Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менструацијата по породувањето

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 7 септември 2012.

  1. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    5.528
    Пол:
    Женски
    Да, сигурно не е, зошто само на бришење имам така како кафенкаст исцедок, а на влошка, не.

    Ќе почекаме за циклус.
     
  2. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Женски
    Секој индивидуално душо,после пораѓај царски само една недела имав крварење и исцедок,толку,а очекував многу повеќе од муабети што сум слушала дури и отидов на преглед Ремедика од страв да не е нешто не во ред.Се беше ок ми рече и докторот сосем нормално секој е различен ќе добиеш ќе се исчистиш.За месец дена си добив и секој нареден исто. Исто и јас после пораѓај ми се смени менструација,пред тоа бев со кетонали и инекции од болки после за мерак безболно
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Женски
    Може да ти е дочистување,така прави мења бои кафено па жолто лигаво и прекинува после.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  4. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.149
    Допаѓања:
    50.526
    Пол:
    Женски
    После 50 дена од породувањето ми дојде и првите 2-3 месеци не беше редовна, па се среди подоцна.
    Е сега 7 месеци после породување ми дојде минатиот вторник и еве уште имам, нормално ли е?
     
  5. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    5.528
    Пол:
    Женски
    Е сега конечно добив циклус, баш вистински. Скоро 9 недели по породувањето. Без болки и многу оскудно за разлика од пред бременост. Првиот ден сега како трет претходно. Претходно по 7 дена, сега веќе на 5тиот немав ништо. Ќе видиме следно како ќе продолжи.


    Друго не е за оваа тема можеби меѓутоа извршен и гинеколошки преглед. Коментар од матичната - матката е вратена на место завртена кон назад. Демек како беше претходно? Ниеднаш претходно ми нема споменато нешто такво, а и не знам дали би било нешто проблематично тоа во случај на идна бременост, доколку има.
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mila_Mia

    Mila_Mia Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2022
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    155
    Пол:
    Женски
    Дали имавте јаки менструални болки пред да забремените?
    Јас имав многу јаки болки што завршував во болница но ми рекоа дека по породување ке се среди(сега сум бремена) затоа прашувам.
     
  7. Starchild

    Starchild Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2016
    Пораки:
    1.041
    Допаѓања:
    1.777
    Пол:
    Женски
    Пред да останам бремена со првото имав страшни менструални болки што не поминуваа ниту со Кетонал. Окако се породив ми се смени скроз циклусот,одвај осеќав дека добивам
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    5.528
    Пол:
    Женски
    Немав болки ни пред бременост,а ни сега на првиот циклус. Ретко некогаш како појаки грчеви ама никогаш сум немала потреба од лекови.
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Konstrakta

    Konstrakta Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2022
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    3.064
    Пол:
    Женски
    Мене не ми се среди. Јас имам и болен и обилен, мислам дека и тоа е индивидуално
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Butterfly87

    Butterfly87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2010
    Пораки:
    445
    Допаѓања:
    634
    Пол:
    Женски
    Пред да забременав со првото болки ужасни имав често ме носеше мајка ми на клиника на инфузии зошто бев премалаксана и истоштена, а не сакав да пијам постојано кетонали и имав нередовна од 28-38 дена некогаш и 45 после породувањето бев нов човек цели 4 години , без болка и на 28 дена, нп после пак се се врати на старо... останав пак бремена и сега еве веќе трет циклус, но имам многи изразени ПМС симптоми, болка средно, но не ми е редовна 1 на 45 дена размак сега 35...
    Сигирно е индивидуално
     
    На Mila_Mia му/ѝ се допаѓа ова.
  11. olly14

    olly14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2010
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    539
    So sinot koga se porodiv krvarev 76 dena, a potoa po tie 76 dena dobiv po 2 meseci. So drugoto dete, koj me cital po drugite temi znae imav predvremen poragjaj radi lekarska greska vo 25 nedela i detenceto umre. Pravev kirataza i krvarev 30 dena, a dobiv posle 1 mesec od tie 30 dena
     
  12. Hijabigurll

    Hijabigurll Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2018
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.365
    Пол:
    Женски
    Здраво 4ти циклус ми е после породување ама овој месец многу ми е чуден циклусот.. Првиот ден ми почна со црна крв помешано со кафеаво и парчиња и еве 3ти ден уште е така. Дали сте имале слично искуство? И пишав и на матичната ама немам одговор па затоа сакав да прашам и овде,фала однапред..
     
  13. Miss_S

    Miss_S Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2022
    Пораки:
    2.683
    Допаѓања:
    5.528
    Пол:
    Женски
    Кога отприлика се смета за стабилизаран циклусот после пораѓај?

    Пред бременост добивав на 30-31 ден, без болки и некоја посебна обилност.

    Сега прв циклус - 8 недели после пораѓај. Само 4 дена, без болки и слабо крварење.

    Втор циклус 25 дена после првиот. 7 дена, пообилно крварење отколку претходно.

    Сега се поминати 17 дена од вториот циклус, а веќе имам болки како да ќе добијам повторно следниве денови.
     
  14. Brpbrp

    Brpbrp Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2019
    Пораки:
    9.227
    Допаѓања:
    13.497
    Треба време да се среди. Јас добив точно после 3 месеци од царски и се стабилизира одма со тоа што после 6 месеци ми изостана еден циклус и после си продолжи нормално.
     
    На Miss_S му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    175.827
    Пол:
    Женски
    После првиот пораѓај добив по 7 месеци и менструацијата беше и продолжи сосем најнормално.
    Овој пат, скоро 10 месеци по пораѓај, 2 дена по ред по еднаш на ден ми се случува да имам многу малку, по некоја капка крв само на бришење, додека пак секојдневната ми е чиста. Ми се случува да имам грчеви отприлика месец за месец, ама оти не добивав ги поврзував со овулација. Овој пат после грчевите следуваа капки крв, ама еве никако да пробие повеќе. Дали може капките крв да се сепак од овулација иако воопшто немам циклус со крварење сеуште? Или сепак може да е знак дека ми пробива? Никогаш сум немала проблем со менструација не знам што да очекувам.
     
    На sani99 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.762
    Допаѓања:
    23.376
    Пол:
    Женски
    Беше на доктор? Нека те прегледа да си на чисто
     
  17. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    10.783
    Допаѓања:
    175.827
    Пол:
    Женски
    Пред 2 месеца бев, се беше ок.
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Ivana33

    Ivana33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    96
    Допаѓања:
    274
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site,
    Jas sum porodena so carski rez pred edna godina, seuste mnogu cicame i seuste nemam dobieno.
    Bev na preegled mi rekoa dekasum odlicna i da ne se sekiram, ama mene mi e strav. Dali e normalno tolku vreme da ne se dobie?
     
  19. Maca Macka

    Maca Macka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2022
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    2.883
    Пол:
    Женски
    Нормално е, особено кога цица бебето. Јас со второто добив баш кога направи една година, а со првото по еден месец. И двете на доење беа.
     
    На Ivana33 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    6.762
    Допаѓања:
    23.376
    Пол:
    Женски
    Нормално е.
     
    На Ivana33 му/ѝ се допаѓа ова.