јас вчера забележав неколку капки крв и после тоа само кафен исцедок. иначе поминати се скоро два месеци од породувањето, без некој ден. па ваљда се работи за менструација. а забележав дека градите ми се помеки последниве три-четири дена
Тоа пак е некое прочистување ако не трае повеќе и не тече повеќе.. не изгледа на менструација.. Јас веќе две менструации добив крварење нормално 7 дена како што и си добивам секогаш, па после втората по 20 дена така три дена прокрварев, кафено, црвенко... многу малку, не личеше на менструација Но тој период премногу болна бев, па може и од некој стрес на организмот..
И јас имав таков проблем 4 месеци после вториот пораѓај и излезе дека имам стрептокока. Добив после 4 месеци, односно 8 месеци по пораѓајот.
1,5 месец има од ко се породив немам добиено, но зошто сеуште ми течи жолто каок да го наречам бело прање или што ли е.. сеуште се чистам или нешто не е во ред? Природно сум породена и забележувам дека сеуште не сум затворена доволно колку време трае тој процес сеуште сум немала односи....
Јас имав стрептокока на брис 2м по пораѓај... но пиев сумамед тогаш, сега болна пиев зинат, па сумамед пак... ваљда е излечена по толку антибиотици. Ке направам пак брисеви тогаш... колку време по антибиотици е веродостоен резултатот?
На мене ми рекоа да дојдам 2-3 дена откако ќе ги испијам антибиотиците. И да избегнувам односи додека ги пијам, а ако имам односи, обавезно со кондом.
Пред пораѓај не ниеден брис ни уринокултура немав ништо чиста бев можно е од пораѓајот да се добие? редовно инаку ден не пропуштам да се средам се одмивам и користам само алкохол и прашак за раната мислам само тоа користев сега веќе не...
Добив вчера, денес пробиено бајаги (сори за опис) така да менструација е Дојде тетка по 4м и 3дена Искрено ми олесна некако на мешево, се мачев последниве 2м со подуеност и нелагодност, денес спласната и фит, иако со гостин Ќе видиме колку ќе трае и дали ќе е редовна како претходно.. Бебе си цица нормално, не приметив ни да е нервозен, ни плачлив, барем до сега
@SummerGirl дека спомна дека си имала ваков проблем... две менструации добив, после втората по 20 дена имав малку кафено 3 дена... Како да рачунам сега, кога би добила? Апликацијата во моб ми е обично точна за ден, два разлика.. а сега веќе вика 6 дена дека ми доцни. А надувана сум, неможам да се поднесам...
Да да, баш и тогаш кафено ми протече кога бев болна Не ми текна дека може од антибиотиците да се поремети, а пиев и Зинат и Сумамед... Ај ке почекам до наредна недела, па ако не дојде ке одам на гинеколог.
Мајки мене прв пат после пораѓај ми дојде по 4 месеци и вториот пат си дојде на време, но тогаш почнав со диета и еве сега 2 месеци ја нема. Знам дека е од диетата но треба ли да се консултирам со гинеколог, сте имале ли вакво искуство. Се осеќам поддуено.
Добив прва менструација на 35дена после породување после две недели пак не ми ни престана крварењето скроз,од едната до другата менс. имам кафеав исцедок после еден месец на датата што треба да ми дојде само имав исцедок и така продолжи тој кафеав исцедок 4-5 дена и потоа престана. Бев на гиниколог викаат во ред е но мене не ми игледа така во еден месец добив двапати и наредниот месец само ме обележа Да не заборавам сеуште се доиме
Истото ми се случува и мене... за неполни три месеци добив 3 пати. На контрола ми рече дека било нормално, пошто сум била царски породена. А јас не дојам, воопшто не добив млеко.
Јас еве четврт пат добивам преку една недела, една недела имам менструација, една немам. Бев на прегледи, правев брисеви се е ок, ми рекоа најверојатно од доењето имам неправилни крварења. Сепак се плашам не ми е сеедно и не знам веќе каде да се обратам и што да превземам инаку со царски сум породена крварев 2 и пол месеци по пораѓај, а менструација добив прв пат 5 месеци по пораѓај.