и јас сум царски породена јас добив пред 40дена потоа имав некој исцедок уште две недели некаде не се секавам баш и пак добив а овој месец само исцедок кафеав два дена само црвено незнам ни јас кај да се обратам а мн ми е страв плус и што сум паничарка
Отиди на гинеколог. Можеби се работи за вагинална инфекција. И јас имав таков проблем после вториот пораѓај.
бев но докторката вели се е во ред не ми зема брисеви требало 2недели да немам никаков исцедок. Тебе инфекција ти беше? Како ја откри и како ја излечи?
Испитав брисеви. Самата докторка ми рече. Имав стрептокока. Пиев антибиотик (не ми текнува кој) и ставав вагиналети Флажил.
Јас добив на 2м, две менструации нормални имав, третава добив на 48ми ден На 46ти ден имав јака болка во матка, јајници, кичма, дури и нозе ми се укочија, на 47ми бев на гинеколог и имав на ехото обилно течност позади матката (најверојатно циста пукнала затоа и јаките болки), добив на 48миот ден и еве имам три дена, поплава сум, два пара гаќи ги фрлив ... За месец дена ке одам пак на гинеколог за пап тест, таман 6м од пораѓај.
Прв пат добив по 17м од кога се породив. Еве вчера ми дојде пак значи ми каснеше 2м скоро денес имам ненормални јаки болки ниско во стомакот. Дали е нормално тоа или ?
Па ако се ненормални болки, нормално не е. Мене ми доцнеше 16дена, добив обилно но страшни болки немав. На гинеколог беше сега кога ти каснеше? Се е нормално во матката?
Искрено не отидов од причина што викам јаде нормално да касни болките малку беа појаки бидејќи јас порано кога имав менс. Никогаш немав болки никогаш значи добро и тогаш не ми беше редовна ми каснеше со месец два ама се си беше во ред е сега кога ќр ми помине обавезно ќе одам. Плус планираме и др.бебе па така да ќе морам да одам.
Оди види си баш. Јас пред да раѓав имав многу болни менструации, само пиев кетонали. А по раѓање како да немам добиено, баш само мензис без никакви болки..
Веќе 5м и 13 дена сум породена царски сеуште немам добиено циклус мислам дека сум ко балон ако добијам ќе се издишам...до кога се толерира временскиот период до година ли? Знам дека е индивидуално но чисто ме интересира до кога сте добиле?
Теоретски додека доиш не треба да добиеш, но тоа е индивидуално, некои добиваат на 3 месеци, некои покасно. Јас добив после осум месеци и не се издишав хаха, напротив со доењето се поправив. Е сега ако ти е премисла можеш да се консултираш со твојот матичен гинеколог, верувам дека си правела или планираш да правиш контролен преглед наскоро. Јас правев после породување и после 6 месеци.