Здраво мајки, тука сте поактивни па ќе прашам, а ако е за друго место постов нека го тргнат. Добив прв пат, бебе е 8+. Преобилно ми е, за 2 часа е преполна ноќна улошка и тоа. Во принцип ми била обилна така 2 и 3 ден ама ова е над сите мои познавања за обилност. Колку што прочитав нормално било бидејќи е подебел ѕидот на матката пто треба да се исчисти ама баш се загрижив. Секогаш ли ќе ми е вака или ќе се нормализира?
Добро утро мајки. Пред недела и пол имав циклус. Денес се разбудив со огромни болки како игли...не можам да седам. Можно е да е овулација? Прв циклус ми беше два месеци после царски.
После колку време ви се регулираше менструацијата? Јас додуша уште асално немам добиено изгледа. Еднаш крварев во декември неколку дена, еднаш на 7ми јануари "добив", ама како да не беше менструација тоа. Не крварам нормално, ниту обилно, туку како по 5-6 капки на ден, и тоа не секој ден со ред. Немав ниту болки. Пред бременоста не сум имала вакви менструации, секогаш ми беше точна, со нормален тек и со силни болки.
Мене ми е удрена со мокар чорап менструацијата скроз. Прво добив 2 месеци после пораѓај, 4 месеци добивав ко под саат. Со нормално крварење, без болки. Па тогаш почна да ми касни, па да крварам апла, па овулации крвави не знам ти шо се не. Па пак се среди. И месецов пак ми каснеше 10 дена, ќе го запалев маж ми и ќе го изедев фрижидерот тие 10 дена и крварам ко дупла менструација да сум добила. На лото
По околу година и пол од вториот пораѓај, добив после 8 месеци, па ми доаѓаше на 40 дена некое време е тука мислам дека се мрднував од 28-40 ден, по првиот на 4 месеци и беше нормално на 28 дена,после секој пораѓај се менуваше кај мене, после првиот и вториот болки немав супер бев дури и чудно ми беше, ама после спонтаниот ми се изремети скроз почнав да добивам од 21-25ден, со ненормални болки
Мами полниме 6 месеци, а јас уште немам добиено менструација, спонтано породена. Има ли простор за грижи?
Ај да си ја кажам и јас маката Породена пред 6 месеци, после 4 месеци си добив. Овулацијата си ја почуствував со болки и после 14 дена ми дојде тогаш. Од тогаш еве 2 месеци абер нема да се појави. За разлика од скоро сите тука јас сакам да ми дојде, некако мислам дека со тоа хормоноте и психата ќе ми се стават во ред. Последниве 2 дена чуствувам остра болка како со шило да ме дупчи буквално некој кај левиот јајник. На преглед бев после 4 недели од пораѓај и од тогаш не сум била. Ако продолжи болкава уште денес утре секако ќе одам. Прашањето ми е, можно ли е овулација ако е само во лев јајник остра болка? Или што би можело да биде ако има некој слично нешто?
@LiquidLuna да ти кажам 300 филма во глава ми се свртеа, па отворив тука читнав дека можда и да е овулација, ќе видиме. Фала ти на одговор Ова бре лудило е да си жена! После првиот пораѓај ништо не ми беше, се супер, вториов затоа ме измести
Јас од првиот се изместив скроз, вториот сигурно ќе ме доремети Ми се мавнаа флешбекс овој месец, дека имав имплантациско крварење пред позитивен тест и месецов имав покасна овулација, очигледно навика ми стана тоа веќе и крвче. Малку така шизнав дека пукнал кондом а не сме виделе Раат да не си значи
Кога најрано може да се добие менструација после пораѓај? Породена пред 3,5 недели, прво нели пообилно крварење, па намалено. Последните неколку денови само како жолтеникав исцедок. Сега на бришење повторно кафено, како при добивање кога пробива. Нели е рано за циклус или може и циклус да е? Ќе видам до крај на денот како ќе биди.
Може да е циклус да,јас добив мн брзо после пораѓај 1 месец, и си имав редовно секој месец одма ми се регулираше
6 недели се чисти матката не мислам дека е менструација, ама секоја жена е различна. Јас добив после 9 месеци менструација царски породена, а доев до 14 месеци, првите 2, 3 пати пообилно после нормално, позитивна работа беше што после пораѓај немав болки во стомак, не сеќавав кога ми иди, за разлика од пред тоа кога без кетонал не поминував.