Jaс вчера нарачав од официјалната страница на OrganiCup, 1+1 гратис. Не можав да се одлучам која да земам од dm, а овие многу поедноставни ми беа, size A за тие што не раѓале, size B за тие што раѓале ахахах и полесно ми беше да одберам, плус овие чашки имаат 100% природна боја не хемиски добиена и си викам ајде, што е можно поздраво. А и Lily Cup поскапи се каде каде, со оглед на тоа што со OrganiCup добиваш две чашки за 1500 а другиве една за 1900. Чекам сега да стигнат и следен циклус едвај чекам да ја пробам.
Ве исчитав и ме убедивте Имам доста обилна менструација ама со царски сум породена. Значи А треба да ја земам? Одржувањето како е, како се мие? Упатство за ставање има? Од официјалната страна нарачавте или застапник за Мк?
Јас гледав на јутуб видеа како се користи и се уплашив. Изгледа застрашувачки. Не е она за мене, јас еден обичен тампон со судни маки го ставам. Крајниот резултат пот и солзи секогаш. Алал да ви е на вас шо ја користите чашкава, секоја ви чест стварно.
Ако ти е обилна, можеби Б ќе треба. Битно е и каков ти е цервиксот. Има убаво видео како да си одредиш величина на страната на OrganiCup, тие мене ми се поубави отколку тие што ги имаат во ДМ. Исто така, многу е убаво објаснето ставањето, вадењето, одржувањето...
@Antolinaa лелее исто исто скроз Меркав со денови LilyCup и ми излезе реклама на инста за OrganiCup и импулсивно си ја наручав, исто од официјалната страница. @Jana06 не е голема разликата помеѓу А и Б, и јас мислам ако ти е обилна можеби подобро Б. Едноставно е. Кога ќе ја купиш треба да ја зовриеш 5-10 мин да се дезинфицира. Потоа при секое празнење ја миеш со вода и антибактериски сапун и ја враќаш назад. Кога си во јавно wc можеш да си земеш антибактериски марамици и со нив да ја избришеш и да ја вратиш назад. Важно е при вадење и ставање рацете да ви бидат чисти. Кога ќе завршиш со циклусот исто така ја ставаш да зоврие 5-10 мин да се дезинфицира и толку е. Имаш упатство за ставање на официјалната страница на OrganiCup, а искрено не знам дали има упатство на самото пакување, ќе пишам кога ќе стигне.
Мислам дека ни антибактерискиот сапун не е потребен, еве можеби марамчињата за во јавно WC кога не можеш баш да ја исплакнеш чашката. Јас кога ја купив мојата чашка (исто од Organicup), не ни продаваа такви работи и само ја вриев чашката пред употреба (така пишуваше и на упатството). Мислам дека повеќе ги направија дел за вакви практични ситуации, дел поради „психата" на потрошувачите (како е чисто, а не го миеш со сапун/детергент?), дел за маркетинг. Инаку, сите чашки се прават од медицински силикон кој, како што знам, и онака не „дозволува" развој на бактерии. Не сум користела никаков сапун од самиот старт . Патем, ако некому му е гнасно или неудобно да менува чашка во јавност или пак, за носење ноќе како дополнителна заштита, може да користи менструални гаќи (впиваат крв и потоа се перат во ладна вода - јас ги оставам да искиснат). Најпознати се од Thinx, а јас начекав попуст од Knix. Гаќите се поскапи, но и онака не ги користиш цело време, па траат долго време. Инаку, за навечер не ви препорачувам од Knix, затоа што подлогата што впива не оди доволно горе назад. Мислам дека со Thinx не е така, ама и се поскапи .
Сакав да кажам, нема потреба специјален сапун да купуваш ако не сакаш и така можеш да заштедиш на пари. Ама се разбира, ако така се чувствуваш посигурно и можеш да си дозволиш, така прави .
Не. Не пишуваше така, па не ја вријам, само пред користење . Разгледај еве и други фирми, lunacup divacup итн, и тие слични препораки имаат. Затоа и споменав дека мислам дека нема потреба за посебно средство; ако беше неопходно, мислам дека заедно ќе го продаваа со чашките во комплет од старт, зошто би ризикувале некои жени да добијат инфекции и да ги тужат?
Сега ги продаваат, иако порано не ги продавале, можеби ете сфатиле дека има потреба од нив па затоа и се појавиле на маркет. А можеби и си во право, се е за профит. Не мора да се антибактериски, има и имтимни марамици и гелови и логично ми е и со нив да може да се плакне чашката. Иначе антибактериските сапуни не се нужно скапи, скоро иста цена се со обичните, а марамиците мислам се поскапи. Како и да е, најважно е рацете да се чисти зошто тие содржат највеќе бактерии
@Jana06 Јана сега проверив, сеуште важи понудата плати 1 земи 2. Само треба промо кодот да го напишеш MAR21 и за 24.50е добиваш две чашки.
Стави ја во кошничка величината што сакаш и на крај имаш поле за промо код, пиши го MAR21 и ќе ти даде во корпата 2 по цена за 24.50.
Јас ја вријам откако ќе ми заврши циклус обавезно, и понекогаш пред ставање на почеток. За време на циклус само со вода плакнење и во јавни тоалети ја пребришувам со тоалет. Во право е @pdb123 инаку, пред неколку години немаше ни марамици ни шампони, препорачуваа само вриење. Мене искрено пошубе ми е со марамици и шампони да ја чистам зашто речиси сите имаат fragrance во составот што не е најдобро за вагиналната микрофлора. Знам дека кога ја земав на почетокот читав некоја споредбена студија за дезинфекција, со вриење и со пероксид ако не се лажам и немаше некоја разлика во исходот. Некои ја вријат и со сода или со оцет како за плус дезинфекција или ја поминуваат со етанол (секако не пред ставање, ова би било после циклус). Ако сакаш да бидеш посигурна јас би ја поминала со тоа, така си сигурна барем дека ќе испари се.
Тампон никогаш не сум сакала, одвратно ми беше. Ова изгледа комплицирано, ама не е. Значи не се споредуваат, ова лизга, силикон е, не е како тампонот. Ич да не му се мислиш за тоа.