И мене со претходната бременост од кога добив не ми беше веднаш регулиран циклусот, три месеци имав редовно, па еден ми каснеше, па после пак добивав, кога бев н контрола за тоа ми кажаа дека ке се регулира сам, и така и беше. Поздрав
Здраво чупиња, малку ќе е офф топик прашањево мое, ама ме интересира колку долго треба да крварам после породувањето? Се породив пред 26 дена, а гледам вчера и денес сосема малку исцедок, не е свежа крв туку секрет некој бледо жолт.... Ми викаат требало 40 дена да крварам, а кај мене веќе се намали ептен.... Ви благодарам П. С. Доколку има ваква тема префрлете ме таму
Јас добив веднаш после 40 дена, на 44тиот. Очекував да добијам околу 15-16 март но немаше ништо. Пред 2 недели ми се појави само еднаш нешто кафеаво о мислев сум добила, но после тоа ништо. Сега еве стамувам од спиење, одам во тоалет и гледам крв, но некако повеќе ми врти на розево...Нпрмалноли е вака првите месеци да е нерегуларна?!,
Поголем паничар нема од мене... Добивам 3ти пат од кога сум породена. Вториот пат ми задоцни околу 2 недело, еве сега ми дојде на 27 дена. Овој месец вториот и третиот ден ми беше обилна, четвртиот така-така, петтиот по малку, денес шести, од сабајле не беше баш црвено, нешто бледо, а пред саат време пак на хартијата црвена боја. Не е обилно воопшто, но ме плаши. Некако како да ми е поместено за 1 ден. На 6тиот ми тече ко за 5ти ден што ми било порано...Се надеам до утре ќе се исчисти. Дали е загрижувачки ова?
Ништо Ништо не е загрижувачко. Првите циклуси ми немаа никаков ред, ниту временски ниту па одреден период. Така беше се додека не престанав да дојам.
Јас не ја дојам веќе речиси 2 месеци...Гледам дека и косата малку повеќе почна да ми паѓа...Веројатно се хормонии..
Здраво мајкиНеполни 2 месеци откако се породив-природно,на доење сме,а веќе 3 дена крварам како циклус.Претходно нормално тука таму кафеав исцедок,па немав ништо,а веќе неколку дена чиста крв.Немам болки никакви,освен малку малаксана и нервозна сум.Можно ли е да ми дојде толку рано,со оглед на тоа дека дојам,а читам дека на повеќето им иде дури после неколку месеци. Исто бебе овие денови почесто ми бара да цица,слушнав дека млекото е друго кога си со циклус,во смисла на квалитет и количина .Планирам да одам на контрола периодов,но сакам да слушнам слични искуства.
Моево 5 месеци денес прави уште немам добиено Исто на доење сме. Нека не иди уште некој месец, што е убаво вака рает сум
Јас добив на неполни три месеца по пораѓај. Во однос на млекото не видов разлика, ама бебето беше покенкаво тие денови пред да добијам, и пренесов ПМС Крварев исто како претходно, со истата мала нелагодност и исто траеше. Сега чекам викендов да добијам пак ако фати ред, ама се надевам ќе ме рипне
Здраво друштво јас сум од тие "несреќните" се породив природно пред 2 месеци и точно на 2от месец јас добив циклус.... Ми траеше 5 дена, предходно циклусот ми беше 7 дена постојано крварење.... Сега имав како темно црвено - кафеав исцедок.... Се надевам дека ќе биде редовен, а посакував бар летово да ме одмине.... Инаку дојам и имам млеко фулл а немав никакви ПМС тегоби
Исто и јас,на точно два месеци од пораѓај добив,а дојам турбо. Е сега временски требаше деновиве да ми дојде втор пат откако се породив,ама еве касни...малку ме фаќа паника да нè не е нешто во ред... Се надевам само дека е сеуште нерегулиран циклусот.
Јас добив точно на два месеци од пораѓајот,а дојам турбо. Така да нема некое правило ни во тоа,секој организам си е различен.
Не грижи се, јас еве денес добив а имав уште 13 дена.... Додека се среди вака ќе биде, внимавајте на однос зашто вака се останува бремена
Јас се породив на 31.03 крварев до 07.05 и денеска пак добив, кафеав исцедок имам, кај некоја толку скоро и има дојдено?
Дали чувствуваше ПМС симптоми? Мислам дека не е менструација,сеуште се чисти телото од пораѓајот. И мене последните неколку дена те немав кафеав исцедок, те имав.. За најсигурно ти е сега контрола кога ќе правиш на 6 недели да прашаш гинекологот. Поздравче!