Мислам околу 1500 денари, провери на нивната страна ако те интересира за сигурно Јас Органикапот го користам во текот на целиот циклус, некогаш можеби не последниот ден. Инаку пробувам да ја заменам на околу 8-9 саати за секој случај, побезбедно се осеќам. И внимавај малите дупчиња на врвот на чашата добро да ги миеш секој пат кога ќе ја заменуваш.
А што се случува ноќе? Ја имам обилна менструација, ноќе станувам и менувам влошка. Треба веројатно и чашкава да се испразни? Не можам да замислам искрено како изгледа ова, го вадиш и полно е со крв? Не се истура при вадење?
Јас не станувам ноќе, обично ставам само една влошка за секој случај да не протече, зависно од тоа колку обилна е менструацијата. Инаку реално чашката е доста голема и никогаш досега ми се нема случено да е наполната цела, макар и да сум ја имала по 12 саати. Знае па да се случи на почетокот додека научиш како правилно да ја ставаш неколку капки да протечат надвор, затоа првите дена имам секогаш секојдневна влошка.
Навечер спиеш и уживаш. Сабајле кога ќе станеш си се средуваш на шоља. Мене ми нема претечено, ми се нема наполнето до горе. Оваа интимина од ДМ има баш заштита од протекување при вадење. Искрено нз што сум правела без неа. Не осеќам дека имам добиено буквално. Со влошки ми беше смрт одење во вц, станување после подолго седење и надвор од дома на подолго И да го вадиш и полно е. А дур лежиш во спиење веројатно и не оди нешто мн во неа тек кога ќе станеш (мое размислување)
Мене првите две вечери ми треба да станам да ја испразнам, исто како што ми требаше и влошка да сменам. Не знам дали ти се случува, ама имам скроз развиено некој рефлекс кога отприлика треба да станам. И во споредба со влошка многу мноооогу помалку ми има претечено од чашката (ова на почетокот мислам беше коога уште учев да ја наместам како што треба). Да, ја вадиш и полна е со крв. Не се истура зашто кога ја местиш се прави како вакум и кога ја вадиш имаш контрола.
Супер ми е и мене, иако првиот месец ми беше малку тежок. Среќа се погоди послаб циклус, па можев да пробам за да се навикнам без да се плашам многу. Бев параноична дека ќе ми протече, дека ќе се преполни и ќе се направам лом целата. На крај, ништо од тоа не се случи. Последните две години отприлика сум на тампони, влошките не ги поднесувам и ми реагира кожата од нив, плус одвратно ми е тоа што не можев да спијам навечер убаво од страв да не протече, па едноставно морав да ги сменам. Воопшто немав мака со чашкава, лесно се навикнав и стравот од неа ми беше тотално ирационален. Првиот месец ми беше многу тежок навистина. Де дали сум ја наместила, па ја осеќам, па не ја осеќам, ќе можам ли да ја извадам и слични глупости. Ваљда е нормално, потоа се навикнуваш. Инаку ноќе, кога се будам, кога не. Со тампони првите два-три дена обавезно станував да сменам, со чашкава тоа ми остана исто. Првите денови имам потреба да станам и да ја испразнам (ко да осеќам потсвесно кога си доаѓа моментот), потоа си спијам по цела ноќ кога ослабнува крварењето. И за вежбање ми е супер, не мрда ништо. Секој нареден пат ми станува сè полесно и полесно. Најмногу ме радува фактот што веќе нема да имам потреба да давам пари за тампони секој месец.
Сподели искуство, те молам. Ти со царски беше породена, така? Оти се мислам која величина да ја земам.
Па добро тоа значи дека процентуално чашката ќе остани попразна во споредба со помалата чашка. Колку што разбирам, поентата на големините пред се зависи ако си родила вагинално тогаш ти треба секако поголема затоа што пелвисот и внатрешните гениталии се шират,а ако си родила со царски рез веројатно тоа не се случува. На страната на Органикап пишува вака: For mums, we generally recommend going with a Size B as per the above. However, if you have delivered your child/children by C-section, we recommend going with a Size A. Size A е истата која е препорачана за оние кои немаат никогаш родено. https://www.organicup.com/size-guide/
Прв ден, задоволна сум за сега. Ја потсеков таа дршката малку оти ме боцкаше. Нема протечено, не е лошо за прв пат.
Втор ден, презадоволна. Воопшто не се осеќам ко да имам менструација. Нема влошки, нема смрдеа, нема флекани гаќи, си пешачев со хеланки like a boss, ставањето и вадењето за 2 дена веќе ги навикнав. Единствен предизвик ми беше одењето по голема нужда, оти се поместува од напоните (ваљда и тоа ќе го совладам). Туширањето е песна, си се тушираш, си ја вадиш чашката, ја плакниш, ја враќаш, и си ставаш бањарка најнормално. Инаку смрт ми беше кога требаше да пазам да не ја извалкам. Кој се мисли, ич да не се мисли, не се осеќа дека имаш ништо, вреди стварно. И за на одмор и за пливање ова би било идеално решение. Требаше ова нешто да го купам порано, ќе се куртулев со време
Од една аптека во Битола, 1500 денари. Инаку оваа е organicup, се порачува и оналјн, иста цена. Има и во ДМ ама друг бренд.