Девојки здр Породена пред 9 месеци, прв циклус после 3 месеци од пораѓај ,добивав точно на 39-тиот ден , сега овој месец никако да добијам а цела недела имам тегоби во јајници и сум потечена ….пред да добијам прва менс бев на гинеколог и се беше ок , нз дали одам хормони да испитам или нормално е после пораѓај и да не е редовна мен? ….да напоменам дека дојам
Следи ситуација. Дали и утре ќе имаш. И јас исто ко тебе скроз крварев недела и пол две. После жолт исцедок понекогаш. И сега пред неколку денови имав крв на бришење и влошка ставав. А другиот ден слабо и потоа ич. Бев на преглед. Не било менструација. Ако не си сигурна нека те видат на ехо ќе ти кажат дали е менструација.
Имала некоја обилна менструација после породување? И што е обилна според вас? Јас 3 дена ептен по малку имав крв ама еве веќе 4ти ден, имам обилно. Што знам не е како претходните менструации, за 2,3 часа ми се полни влошката. Почнав вит Ц да пијам, демек да се намали интензитетот малце..
Обилно крварење како што памтам гинекологов шо ми кажуваше е 2-3 влошки во 2 саати Не очекувај да ти биде како претходните менструации во скоро време. Јас 8 месеци добивам и ниедна менструација не ми е иста - или ќе ми претекува, или ќе ми трае 2 дена па наредните 5 ќе се цеди колку да трошам влошки . Малата ми е 10 месеци, ич не ме поштеди
Oх добро, значи не е страшно моево. Ми олесни. Инаку после првата бременост, дека доев цело време,добив после 8 месеци и баш исто како претходно, со ист интензитет. Сега после вторава бременост ,дека не дојам, добив после месец од породување, ептен обилно во споредба со минатите менст, реков да не има нешто пореметено докторот или хормониве
Zdravo majki,porodena sum pred 9 meseci posle porogjaj prv ciklus posle tri meseci.Od togas navaka ciklusot sekogas mi doagjase so kasnenje no se rabotese za 5 6 denovi,sega trebase da dobijam na 27 sep no se uste mi nema dojdeno,posetiv ginekolog dva pati da proveram slucajno da ne se raboti za bremenost,no kaza deka ne se gleda nisto takvo ako bilo toa ke bilo vekje 5 nedeli i sigurno ke se gledal plodot.Isto taka imam problem i so tiroidnata zlezda pijam terapija, posle porogjaj hormonite mi se gore,dolu i seuste ne mi se sredeni,mi kazaa deka mozebi ima i toa vrska.Dali nekoja se soocila so ovoj problem da ima kasnenje pri doagjanje na ciklus povekje od nedela dena,a da ne se raboti za bremenost?Ve molam za soveti i iskustva. Izvinete na dolgiot post,vi blagodaram.
Уште не ти е регулиран циклусот. Еве и кај мене не е редовна менструацијата, бев на гинеколог, сѐ е во ред ама треба време да се регулира. Плус и кај тебе проблемите со тироидните хормони дополнително влијаат. Јас немам такви проблеми.
Пред да добиете првпат, имавте ли ПМС? Година веќе направи син ми, никако не сум добила, ама денеска имам страшни напади на нервоза за буквално ништо, огромен апетит, подуена сум како топка. Сѐ си мислам дека ќе добијам.
Нема врска, добив после 4 месеци од пораѓај, а ќерка ми ја доев 25 месеци. Апсолутно ништо не се менува.
После 44 дена од пораѓајот добив тоа беше август и септември тогаш имав свежа крв, а овој месец на почетокот имав само при бришење и тоа само бледо розева крв 1-2 дена траеше и сега од вчера пак така ставив влошка и на неа цел ден 2-3 капки имаше само сега и при бришење нема ништо нормално ли е? 3 месеци откако се породив.
Колку дена ви траеше првата менст после породување? 8ми ден ми е денеска ако не престане до петок др рече да одам да ме види на ехо
И јас сум 7 месеци и уште со нерегулирани менструации по 2 недели ми касни и повеќе. И кога ќе ми дојде не ни осеќам ни болки ни ништо ко гром од ведро небо
и јас бев исто, пред да се породам со ненормални болки, сега само добивам ни осеќам нешто ни ништо, иначе ми требаа месеци да ми се среди ми каснеше и по 10 дена, сега веќе една година од пораѓај и два месеци не дојам си се нормализираше добивам како пред пораѓај на 28 дена, само без болки
Majki,prasav prethodno I mi kazavte za dobienoto. AMA sega pak nesto da se konsultiram. 4ti den kako imam dobieno. Epten mi e obilna I na momenti kako Mali parcinja. Nemam bolki. Mnogu malku. Prvpat dobiv posle carski.....dali e normLno prviot pat da e poobilna i so takvi parcinja? Doktorkata me zagrizi demek ako imalo parcenca Ne bilo dobro
Zdravo, prestanav so doenje i sega mi docni ne sum bremena, dali e mozno dodeka da se izregulira teloto i hormonite da mi docni radi prestanok so doenje
Мислам дека е сосема нормално, се чистиш. Ама појди на едно ехо откако ќе ти заврши ќе знаеш. А парченца сум имала секогаш скоро после вирус, кога сум пиела лекови...