Немав циклус се додека го доев до 10 месеци. Ми дојде прв пат на 10.08 , овој месец само една вечер имав слабо крварење и толку беше. Досега сум имала неродевен циклус, колку време треба додека се стабилизира повторно? Не сме имале ризичен однос , тоа го исклучувам.
Јас добив после месец ипол од пораѓајот и не ми е тешко и мачно како што ми беше пред да забременам, ако продолжи вака без никакви мачнини ни стомак да ме боли, ни бубрези ни глава може да си добивам ич нема да ми смета
Мајки , сакам да прашам нешто, прочитав негде дека за време на доењето доколку немаш менструација, не си ни плодна односно неможе да се остане бремена . Ме интересира колку има вистина во тоа, доколу некоја имала искуство
Доев, останав бремена и по зелено светло од гинеколог и педијатар, плус коронава, продолжив со доење до 20та недела од бременоста. Да не се изненадиш и ти како мене п.с. имав менструација
Немам искуство ама од доктори знам дека може да останеш бремена. Инаку јас пак после 2 месеци си добив. И по првото породување исто беше.
Јас веќе 3ти месец го привршувам и уште немам добиено . Некако ни е да плачеш ни е да се смееш целата ситуацијата.
После царскиот крварев скоро 40 дена, 10 дена бев скроз чиста и сега прокрварев, можно е да сум добила или ?
Ај да пишам и овде, после 10 дена откако мислам се исчистив од крварењето, вчера пак почна, можно е да сум добила толку брзо?
Можно е, но сепак треба да отидеш на гинеколог за потврда. Инаку, има две вакви теми, @danichap @kukla21
Пред 2 недели се породив. Дур бев во болница крварев. Цела недела ништо немав и денес наеднаш прокрварев. Ова добиено ли е или уште се чистам, како да знам?
Не. Во болница кога бев така ми се случуваше при доење да тече. Цела недела нема ништо и сега одеднаш... Абе хаос, дали дете да гледаш дали себе
Матичната рече дека е можно и да сум добила, само телефонски се слушнав ќе видам колку ќе трае, како ќе биде, малку пообилно ми е од тие денови после царскиот.
Ми прекина крварењето ден два пред 40 дена за неполна недела добив, прво си мислев не е можно но ете можно било од кога ми заврши некаде на средина на циклус бев на контрола кај матичниот и си имаше овулација и за две недели пак добив јас мислев ссмо кај мене толку брзо се врати во нормала.
Еве и јас се приклучувам, добив точно после 2 месеци и некој ден. Малку се разочарав, сакав да потрае..како што би се рекло лепо је било док је трајало )) Инаку дојам, па мислев бар 6 месеци ќе ме поштеди ама ништо
Нема ни 40 дена од порајѓај,крварев така пообилно на болница првите 3 дена. До денес се кафено и наеднаш денес она чувство на добивање и црвена крв. Она баш како прв ден од циклус. Царски се породив. И не дојам Не е дека одма добив
Скоро година по порагај и сеуште немам менструација, иначе дојам. Матичната ми напомена дека до година е ок, доколку немам и после 1 година ќе треба да се превземе нешто. Меѓутоа на мисла ми е што? Дали би можеле да споделите искуство вие што сте биле во ваква ситуација