми е. Фактот што можам да вежбам и да се чепатам како сакам за време на менструација ми е не знам, најубаво нешто на светот. Смрт за влошките, да живее слободата. Ама како минува време сè повеќе размислувам за оваа опција со чашкава. Пред некоја година циклусот од почеток до крај ми беше далеку пообилен од сега, па мислам дека ќе ми се свиѓа. @tigerlady значи трпи чашкава и обилен циклус? Во последно време само вториот ден ми е доста обилен, потоа си е штознам, сосем нормален текот.
За нарачување, јас директно од сајтот на Organicup нарачав ама тогаш не живеев во МК, кај нас мислам оди преку некои на фб, валда тие се спомнати. Од самиот сајт често имаат промоции 1+1 за околу 1000-1200 денари, што доаѓа доста доста ефтино. Мислам јас кога нарачав добив една само ама со оглед на тоа колку време ништо немам купено за менструација дури мала богаташица сум. Мишелке имам пробано јас тампони, мене ич не ми се свиѓаа, ко да ми се лепеа, што знам. Ама ова со чашкава е живот бре. И јога, и пилатес, и трчање и планинарење и пливање имам поминато со неа, никаков проблем. Трпи, мене првиот ден ми е обилен после не. Од типот, првиот ден морам да ја празнам на 4-5 часа после тоа и по 10 саати ми држи (се препорачува максимум 12 саати да се остави од едно до друго празнење и плакнење). Секогаш кога ми протекла било зошто се преполнила не заради нешто што се изместило. Кажувај баш искуство ако се решиш. Жал ми е што многу имаат предрасуди према неа, што мислам дека е во главно зашто не си го знаеме доволно и си се гадиме од телото. Освен доколку некој од здравствени причини не може да ја користи, навистина не знам зашто би фрлала (буквално) по 300 денари секој месец.
Дали некој нарачал од органикап ама од нивната официјална страна? Јас нарачав пред некое време и знам за време на нарачката обратив внимание на шипингот, бидејќи имаше две опции, една беше бесплатна од 5 до 15 работни дена, а другата беше преку ДХЛ и се плаќаше. Ја одбрав таа бесплатната, но после некое време кога отворив да видам до каде е, ми се отвори страната на ДХЛ за tracking. Знам дека ДХЛ претеруваат со доставата, дали мислите дека ќе биде преку нив, иако ја селектирав обичната достава?
Скоро една година ја користам и не мислам да се вратам на тампони и влошки. Искрено, првите 4 месеци откако ја купив, не знам дали ја сакав или ја мразев-еднаш ќе ја намесетев добро, ќе се испорадував, следен пат не, па ќе протече и сл. Ама и фатив финта на мене како треба, во која положба да се наместам и како да вметнувам и не сум згрешила оттогаш. Ја скратив рачката речиси цела, и тоа мораше кај мене. Супер работа. Посебно ми се допаѓа чувството при туширање или одење во тоалет-како да немам циклус, нема бришење крв. И се фаќа ред кој ден, колку пати се менува, тоа е. Јас од кај нив ја нарачав, не памтам како одеше доставата, ама ме контактираа неколку пати на меил и тел., јави им се, прилично достапни беа.
А надвор во јавни тоалети, се снаоѓате? Мене тоа ми е да не ми се истури при вадење или друга беља па ај снајди се. За дома океј. Инаку новите што ги спомнав се некој нов шведски бренд - Intimina имаат исто неколку големини меѓу кои една поплитка со која наводно може секс да се има. Веројатно тие се тие во дм, не сум проверила уште. И може ли линк од органикап каде се нарачува оти нивната страна нешто не ми ја отвора, не знам зошто.
Пред излегување од дома ќе си ја исплакнеш за да не мораш да му ја мислиш надвор. Во dm тие што се се околу 1800-1900 денари, а за многу поевтино можеш да си земеш сега со акцијата 1+1 гратис од официјалната страна. Има на инстаграм профил: https://www.instagram.com/organicupmacedonia/ А на официјалната страна, како што реков имаат и акција за истите пари: https://www.organicup.com
Па добро ама некогаш подолго ќе си излезена и пак мораш да ја празниш Ај не е страшно да носам една влошка за резерва. Не сум уште одлучена за купување, само онака викам да размислам прво, да слушнам мислења. Едит - плус јас имам вагинизмус, то ест до скоро ми беше поизразено, не можев воопшто односи да имам, сега мислам го надминувам. Па ми е да не ми смета и боли.
Ќе ја нарачам од сајтов кај нас, вака мислам најбрзо ќе стаса до мене, до дома ќе ми ја донесат и цената ѝ е супер, јас очекував 1800 минимум да кошта. Се надевам ќе се навикнам за брзо со неа, значи не можам да опишам каква фобија имам од протекување и колку само мразам влошки. Не ми се гади, немам проблем со тоа, ама стварно имам траума од спиење како мумија, строго на една страна за да не протече крв од секаде. Плус туширање за време на менструација - кадата цела изнаправена како кланица. Или кога ќе се потрефи тој момент на излегување од када и ќе почне да тече по нозе, по плочки, насекаде. Да ти преседне и туширање и сè. Затоа и преминав на тампони и ептен го видов раатот. Почнав и да си вежбам на раат и да си спијам нормално. Ама ете некако шубе ми е толку долго со тампони, па мислам дека сум спремна да прејдам на чашкава. Башка што, кога можам да дадам пари еднократно и да сум мирна во наредните Х години по тоа прашање, а и да не му ја мислам кога треба да купам ново кутивче тампони - па зошто да не. Штом издржува и повеќе од тампоните, мислам дека кога ќе си фатам ред ќе ми биде супер. Е сега, стискајте палци да ја преживеам адаптацијата без многу протекувања. Па белким ќе се уходам. Ќе пишам, овој циклус ќе пројде така, па за наредниот месец здравје ќе си ја обезбедам. Фала многу!
Многу ми се свиѓа идејава од еколошки аспект, ама во пракса уште се немам накането. Имам многу лесна менструација уште од прв ден ама па и многу сум гадлива. Ко што сум несмасна, не сум сигурна како јас и чашкава ќе се покажеме на дело. Некако многу хаотично ми изгледа идејава во глава. Плус имам дијагностициран низок цервикс и читав дека за нас било потешко за употреба. Некоја ко мене да сподели искуство мејби? Стварно многу ме копка ама факторот гадливост во комбинација со висока шанса да ми е неудобно, уште не сум се натерала. А влошки мразам, користам 100% памучни тампони со години и ми се најубава верзија. За сега.
Пред некој ден ми излезе реклама од Дм за чашки. И се присетив дека пред некоја година ми се превраќаше желудникот на самата помисла, потоа после некое време почнав да читам искуства, и еве сега веќе сум заинтересирана кога се изнагледав повеќе видеа и објаснувања. Фала за линкот, сигурно ќе ја порачам од кај нас, спремна сум да и дадам шанса. Знам дека се е во пракса. Видеата ми дадеја одговори на некои прашања што ги имав, па полесно ми е да ја прифатам чашката. Влошците ми се преку глава и она гадно чувство со нив, од сите освен оние со памучен слој добивам иритација, со тампоните не се чувствувам пријатно преку ноќ, а ова е прилично економично, а и хигиенски. Ќе ја пробам во скоро време дефинитивно.
Леле чекај морам да ова да ти одговорам зашто ИСТО. Има финта, ама не можам да ти објаснам колку ме радува што секогаш и за време за менструација можам во бањарка на раат да си седам пола саат. Ја празниш чашката во када, се тушираш се супер и после додека си во када ја ставаш назад, си се заплакнуваш по желба и готооовоо. Си тураш чаша розе од мене, маска на лице и седиш во бањарка со нозете во вис. На здравје.