Овулацијата се случува некое време пред да добиеш менструација, така да, може, иако многу мали се шансите да се погоди баш тогаш моментот да се оплоди јајце клетката.
Колку ви е редовна менструацијата по породувањето? Јас одма си добив вториот месец и имав 5 менструации до сега. Сега последна менструација ми беше на 10ти Јуни, значи 53ти ден терам и абер нема, а ненормално нервозна сум, пмс х100. Бев на гинеколог пред една недела и рече дека ке добијам кај и да е, ама ништо... и денес пак ке одам, ако не со апчиња, зашто не се трпам...
Нема шанси... Од стрес ми рече гинекологот, некое хормонско, ама не даде апчиња дека рече дека за 2,3 дена би требало да добијам. Ама денес сама ке барам, зашто и надувана сум во стомак Плус уште млеко имам во градиве
Па самата кажа била на преглед. Башка жени сме што сме раѓале, не сме тинејџерки за да не знаеме кога е време за тест. Тоа "трудни, а шанса немало" според мене се муабети од неискусни.
Бев на гинеколог вчера, нема абер за добивање и нема ништо.. ендометриум 7, па нема ни за брзо да добијам. Ми даде Примолут нор да пијам и упат за хормони...
Дали откако ќе добиете прв пат по пораѓај, треба да е редовна и точна секој месец? Јас еднаш добив и еве сега не добивам. Да расчистиме пред да ми се нафрлите, бебе нема, не сум трудна. Секако на гинеколог ќе одам, но ме копка, дали е нешто, или може да се случува вака и да е нормално.
Одма добив јас, прва менструација нормална, втора нормална, третата едвај на 48ми ден добив. Па пак неколку пати нормално, па еве сега едвај со Примолут Нор добив на 65ти ден 9м сум породена... и си имам упат за хормони да испитам сега, зашто не е нормално ова кај мене, дека не ни дојам... Доиш ти?
Незнам зошто не сум видела дека си пишала. сори. Си пишувам по други теми.... не те игнорирам. Дојам да. И секој ден закажувам на гинеколог, и секој ден се нешто побитно и поитно излегува. Ме чуди што ме боли долен дел од стомаков, ко за добивање, и ко да неможе да пробие. Ко болка во желудник, па по некое време во јајник. Да речем еднаш на неколку дена приметувам. Еве ќе тркнеме на море неколку дена, па кога ќе се вратиме ќе одам. Мм вика почекај и така секогаш на одмор добиваш. Се надевам ќе и текне на тетка да дојде, не ми се шета по хормони.
Такви болки имам од цисти... но почекај, па после одмор ако не добиеш оди. Колку месеци си породена? јас вчера бев да испитам хормони, живо пиле немаше на Гак, одма за 2мин завршив работа.. Мада чим доиш може вака да те зеза мензисот..