Јас ја ставам 5 минути во зовриена вода пред да ја ставам прв пат тој циклус, бидејќи така и пишуваше во упатството. За време на циклусот не треба ништо, само ја плакниш со вода и ја ставаш пак. Тоа што се направени од медицински силикон оневозможува да можат да се развиваат бактерии на чашките, па нема потреба за ништо плус. Патем, бидејќи со тек на време потемнуваат чашките (не се валкани, само остануваат дамки), имав слушнато дека најдобро е, при промена/миење на чашката, тоа да се прави со ладна вода, наводно помалку потемнувале. Мојата веќе е потемнета, така што ако некој го истестира ова, нека каже по некое време дали навистина помалку потемнува.
Мислам дека сите ќе потемнат, ама ги прават чашките во боја за помалку да се гледа тоа. На двете бели што сум ги имала горната половина од чашката стана кафеава. Ама на розевите сигурно ќе изгледа подобро.
Јас би рекла дека прво треба убаво да се информираш пред да донесеш свој став околу нешто. И не, не е никакво рекламирање на чашката, туку споделување на свои искуства кои допринесуваат за помагање на сите оние кои имаат потреба за промена, кои добиваат несакани иритации од улошките и тампоните, а воедно и за оние кои се свесни за тоа колку истите ја уништуваат природата. Ако моето рекламирање на чашката направи некој да ги отвори очите во однос на загадувањето на средината, да, и те како ќе ја рекламирам, ако така сакаш да го дефинираш.
@martiiinna Не се однесуваше директно на тебе муабетот за рекламирање. Ама од каде знаете дали некој се информирал или не, баш зашто сум се информирала можеби сум донела такво мислење. Си пишав мислење во темата, прифатете или не или прескокнете мислење ако не се согласувате со истото.
Е ова е тоа што направи да не помислам веќе на влошки и тампони, чиста ствар. Раат сум најозбилно, и погоре кажав, моментот кога одам во тоалет и нема крвишта ми е спас. Менувам почесто само вториот ден, на 4 саата, првиот и третиот сабајле, околу ручек и пред легнување, четвртиот само сабајле и навечер. Вежбам, се качувам на Водно и што уште не. Пред 10 години првпат слушнав за чашкава и сериозно не знам зашто сум чекала да ја купам.
Ќе ме убедиш. И јас се мислам веќе некое време, оти имам проблеми од сите влошки и тампони. Небитно дали се природни, памучни или не знам какви. Секој месец циклусот ми е смрт поради иритацијата на кожата. Да, брзо поминува, ама ако се може и без тоа... Уште подобро.
И мојата стигна денес, ќе ја пробам при крај на месецот па ќе кажам како ќе пројдам. Јас не можам да опишам колку мразам влошки, колку ми сметаа и ме спречуваа да се наспијам како човек. И не претерувам, едноставно премногу ми сметаа. Со тампоните се препородив, вежбам, возам точак, пливав, се туширам и излегувам од туш на раат без да бидам ко мува без глава за да не капне некаде по плочките или по нозете, си спијам како сакам а не ко препарирана. Само си станувам навечер почесто за да сменам тампон и толку. Ама ме нервира врвката и ме нервира тоа што последните денови се борам со тампонот за да излезе. Чашкава мислам нема да ми прави вака, па ќе видиме. Белким нема да ја истуркам предлабоко па да не можам да ја дофатам. Тоа ми е најголемиот страв. Знам дека можеби ќе ми биде смешно ова кога ќе се навикнам, ама еве не можам против ова па морав да го напишам.
Исто,ја вријам некои 10тина минути после завршување на циклусот и пред. Ја чувам во посебна торбичка, на Organicup така доаѓаа ама мислам сите доаѓаат со нешто за складирање. Имам видено некои ги дезинфицираат со хидроген ама искрено не сум имала потреба и не мислам дека прави некоја разлика. Само пази при вриењето да има доволно вода и да не ја заборавиш, да не ти изгори силиконот ако изврие водата. Да, да потемнува. Мојата после речиси 4 години мислам е потемнета. Се препорачувало за ова да не се плакни во тек на циклус со топла туку со ладна вода (ова нели и за облека е, крв со ладна вода се испира) ама мене лично ми е сеедно која боја е. А ми прија повеќе да биде со топла исплакнета некако и осеќам дека е мини дезинфицирана. Не се секирај, многу е тешко предлабоко да ја ставиш. Вагиналните мускули нема да ти дозволат само не ја сецнувај таа дршката пред време види прво дали воопшто и треба.
Ги видов тие во дм ама некако ми изгледа дека се прешироки за дундава моја. Као...успевате со два прста да ја упикате внатре без да ве боли и без да ја осеќате после?
Еве сега читав, раствор на хидроген во вода помага да не менува боја, ама не треба да се користи секој месец. Исто и раствор оцет со вода, тоа помалку агресивно е. И обавезно вриење после тоа. Јас долго време се мислам за менструална чашка, ама многу ми е шубе од одржавањето...
За колку време ти стигна Мишелке? Ако не грешам од официјалната страна на порача, така? Дома стигнува, ја подигнуваш од негде, како оди процедурата?
Не порачав од официјалната страна, да ти кажам не ни проверив што и како им е разликата во цена. Јас отидов олдскул, преку тој сајтот (веројатно од самиот увозник кај нас?) што го најдов на фб. Го имаше тука постнато некоја од девојките некоја страница поназад. OrganiCup Macedonia е пејџот, па таму во инфо има сајт. 1500 денари плус достава, ама ставив некој прслук за вежбање за да фатам бесплатна достава и завршив работа. Ми стигна за неколку денови, не чекав многу.
На официјалната страна е 24 евра, значи исто. Не се исплати да чекаш. Тенкју! Ќе одам уште еднаш да ги ѕирнам и тие во дм па ќе пресечам.
На официјалната страна ако начекаш некоја акција само, како пред некое време што имаше 1+1 гратис за 24 евра без никакви плус доплаќања.
@wannaBeMomma, @tigerlady, фала женски. Мислам дека додека не ја пробам ќе се туфкам што ќе биде, како ќе биде. Видеава ко џабе да ги гледав, така се осеќам. Ај за некоја недела ќе видиме колку сум научила, во пракса.
Мислам дека е невозможно тоа, ќе напнеш малку и веднаш ќе слезе надолу. Нема мислење кога нешто е факт. Наука е.