Пред да забременам имав редовна менструација. Сега ми е каша попара.. Пет месеци немав, па добив, па два месеци немав, па добив и еве сега пак ми доцни 14 дена.. Хормона до плафона.. Порано пред добивање имав симптоми, а сега никакви. Кога ќе видам дека сум добила буквално се изненадувам. Менструацијата ми е многу пообилна од вообичаено.. Не знам што ми се случува со хормониве. Инаку и мене термостатот ми е расипан. Немаше по зимурлив човек од мене, а сега ми е постојано жешко.. ОДЛЕПИВ НАЧИСТО!
И мене менструација ми заврши негде 34 ден по породување. Пред 4 дена имав односи и утредента одма имав крварење. Уште имам веќе 3 ти ден/ Гинекологот по телефон ми рече дека може да е мензис. Не е обилно како порано, затоа не сум сигурна. А не стигнав да одам на доктор, пре уморна сум Ако продолжи ќе одам понеделник. Хепимам, јас знам дека сме многу плодни после породување. И дека можеш да забремениш додека доиш. Затоа немој да се залажуваш, ако не сакаш да забремениш внимавај си
@Kitten колку си ме насмеала...имав зачуено за тоа ама не знаев точно.... @zuto ..фала ви женски на одговорот
Откако се породив се порано и порано добивам. Вчера добив 6ти пат по ред, а се породив пред 6 ипол месеци. Аман веќе, блазе си им на мајките кои не добиваат веднаш после породување. Уживајте
Можеби ќе биде глупо пρашањево,ама моρав. 4месеци,сеуште немам добиено(не κρваρев многу после поρаѓај)но еве веќе два-тρи дена имам неκој исцедоκ безбоен,но има миρис κаκо κога ќе добијам и имам неκои пρедменстρуални болκи. Дали можеби ова е знаκ деκа за сκоρо ќе добијам? П.С немам чешање,печење се е оκ.
@heppymom Можеш, можеш, не се знае кога би требало да добиеш. @LaDyDoLl може ти е пореметена вагиналната флора, земи линекс фор лејди ( како вагиналети се користат), штета нема да има, само корист. И после 9 месеци немам добиено....раат малку
Мамички породена сум со царски рез пред скоро 2 месеци,после пораѓајот имав обилни крварења 2 недели,3-та слабо поминав со секојдневна влошка.Бев на контрола пред 4-5 дена гинекологот ми рече супер ми е зарасната раната,јајниците,матката се е супер,ми рече дека дури и ендометрум сум имала.Е вчера кога појдов во вц што ќе видам на гаќите крв кафеава како прв ден кога ќе добијам,си ставив влошка ама еве до денес нема ништо влошката чиста.Што може да е???о
И мене ми се случуваше истото до 4-от месец кога конечно добив. Од време на време имав кафеав исцедок како засирена крв. И јас сум со Царски
4 месеци за некој ден јас сеуште не сум добила ,би сакала оваа радост да потрае уште малку,барем уште 3 месеци ама ќе видиме
Здравје, дај Боже. Туку ви завидувам на тие што не сте раат само 9 месеци туку повеќе. Син ми има скоро 8 месеци а јас веќе 7 пати имам добиено.