Пред точно 7 месеци се породив природно, циклусот ми дојде после месец ипол и од тогаш ми е редовна но сега ми касни веќе скоро месец не е бременост направив 2 теста негативни. Дали сеуште се регулира циклусот или може да има нешто друго, закажав на гинеколог но ме копка што може да биде.
Мајки кога добивте менструација по породувањето? Бебче е 2+ и еве трет ден имам по малку кафеаво и минимални менструални болки, незнам ова дали се рачуна како менструација дали е нормално?
И јас сум ко тебе (бебиња ни се исти ден родени, нели? ). Вчера имав неколку кафени капки и толку. На бришење ништо нема.
Ми треба совет - моето бебе има точно 5 месеци. После породувањето крварев најнормално неколку месеци, потоа добив менструација во декември, па во јануари, а во февруари (требаше на 17ти) не, и сеуште немам. Не сум бремена и дојам. Нормално ли е ова? Гинекологот кога му кажав најпрво помисли дека сум бремена, ама после рече дека ми е од доењето, ама првичната реакција не ми се допадна, изреагира зачудено и сега сум загрижена.
Треба време за да се стабилизира, ама чим си добила еднаш би требало да си добиваш нормално.. се е во ред со јајниците, нема циста некоја? Јас поголем проблем имам, добив и си добивам нормално, имав пред 20дена добиено нормално а веќе два дена сега имам кафено црвен исцедок... дали ова може да ми се случи од стрес и од што бев многу болна? 4ри месеци има од кога сум породена...
Гинекологот ми рече сигурно е до доењето. Ми зеде брис ама резултати за еден месец. И тоа брисевите ги зеде не ради тоа што не ми дојде еден месец тку као ајде одамна ти немаме земено. Како се проверува дали имам циста? Со брисевите? Или да сменам гинеколог?
Па не на ехото се приметува.. јас кога не сум добивала, сум имала така мали или поголеми цистички... може стварно не е стабилизирано, еве јас порано па прокрварев, ти покасно ке добиеш.. мада ако не добиеш за брзо, јас на твое место пак ке одам на гинеколог... сепак чудно е што веќе си добивала и наеднаш ти доцни... Има жени кои не добиваат додека дојат, но тие воопшто ни еднаш не добиле од старт...
Јас добив на 5ипол месеци, па на 7ипол, па на 9, и еве сега скоро 11 месеци е бебе уште немам добиено. А мислев дека после 9 месеци се нормализира. Ова погоре 5ипол, 7ипол.. ги бројам од пораѓајот.
А на гинеколог што ти викаат? Зашто така...? :/ зашто и јас со првиот пораѓај таква менструација имав и ми даваа терапии за да добивам, се со цисти ми беа јајниците и затоа немав по долго време... а сега незнам дали ке ми биде нормално...
Јас бев пред некој ден поради болка во долниот дел испадна од промена на времето дека е, вагинално ме гледаа нема циста.
дали некоја од вас забележала дека млекото и се намалува за време на првата менструација после породување? и дали потоа се враќа во нормала?
Сум читала не се намалува млекото, се намалува само рефлексот на течењето.. Инаку јас и со прво и со второ бебе одма добив, па приметував дека бебе повеќе се нервира тие денови на града.. но да знаеш како што рече и @eli25 2,3 дена е така, па се враќа во нормала Јас сега 20 дена после последната менструација прокрварев, повеќе на кафено три дена.. и сега незнам кога да очекувам да добијам, а добивам на 30-35 дена..
Да рефлексот , му треба повеќе време да влече дури му надојде, па се нервира па нејќе после пак по старо