Ах душо, ти мојата среќа ја имаш изгледа, со претходната бременост исто како тебе, никако да се отарасам од влошки. Исто само на доење беше синчето. Тоа ти е, жена е чудна работа )
Иста среќници бев јас. Веднаш после 40 дена добив со синко, а го доев 11 месеци. Само што ми се намалија болните симптоми од кога бев девојка, или пак станав поиздржлива после пораѓај. За ова ќе видиме.
Не ми е обилно крварењето како што ми било,оскудно е но го има.Инаку болка не се ни осеќа.Баш ко што викаш,изгледа од породувањето отпнав за наредни години
Бебе е 4 месеци,а два пати веќе редовно добивам,иако сме на доење..и јас помислив ич не ме одминаПретходниот пат не осетив ништо пред добивање,немав болка,ми траеше нормално.Но сега еве трет ден сум,значи таков лош ПМС имав,ауу страшно нешто,со дерење,со нервози,криза за благо,главоболки со се комплетА колку ми беше само обилна првите два дена ужас,многу крварев еве сега ми се намали наеднаш.Мене по принцип ми беше обилна,но сега ептен.Е добро е што немав болки.
Мамички вака значи после пороѓај крварев нормално некое време на 37 ден од породувањето повторно обилно крварење и заклучив дека е веќе менструација одма ме нападна кучката после пороѓај не ме остави да се издишам иако го дојам малото мое ми траеше негде осум дена. А еве од вчера пак крварам ама не обилно туку по малку.закажав нагинеколог ама да ми прекине крварењево.страв ме фаќа дали е нормално вака дали на некоја од вас слично ви се случило.
Здраво да ве прашам .. се породив природно и циклус добив после 5 месеци.на 02.06 имав овој месец немам.2 теста правев негативни .. се случило вака на некоја од вас?
Најверојатно не е ништо, има многу жени што не добиваат по 1 година од пораѓање. Но сепак еднаш годишно треба редовна контрола на гинеколог, па заедно со тоа да ти направат ехо на јајници не е на одмет. Не треба да чекаш да се јави проблем за да посетиш гинеколог. Јас бев на 3 месеца по пораѓањето, чисто да знам како оди закрепнувањето.
Јас сум 11 месеци породена ја доам малата и уште немам добиено. Коа бев на гинеколог сестрата ми вика последнА менструација и викам ааа 2017.и она цела во прашалници и викам го доам бебушот
Јас не знам дали добив или не. Или ќе добивам Значи,вчера на два пати имав “крварење” ако воопшто можам и така да го наречам, но многу темна боја. Кафеава. Исто како што ми беше последниот ден од циклус претходно. Во многу мали количини, вчера цел ден и денес од сабајле е така. Дали не може да пробие бидејќи е поминато многу од последна менструација или нема везе? Од страв што е и како е си купив тест бе, леле
Здраво. Јас добив претхидниот месец на 06 ти после 13месеци од породувањето. Еве сега овој месец немам уште. Имам болки благи (да напоменам пред да останам бремена мн ме болеше при добивање, и сум добивала ко саат на 28 дена).. има место за паника бидејки касни или уште не е стабилизирано. Искуства?
9 м поминаа, а вештерката ја нема. Искрено веќе се загриживам. Не знам дали да одам 3 пат на гинеколог. Бев еднаш на 6 недели и еднаш на 3 ипол м и матката си беше вратена и ми рекоа дека не добивам дека дојам. Но некако овој м се чувствувам подуена и одвреме на време ме пецкаат јајниците. Се си викам ќе добијам, но ја нема и ја нема. Не дека ми фали, ама голем паничар сум. Можеби има врска што бебе цица како новороденче по цела ден и ноќ, па пролактинот уште ми е висок.
Добив точно на истиот датум од последната менструација. Точно една година Ама толку обилна како сега не ми била, не можам да се средам, влошки менувам на пола саат и пак се случува да прокиснам. А болки немам воопшто за разлика од пред да останам бремена. Не знам дали е нормално или да одам да си прашам
Мене од ко прекинав да крвсрам, т.е од после 40 дена од породувањето ми доцнеше уште 2 месеци го доев синко. Секна млекото па ми дојде. А и баш кога бев на контрола и ко прашав зошто уште немам докторот рече не е страшно можи и 6м и 1 год да не добијаш. Ама дојде вештерката
Мене ми дојде 5м после пораѓај, и многу се изнервирав тогаш Сакав уште некој месец раат да си бидам. Ама нема како јас сакам де Пред бременоста имав мнооогу болни циклуси, нон стоп бев со апчиња и пак тешко ми беше првите 2 дена. Знаев кога ќе ми дојде оти ме сечеше стомакот претходно. Сега после пораѓај, не ни знам дека ми пробила ако не видам на гаќите лом. Немам никакви болки, воопшто, и многу ми е чудно што не знам кога ќе ми дојде. Плус, многу пообилен ми е циклусот сега, и протекувам нон стоп. Ме нервира тоа ептен многу. Сега ми трае и подолго од претходно, 6 дена секако имам. Не ги сакам болките назад никако, ама па и не сакам волку да крварам. Инаку, уште го дојам бебо, не приметив некоја разлика кај него во цицањето додека имам циклус.
Здраво мајки, Јас се породив на 9ти јули, некаде 43/44 дена поминаа, еве веќе два дена имам флеки од розе крв на долниот веш, многу мали крукчиња, но не крварам воопшто, ни на бришење нема ништо..дали во прашање е циклус или ми е заостанато чистење од породувањето? Некоја со слично искуство? Инаку на доење сме
Ако е светла крв подобро да те види гинеколог. Јас имав светла крв после 40тина дена по првиот пораѓај, ми дадоа капки за да ми престане.