Нема македонски сајт, има само фејсбук страна. Се продава на линкот што ти го кажа Sky-butterfly. Не сум дијагностицирана со низок цервикс, ама како што напишав и претходно, кога седев ја чувствував рачката и прочитав дека тоа значело дека имаш веројатно понизок цервикс. Го решив тоа така што ја пресеков рачката (не мора цела, колку што е потребно). Друго ништо нема поразлично, не треба да ја чувствуваш (исто како тампон - не го чувствуваш кога се шири, нели?), така што нема да ти е неудобно. За гадливоста не знам како да ти помогнам, тоа треба сама да се убедиш . Замисли си дека имаш малку боја на прстите при употреба. Употребата е најмалку хаотична, бидејќи си постојано сува и чиста и поретко треба да мислиш на менување .
И јас обожавам да дремам во бањарка. Уф, уф, уф и миризлива свеќа и порција кашкавалчиња со винцето. Хиге на најјако. И додај на тоа дека нема повеќе да ми виси конец од тампонот, поточно, нема да се шуња down there и нема да има потреба да го држам со рака за да не го измочам. Еве, само тоа не ми се свиѓа кај тампоните, ако би имала замерка тоа е токму ова. Ајде да дојде плата и купувам, баш ќе пишам како ќе пројдам. Дотогаш, да магистрирам на темата употреба на менструална чашка, во теорија.
Бесплатно е, мене минатата недела ми стигна. Нарачав од официјалниот сајт на OrganiCup, бесплатна достава и после видов дека тука е со ДХЛ. Мислев дека ќе ме соголат ДХЛ ама ми ја донесоа на врата и никому ништо.
Ја земав ама ми заврши менструацијата па не успеав да ја пробам. Следниот месец здравје, па ќе пишам како ќе пројдам.
Чашкава случајно прв пат ја видов на јутјуб видео, пред 2-3 години и морам да признаам ми беше малку чудно и си викав нема шанси ова, ќе протече кај мене. Плус ми изгледаше комплицирано за користење. Сега скоро пак ми искочи некое такво видео, една индијка користеше за прв пат и ја испофали, и почнав да размислувам еден ден да си земам. Ем си раат 10 години, ем мала е шансата за протекување, слободна ко птица си за спорт, плажа, во вода, пред, за време и после бањање, исто ко да немаш добиено. Влошки ич не сакам, на моменти се осеќам ко пелени да носам, ужас ми е 5 дена, одвај чекам да ми заврши. Првите два дена па особено, сум се будела со локвички крв на постелнина, абе и пелена да ставам и најбапските гаќи, успевало некогаш да ми протече. Па уште кога ќе видам парталчиња крв, најчесто првите денови, гад ми доаѓа. Неколку пати имам ставено и тампон, ама еднаш ми се случи мртва уморна да заспијам со тампонот и се разбудив после сто саати, и отпосле прочитав за toxic shock syndrome, леле луѓе кои стравови беа тоа, па и мислам дека одвај го извадив тогаш. После тоа не знам дали пак ставив. Иако пред овој настан, океј ми беа тампони. Назад на темата, сега не можам ама кога ќе дојде ред би си купила, абе мислам дека ќе уживам, ќе си седнам цела расчепатена ќе си се луфтирам на прв ден добиено после бањање.
Читајќи ги вашите искуства, и што имам читано генерално по интернетов, и јас сум на мисла да ја пробам. Тампони имам користено само 2-3 пати кога навистина морав, генерално не ги сакам. А и од улошкиве ми е преку глава веќе, купувај секој месец, па се изместила, па дали ми се познава преку облека итн. Овде има секаков избор, но некако највеќе имам читано за OrganiCup. Доколку се одлучам мислам дека таа би ја купила. Малку сум загрижена за ставањето, дали ќе ја наместам убаво, а и малку ми е шубе да спијам со неа. Ама тоа сум само јаc, overthinker. Се надевам ќе соберам храброст.
Бидејќи од OrganiCup имаа акција 1+1 гратис, на втората чашка немам што да и правам, па ако има некој да му ја продадам би било супер
Јас сеуште не можам да ја “сварам” идеата за чашкава, call me old fashioned. Ама ако природата на менструацијата била течноста да се задржува немало да биде циклусот како што е. Некако не ми оди во глава дека е во ред во однос на здравјето.
Miss не ме сфаќај погрешно, не е ова директно кон тебе упатено, само дискусија. Немам никаков ќар јас ако било кој реши да користи или не чашка, ова е само од тоа што имам читано и проучувано, размена на информации. Од тоа што јас читав и со моите познавања ми има смисла, чашката ми е здравствено најоправдана. Логиката мене ми е следна: со неа не се впива течноста туку се собира. Ова е разликата со стандард тампони и влошки. Кога се упива течноста доаѓа до реакции со материјалот и до појава на одредени мириси. Никој нема да користи влошки ако мирисаат и ова се решава со додавање на цел куп хемиски компилации за да се неутрализираат мирисите. Ама, досега речиси и да нема научни студии колку и како истите влијаат на вагиналната микрофлора. Мораме да имаме микрофлора (затоа и ретко кој добар гинеколог препорачува од средствата за интимна хигиена) зашто на тој начин организамот гради еден вид на имунитет. Тоа впивање е и една од причините зашто тампоните не се препорачуваат да се оставаат подолго време (повеќе од 4 часа беше ако не се лажам), зашто токму тие реакции и средина поволна за размножување на одредени бактерии може да доведе до тој токсичен шок. Она што мене ми се допаѓа со чашката е што немаш впивање туку како што реков, собирање. Имаш медицински силикон, безбеден и може да се дезинфицира, и немаш или имаш мала веројатност за вакви реакции. Менструалната течност е чиста црвена боја, и сама по себе има мирис како на крв. Не ми е лично природно јас да ставам влошка со лаванда мирис зашто знам дека истиот е добиен хемиски. Ова е само мое мислење, пак ќе кажам никого не сакам да разубедувам. Само некогаш ми е криво, зашто и од блиски луѓе имам слушнато вакви ставови и сметам дека е затоа што сакале или не менструацијата е сеуште таму тема. Како и женското тело и нашата интеракција со сопственото тело.
Не се враќа назад крвта. Само се складира во чашката која после ќе ја извадиш и крвта ја истураш во шоља. Мене ми се допаѓа што е многу еколошки и практична, а богами и на финансии доста се штеди. Кај и да е ќе си порачам и јас.
Нема ние што да мислиме и да "сваруваме". Попаметни луѓе од нас смислиле, истражиле, ни понудиле. Наше е да прифатиме олеснување на животот или не.
Дечки, влошки и тампони -never more. Јас ја купив Lily Cup од ДМ, 1900. Обичната, величина Б. Од прва ја наместив. Се правам со неа, вежбање, спиење.. Не знам дека имам добиено. Чиста работа. Ниту миризба, ниту гадното чуство кога ќе станеш насабајле па иде дунав.. Купувајте и не се мислете
Како ја чистите/дезинфицирате чашката? Многу лесно сум склона на иритации па од тој дел мене ми е најмногу, инаку би сакала да пробам.
Ако ти немаш потреба да имаш свој став за работите и ги земаш здраво за готово тоа е твое. Јас имам мое мислење и со резерва земам новитети кои според мојата логика не се издржани. Ако целта на темава е реклама за чашкиве, уште одма да се исклучам од муабет.