Porodena sum pred mesec i pol po poragjaj imav taka od vreme na vreme po nekoja kapka neli toa stoe normalno posle poragjaj no sega tret den imam poobilno kako menstruacija mi nalikuva dali e normalno tolku brzo da mi dojdi menstruacija bidekji citam po nekolku meseci ne mu idi na nekoj dali znae nekoj sovet
Мајки добив 8 месеци по породувањето. Нормална, малку по безболна. Е сега овој месец ми касни 5 дена. Пред да останам бремена добивав на 28ми ден. Дали кај вас одма се регулираше или неколку месеци ви беше така нередовна? На преглед бев, пап, брисеви се е уредно. Дали треба да испитам хормони?
Јас добив шпсле 4 месеци од пораѓај, па пак после 4 месеци. Бев на гинеколог, чекам уште резултати од пап ма да она рече ко што те гледам вака ок е и на ехо се гледало дека за 10 дена ќе сум добиела па ко ќе добијам ми даде упат за хормони. Еве од тогаш поминаа 13 дена јас абер немам да добијам
Треба значи време додека да се стабилизира.. секако и јас ќе испитам хормони да си бидам мирна. Тенкс.
Јас искрено се мислам дали да одам да испитувам Секако додека доиме се хаос. Која е поентата. Јас барем секако не планирам сега некоја терапија да примам за регулирање. Незнам
Кај мене одма се регулираше , но сепак е индивидуално , јас после 7 месеци добив , рано е за хормони ако доиш уште , ќе се регулира, треба време , целиот организам е во хаос уште
И јас добивав на 28ми ден пред да останам бремена после породување ми дојде веднаш после еден месец и секој месец ми доаѓа редовно ама секогаш различно на 25,26,27,28 дена 14 месеци е малата.
Јас сум породена пред 10 месеци, малото го доев 8 месеци, но сеуште немам добиено а од време на време имам болки како за добивање, некогаш посилни некогаш слаби. Бев на доктор ми препорача првиот таблети за да добијам, бев на второ мислење во Ремедика, ми рекоа нема ништо, нема потреба од таблети да оставам само кога дојде тогаш. Од прегледот поминаа медец дена, но сеуште немам добиено, а болки имам. Ваш совет што да правам?
12 месеци по породување вчера конечно добив. Или барем мислев дека сум добила. Имав прилично крв на бришење, ама… остана на тоа. Влошката што ја ставив беше како запрљана, и од тогаш навака, сите влошки што ги сменив беа чисти и денеска цел ден немам ништо. Добив ли, не добив? Што се деси? Последниот пат на гинеколог беше се ок. По првата бременост добив на 7миот месец нормално и нормално си продолжив да добивам. Никогаш сум немала проблем. Сеа не знам што да мислам. Можно е вака да пробива? Можно е овулација да даде локва крв? Обично се десило во овулација да имам капка две и толку. Претходеше малку лигав исцедок па веќе не знам што да мислам…
Јас имам вакви шлакнати менструации последните неколку месеци. Мене ми као пробива 3 дена - крв имам на бришење и што викаш замачкана влошка само, и после 2-3 дена почнува наеднаш да тече. И ми трае пократко од вообичаено Види, ако не пробие за некој ден, тркни до гинеколог
Мене тек сега после 7 месеци почнува да ми се средува циклусот. Ми се средуваат и овулации, и точно ги осеќам со болки како претходно. До пред месец и пол све ми беше изместено.
Девојки кога ви дојде прва менструација? Јас сум породена пред 2 и пол месеци царски, доев само еден месец, а пред 2 дена имав кафеав исцедок како менструација прв ден и менструални болки... но траеше само еден ден ... два дена немам ништо...
Се породив на 17ти, од 10ти (завчера) малку крварам како менструација, ама не толку обилно, но бојата е како менструација. Претходно имав ептен слаб кафеав исцедок. Дали е можно да имам добиено по речиси 25 дена???? Пред да останам трудна добивав секои 28 дена.. П.С. само на доење сме и бебо ми е цел со бебешки акни овие 3 дена, па во прашалници сум дали е врзано крварењето со хормоните и евентуална менструација??
Мислам дека сеуште се чистиш. Најубаво ќе знаеш нареден месец дали ќе имаш повторно тогаш веќе имаш добиено