Здраво феминки.. сакам да ве прашам дали некоја има сличен проблем како мојов сепородив пред 6 месеци на ГАК трета бременост уредна после пораѓај ми оставаат парчиња постелка во мене пробавме со таблетки за абортус да се исчисти тоа што останало но безуспешно. Потоа мораше на киретажа да се извадат крварев некои 10 дена и више отогаш немам менструација асална секој месец доаѓа по два дена само кафено на бришење бев на гинеколог ми даде Примолут нор да се среди и пак ништо претходните породувања си имав нормални менструации секој месец сега вака сум загрижена ако има некоја слично искуство нека сподели ви благодарамда напоменам дека не го дојам бебето
12 месеци породена, 2 недели не доам , уште неам циклус. Има ли некој вакво искуство?Може ми е нешто од тироидата или влегувам во климактериум?Циклусот ми бил секогаш точен. Термин на доктор имам дури во мај.
Доев 2.5 год, циклус немав 2 год. Многу ти е рано, сеуште не се средени хормоните. Почекај уште малку. И јас мислев климакс ме фаќа, но др ми рече како нова си после пораѓајот. Рестарт му направив на организмот на скоро 40 год.
Стварно?Па мене ми е рано.Не дека нешто ми недостига циклусот ама пак се уплашив да не е нешто сериозно. Мајка ми на 37 год ја фатило климакс па си мислам да не е нешто генетски. Фала ти.
здраво девојки за еден месец веќе две години како сум породена, менструација добив после 5 месеци од пораѓај, ама откако добив менструација ми се намали обилноста. не ми тече како што сум имала претходно менструација. а ми трае точно 6 дена и на 28 дена добивам. ама крварењето ми се намали многу. значи ако на вториот ден и третиот ми течело највеќе сега на трет ден како 6 ден последен . значчи буквало како што ми тече сега може за една ден да ми заврши дали ви се има случено вакво нешто слично? дали ви се намали крварењето после породување?
Исто и мене после првата бременост ми се намали крварењето и ми трае само 3-4 дена. Претходно многу ме болеше и стомак за време на менструација а сега не.
Да, сосема нормално. Пред да родам, имав ужасни болки и обилни циклуси по седум дена. После двете бремености, циклусот ми се редуцираше на одвај пет дена, од кои само еден ден крварам малку повеќе, другите денови многу малку. И немам никакви болки.
Zdravo devojki se porodiv pred 7 meseci, seuste nemam dobieno mesecen ciklus, nemam poseteno ginekolog, ima li nekoja so slicna situacija kako mojata? (da napomenam deka dojam)
После 40 дена кога бев на контрола на гинеколог, докторката ми рече до 1 година дека се толерира да не добиеш циклус особено кога се дои. Така што мислам дека нема простор за паника.
Здраво мајки, Породена сум пред два месеци го дојам бебето, вчера и денес имам по малку исцедок со боја на крв. Дали тоа значи дека добивам?
Истото ми се случи и мене баш сега прашав во друга тема, крварење после пораѓај, некоја ако има такво искуство нека сподели, ете го прашањето: Здраво дали на некоја членка и се има случено скоро два месеци по пораѓај да прокрвари, свежа крв, но само еден ден, а со царски породена? Дали можеби е менструација ? Едит: исклучиво на мајчино млеко ми е малата, дојам.
Мене ме интересира кои ви беа симптомите дека ќе добиете за првпат по породувањето? Дали беа исти како пред бременоста? 7 и пол месеци како сум породена, уште не сум добила, а веќе неколку дена имам зголемен исцедок, и некои чудни болки во стомакот, не знам дали да се сомневам.
И јас како вас пред некој месец пишував и прашував на оваа тема. Јас дојдов до заклучок дека кај секој е индивидуално крварењето и нема правила. Конкретно јас постпородилно крварев многу долго и веднаш потоа ми дојде и ми доаѓа редовно, двапати ми дојде и на 2 недели. Еве веќе 6 месеци сме, породена царски и до пред некој ден ексклузивно доње. Сега е околу 90%доење.
Прашав во друга тема, но највееројатно не е толку посетувана, еве го прашањето... 9 месеци после пораѓај а сеуште имам жолтеникав секрет без мирис. Не е обилно, ама мора со секојневни . Направен контролен преглед се е чисто. На странски форуми читам дека може да потрае се додека да добијам менструација или пак кога ќе престанам со доење. Некоја со вакво искуство? Совет некој? Поз мајки
сега ја отворив темава за да прочитам искуства, иначе пред 10 тина дена наеднаш ми се намали млекото, бебето ми е 4 ипол месеци и на ексклузивно доење, барав одговори по форуми, другарки и сл. две другарки шо ги доеја децата по 2 години ме убедуваа дека млекото не може да секне преку ноќ дека ќе добијам и стварно добив денес, инаку од симптоми ги имав истите малце ме приболуваа јајниците ппследниве 2 недели, промени во расположение и сл.