Ај да прашам и јас бидејќи веќе почнав да си правам филмови дека нешто ми се дешава. Од крварењето што е до 40 дена јас крварев само две недели после тоа само жолт исцедок имав, е на 40от ден точно добив циклус ама еве веќе 9ти ден сеуште ми трае, крварењето не е баш обилно но е како втор и трети ден што е така јако, јас очекував веќе да привршува ама еве сеуште си тече, повремено имам така менструална болка во јајниците и тоа е. Не можам преглед да си закажам од ова, и пишав на докторката и ми даде капки. Имала ли некоја друга вакво искуство?
Јас добив сега на 29, баш за среќна нова година. Бебето на 17.12 направи 15 месеци. Значи добив после 15.5 месеци некаде грубо. Или две години откако имав последна менструација пред да останам бремена (22.12.201. Многу ми беше убаво без добиено. Ова добивање ми беше ужас. 4 дена обилно течење, правење сѐ лом, ни менструална чашка ни улошка.. крш. Да не зборувам дека имав заборавено како се мести чашката, па брцај брцај, уште толку се фрустрирав. И тоа во 5 сабајле. Морав и туш и сѐ, а ми се спие, ми се плаче. Ај да видиме колку ќе е редовна сега.
Кај мене уште има жолт кога сум во фаза на овулација али прво добивање после точно три месеци од пораѓај на иста дата да сакав немаше вака да испадне али првото добивање траеше околу 10 дена мислам али не обилно туку колку да мораш даставиш влошка
Здраво мајки Јас добив после 2 месеци по породувањето и еве до сега си добивам редовно на 28 -29 дена како и пред бременоста. Но сега многу ја осеќам овулацијата, во плодните денови имам исцедок малку жолтеникав и ме болат јајниците што не ми се случувало до сега . Откако ќе минат тие денови како ништо да не е. Бев на преглед после 40 дена од породувањето и се беше во ред ,не успеав заради коронава да одам после 6 месеци. Инаку бебе е 9 месеци за малку и уште се доиме.
@srce-9 И јас откако добив после пораѓај (по 10 месеци) исто доев повеќе осеќав овулација и некои тапи болки во јајници повремено, по 15 месеци од пораѓај останав пак трудна и морав да одам на гинеколог, па излезе дека ми се појавил миом, може и од тоа да имав болки. Најдобро отиди си на преглед, и јас како тебе претходно се плашев да одам по доктори, ама сега увидов дека шансите да закачиш корона на гинеколог ти се исти како во продавница да си отишол дури и помали. Барем кај мојот гинеколог се влегува со скафандер, маска, визир, дезинфекција, нема ни гужви, дури и подобро од претходно е
Почекај ја следната ако пак е вака тогаш оди прерано е од првата да знаеш Ја на пр пред бременост обилно крварев протекував низ фармерки првите 3 дена а сега па немам толку многу Ја и анемична бев па малце се средив можеш да одиш крв да дадеш чисто да провериш железо Дали пиеш доволно ц вит?
Леле што убаво...мене по 40 дена ми дојде и редовна си е секој месец на датумот овој баш и два дена порано Сега немам толку болки како порано ,ама ми трае подолго место 5 сега и до 8 дена трае ,од кои првите ,лом се правам . Чекам да помине па да одам на гинеколог да видам што ќе каже ...
Бев на преглед за ова, и докторката виде дека сум имала циста и сама пукнала па затоа толку траело, а плус ми даде и едни капки за запирање на крварењето. Е сега чекам втор циклус па ќе видам како ќе биде.
Да. Преку ден не толку, ама навечер уште спие до мене, се буди и со цицање презаспива. Ок е да се потсредат хормони, ама сепак.. ич не ми фалеше, ич.
Денес правам 40 дена после пораѓај. Крварењето од пораѓајот ми престана пред една недела и се намали на кафено/жолт исцедок. Од вчера почна обилно крварење повторно еве и денес исто. Можно е да немам среќа и да имам добиено? баш дека дојам се надевав барем некој месец да поседев раат На гинеколог имам термин за две недели.
Може уште се чистиш. Мене ми се случи да ми престане две недели и после повторно имав црвена свежа крв. Бебето беше тогаш скоро два месеци. Траеше неколку дена, па помина. А не беше циклус. Види колку ќе трае и поразговарај со гинекологот.
Кај мене беше овака, испадна дека уште се чистам. Се јавив и ми рекоа да гледам како ќе биде, ако имам силни болки, обилно крварење(да мењаш улошка на часгдва) или качувам температура, веднаш на лекар. Беше кај бабицата на преглед?
Не, на 26ти дури. Ќе следам ситуација. Се зачудив дека мнооогу обилно ми се чини крварењево, една пакетка улошки изоде веќе.
Здраво на сите. Јас сум нова на форумов, редовно ве следам и читам и ова е моето прво прашање . Имено, се породив пред 5ипол месеци, а денес мислам дека ја добив првата менструација после породувањето. Но, уште од породувањето( по природен пат ) ми остана мала раничка која ме боли при мокрење и при односи и докторот ми рече треба да се санира хируршки. Но, претходно ме праша дали добив менструација и откако му кажав дека немам,ми рече да дојдам месецов после 15 јануари и да договориме термин.Дали некоја од вас имала вакво искуство и дали менструацијата може да помогне да се повлече раничката која е повеќе како црвенило?
Здраво на сите. Јас сум нова на форумов, редовно ве следам и читам и сакам нешто да прашам ( веќе го поставив истово прашање во слична тема) . Имено, се породив пред 5ипол месеци, а денес мислам дека ја добив првата менструација после породувањето. Но, уште од породувањето( по природен пат ) ми остана мала раничка која ме боли при мокрење и при односи и докторот ми рече треба да се санира хируршки. Но, претходно ме праша дали добив менструација и откако му кажав дека немам,ми рече да дојдам месецов после 15 јануари и да договориме термин.Дали некоја од вас имала вакво искуство и дали менструацијата може да помогне да се повлече раничката која е повеќе како црвенило?
Породена сум пред шест месеци, дојам и сеуште не сум добила. Последните недела дена чувствувам како менструални болки, некогаш мали некогаш посилни. Последните неколку дена градите ми станаа ептен осетливи, дури чувствувам непријатна болка во брадавиците кога цица бебето. Се мислам дали тоа значи дека ќе добијам наскоро. Тест за бременост правев, негативен беше.
можно е, ама можно е и не. И јас имав болки во матката со месеци пред да добијам. Буквално месеци. И тоа менструални болки. Пишав и на гинекологот дали да одам, ми рече дека било некогаш ок да траат неколку дена во месецот. Ама ако траат долго, тогаш да одам. И секогаш ќе престанеа за 4 дена некаде. Што се вика, тие грчења повеќе ме болеа во споредба со првиот пат сега кога добив.