Мајки кога се стабилизира циклусот? Еден месец ми касни по неколку дена, друг месец ми подранува цела недела...Немав вакви проблеми пред да родам ептен редовни циклуси имав. Да напоменам дека дојам. Можно е од доењето да биде вака нередовна? Бебе има 5+ месеци и имам досега добиено 4 менструации.
I jas da se vbrojam tuka.. maloto ima 16meseci a mojata menstuacija nema aber...ne deka mnogu mi fali,ama ete taka kako nekako da mi e cudno ko ke se setam na nea! Pa do koga moze da trae vaka?@ Inaku ja dojam seuste,koga ke si dojdeme od gradinka si bara cuce i za spienje...ne se isti podoite,nema ista laktacina ama nema i mens,cudno mi e zasto so drugite dobiv posle 5 6 meseci a so ova nema ni traga ni glas...
Девојки, дали некоја имала обилна менструација после породување? Јас утре правам 40 дена, ми заврши слабото крварење (прочистување) и вторникот ми започна циклусот но од вчера се засили со обилно крварење да полнам влошки на 2-3 часа, буквално како река да тече А недела имам крштевка не знам како ќе одам ваква...
Јас вториот ден ми е најобилна, се случува и на 1 саат да менувам влошка. Пред да останам бремена немав многу обилна менструација но многу ми беше болна, без кетонал не одев никаде. Сега обратно, обилна но без болки. Исто и мене ми дојде на 40 дена по пораѓај.
Истоо многу болни циклуси имам и кетонал чепче ставам секогаш, сега не е болна ама обилна значи има надеж да се смири до утре Многу лошо не можам да излезам од толку што е обилна, а камоли на пат да тргнам
И мене ми е обилна еве и после повеќе од 3 години. Трошам некад и 30 улошки. Прв и втор ден некад и на пола саат мењам. Без болки за разлика од предходно. Трет и четврти ден намалува ама знае пример попладне да се растече исто како и вториот ден, среќа пократко трае. Шо би рекла Анџелка(од андрија и анџелка), ма то шиче на све стране
И мене ми беше доста обилна првите месеци посебно ,исто со големи болки пред ,без никакви болки по пораѓај ,освен раната од епизитомија
Денес изгледа добив менструација. Се породив пред 2 месеци и 2 дена. На преглед бев после 6 и пол недели, значи пред 2 недели и тогаш докторот рече дека не изгледа дека за брзо ќе добијам фоликули немаше пораснати, ендометриум танок. Можно е да се смени состојбата во 2 недели па да добијам или нешто друго е? Брисеви направив се е во ред.
Zdravo zenski vekje 3 meseci ima kade sto sum porodena e sea interesna rabota sto jas malata ja dojam i odma posle 40 dena negde posle veligden mi dojde kaj 3 ili 4ti behse e sea eve pomina mesec nema niso ima vrska da praj nekoj otskoci da nekoj mesec imam nekoj mesec nemam? Da napomenanm uste ja dojam
Нормално е, додека се стабилизираат хормоните ќе ти биде нередовна менструацијата. Плус ако доиш може да ти доцни, да ти дојде и порано..Мене така еднаш ми доцнеше 1 недела, па наредната ми дојде за 20 дена...
Породена сум царски пред 4ипол месеци. Крварев до 40от ден после пораѓај, пд тогаш ништо. Воопшто ми нема дојдено, до 3 месеци ја доев малата и потоа ми секна млекото. Кога добивте тие што не доите воопшто?
Здраво, дали имал некоја слична ситуација како мојата и дали е нормално да се чистам се уште. Породена сум на 1ви април и нормално ми траеше околу 37 дена, после тоа на секои две недели прокрварувам. Еве баш денес пак прокрварев, а претхосно пред две недели исто крварев али не обилно. Пред да прокрварам имам болки во долниот дел од стомакот. Од ова крварење цело време не можам ни на гинеколог да појдам.
Devojku posle kolku vreme se sreduva menstruacijata po poroduvanje. 6 meseci odkako sum porodena. Pred 2 meseci dobiv i si dobivam tocno na denot megjutoa 2 nedeli odkako ke dobijam mi se slucuva nekoj minimalen iscedok 5 6 dena kafeavkast. Pred da dobijam go imav istoto samo traese podolgo. Na ginekolog bev nekolku pati se e vo red pap vo red brisevi. Posledno doktorkata mi rece hormonalno e se machel organizmot da dobijam. Toa bese pred prvata menstruacija. So dobivanjeto mislev ke se sredi ama seuste isto mi se slucuva Dali nekoja imala slicno iskustvo.?