Добив денес. Точно 5 месеци. Претходниве денови лицето ми беше како во пубертет да сум Нека заврши хормонсково лудило аман..
Бебе 3 месеци и 10 дена, на доење. Изминативе две недели да речам имав лигав исцедок како чепот кога ми паѓаше. Повремено во минатиот месец имав некоја болка и си викав аха еве ја иде, ама немаше ништо. Денес од сабајле малце жарење во јајниците,попладне проби темно црвена крв. Малце ми е чудно зошто секогаш ми идело прво розево,па темново па на крај кафено. Ама прва менструација по породување, може така треба. Се надевам бар нема да се болни менструацииве, толку од уживањето без улошки
Помина точно 6 ипол месеци од како се породив. Крварењето ми беше слабо, тие 40 дена, колку да се рече дека крварам инаку бев со царски рез породена. Циклусот пред пораѓај ми беше со јаки болки и обилно по 5/6 дена. Денес прв пат имам еднаш кафеав исцедок и малку розеникава крв.. дали ми доаѓа циклусот ќе немам раат веќе или нешто друго е во прашање... слично искуство..болки немав меѓутоа ме болеше само кичмата, од лошо спиење и од бебка што ја кревам..малку и раната мислам од ладново..
Кај мене беше прво кафеаво па темно црвено,малку течеше 3 дена,една влошка на ден,денес 5ти ден само на бришење. И мене ми беа посилни менструалните болки пред да останам бремена.
Точно 4 месеци од царскиот, нешто розево ми потече сабајле. Изгледа добив. Дојам турбо дење ноќе уште. Пред некој ден ми рече една, штом си со царски и доиш, нема да добиеш дур доиш. Нормално е да добијам после 4 месеци? Тоа ми беше прашањето. Знам дека повеќето добиваат дур дојат, туку дека и царски и доење.
Јас доев и ми дојде точно на 5. Нема апсолутно никакво правило. Другарка доеше до една година породена со царски доби веднаш после 40тиот ден од царскиот. Нема врска доењето со менструацијата.
Поминаа скоро 6 ипол месеци од пораѓај, царски...на 23ти овој месец имав кафеав исцедок па темна црвена крв, овие два дена имам крв само на бришење и колку да се рече дека треба да носам влошка..предходно циклусот ми беше многу обилен и болен, сега ништо, предходно кичма само, дали ми е сменет сега, не е пробиено уште или друго нешто е..секако ќе закажам понеделник преглед, некоја слично искуство до тогаш да ми каже...☺️
Мамички,треба да се направи контрола на гинеколог после прва менструација по породување или не мора? И ако треба што содржи прегледот,зашто имам фобија веќе од тој спекулум или како и да се вика
И јас посебно по првиот пороѓај имав фобија од прегледи, па кога престана крварењето, а немав болки и никакви други проблеми, решив дека сум здрава и не отидов на преглед ни по првиот, ни по вториот пат
Одма после прва меснтруација не мора, ама ако поминало повеќе од година после првиот преглед, мора. Мора да се прави редовно ПАП, ехо, колпоскопија, брисеви...
Ете и јас нешто пред да наполни бебуш 5 месеци добивам и уште неможам да поверувам со оглед дека цела година помина. Чудно ми е. Маж ми го пратив по улошки
Јас после 5 месеци добив. Тоа беше во јануари. Ама во февруари не. И сега се мислам сеуште ли не е средено....
да да тој го поминав,се мисли после прва менструација ,јас добив 5месеци по породувањето па прашањето ми беше дали треба повторно контрола. инаку во меѓувреме бев на преглед,ми зема брисеви ,пап и ехо ,што значи контрола за година дена
Поминаа 8 месеци од пораѓај..прва менструација имав точно на 6.5 месеци Таа ми беше 3/4 дена кафеава (23 јануари беше тоа) На 13.02 повторно добив меѓутоа многу кратко 2 дена мислам Овој месец ми касни 2 дена... Уште не ми е средена или нешто друго ќе да е Планирам на гинеколог, т.е морам само еднаш бев, 1 месец после пораѓај.. Некоја со слично искуство..
Здраво. Ај да си прашам. Јас уште немам добиено, 3 месеци поминаа од царски. Маж ми не ме чува као демек немаш добиено нема шанси да забремениш. Искуства после колку време од породување може да се забремени? Не релевантно ама ќе го убијам ако забременам уште сега.