Јас добив по една недела откако ми прекина млекото. Дали беше до тоа или не,нема никогаш да дознаам. Инаку,породена сум на почеток на ноември,добив почеток на февруари. Точно 3 месеци
Јас добив на 41 ден после царскиот, направивме молитва и другиот ден јас добив, а ја доев ќерка ми до 2 год и 2 месеци. Ич ме поштеди.
И природно и царски породена добив одма, не ме поштеди ииич Инаку ако доиш може да не добиеш и додека доиш, но трудна можеш да останеш и без добиено
И јас брзо добив, 10тина дена крварев после пораѓај една недела не и после оп уште една недела пак. Врска немав дали сум добила или уште се чистев пошто не ми беше паметот тука и после 4 недели пак па по тоа сватив дека веќе сум се стабилизирала.
Мајки кои прекинле доење, по колку време добивте циклус? Еден месец ми е одбиен бебуш а сеуште нема ни абер
Знам дека нема врска, ама во мојов случај додека доев немав менструација.. И мислев дека веднаш по прекинувањето ќе ми дојди Ќе си ја почекам ко така ахаха
почекај си. Јас добива после 40 веднаш. оскудно ама пак е циклус. блазе си во на вас што чекате хахах
Мами читам разни искуства околу циклусот по пораѓај, па да го споделам и моево искуство и ваше мислење. Породена сум природно и добив циклус после три месеци односно на 5 мај инаку пред да останам бремена циклусот ми беше точен до ден без каснење .првите два месеци по пораѓај се измолзував бидејки малата несакаше да фати, после тоа се убедивме и еве веке скоро месец и пол цицаме а циклусот не ми доага водејкисе од предходно ми касни веке 10 дена. Дали е нормално или да се обратам на лекар инаку бев на контрола после пораѓај и направен папа се е уредно.
И оваа бременост исто, на 41 ден ми дојде тетката, а таман реков лето е ќе си се ладам во Охридско езеро, ама нема. Поштеда никаква, тоа е живот.
Јас вчера имав како крвав исцедок да речам, не беше баш чиста крв, ама имаше дефинитивно. Денес е понезабележително крвав, само на бришење го има. Инаку забележав претходните денови дека имам засилен безбоен исцедок, баш како пред добивање. Не знам што да мислам, што да чинам Тоа ли е, не ли е, кој да знае. Можеби дека ми секнува млекото полека, па решила да дојде после 5 месеци. Не дека има врска доењето, ама ај, нека биде ако треба да биде, иако се надевав раат да сум уште некој месец
Дали некоја мајка пиела контрацепција после породувањето? Сакам да почнам да пијам нешто бидејќи циклусот ми е пореметен скроз не можам да се поднесам многу сум нервозна и осетлива. Стомакот како балон. Цел месец ме скока, не ми доаѓа редовно. Пред бременост циклус имав на 30-32 дена сега ова е страшно. Ќе прашам и доктор ама реков да прочитам мислења и овде.
Едно прашање. 33 дена константно имав крварење после породувањето така 2 пати као на прекин имав кафеаво на ѓаки. после 40 дена бев кај гинеколог и рече уште нема да имам циклус еве ми овој месец ништо. дали може да се остане бремена вака ? или треба циклус па после тоа ?