Точно после 3 месеци добив на исти датум од пораѓај и се разочарав мислев покасно ќе дојде вештерката
4 месеци по царски, па еден месец ме скокна па сега еве пак… треба време да се регулира Има врска дали доиш или не
со првото дете после царски крварев 10 дена. После 2 недели ништо и веќе следната недела ми дојде циклусот. Така да можно е.
Каква ви е менструацијата после втора бременост? Пообилна,иста..? Прашувам затоа што мене после прва бременост ми беше нормална како и секогаш,но сега после втората крварам неверојатно многу. Претходниот месец кога добив беше нормална амс овој не. Вака не сум крварела никогаш. Од што може да е,нормално ли е,дали некоја од вас се соочила со истото ова.Ќе ѕвонам на мојот гинрколог подоцна да го прашам но ме интересираат и вашите искуства,совети.
Не знам дали има ваква тема не успеав да најдам ама дали на некоја и се случило да добие циклус штом бебето направи 2 месеци и покрај доење? Мислам дека добивам а денес бебе направи 2 месеци. Единствено не сум сигурна дека во петокот ми земаа брис за ПАП и др ми рече може ќе имаш малку крв, ама дека дури денес се појави кафеаво/темно црвено, не сум сигурна...
8 месеци откако се породив, ни абер немам за добивање. До душа беба цица постојано и покрај тоа што има 3 оброци + ужинка дневно Матичната кога ми земаше брис за ПАП ми рече во Авгудт ќе добиеш ама ништо. Треба ли да се секирам? Се мислам пак да одам да ме види (ако нешто воопшто може да види). Сакаме второ бебче
Ако цица и дење и ноќе помали се шансите да добиеш порано. Со второто јас добив на 13м некаде. Гинекологот може да види ако се погоди да си во овулација, па да ти кажи дали ќе добиеш за две недели, пример. Ама ако рекла дека треба да добиеш август, а не си добила, може па веќе желбата за второ ти се исполнила .
Бебенцето има скоро два месеци и си цица, прв пат добив пред 3 4 дена, но ми тече по многу малку крв не е како вообичаено кога имав добиено. Има некоја вакво искуство?
Колку треба време да помине да се регулира циклус? Сепак е индивидуално али ете отприлика... Добив кога беба имаше 5 месеци, првата нормална, втората исто, третата дојде на 43ден, еве четвртата ја нема.. имав може една недела како кафен исцедок, лигав,крвав..циклус беше тоа или што?
Здраво , прва менструација од пораѓај добив после 7 ипол месеци , втора ми задоцни 4 дена но еве пак ми дојде 10 дена порано дали е нормално ?
Вака.. добив прв пат после пораѓај после седум месеци, на втори септември и крваерев нормално првите денови а после уште две недели имав исцедок кафеав и сукрвица. Со ергометрил тоа се среди. Сега добив втора менструација, вчера. Имам пообилно крварење, вака мислам дека не сум крварела до сега. Бојата е посветла, и тоа е нешто ново што не сум го имала до сега. Нормално е ова? Ваше искуство? Дали после пораѓај ви се измениле менструациите/ биле пообилни?
Преобилни ми беа. Два три дена ќе имав како крвав исцедок и после ќе пробиеше и со памперси седев два дена. И преобилно и предолго траеше циклусот, проследен до неподнослива главоболка дента кога пробуваше, ни венски аналгин во инфузија не ме спасуваше. 3 циклуси беа со главоболки а севкупно 6 вакви чудни циклуси имав, после тоа се регулираа
Ова е нешто што сум го немала до сега дефинитивно. Сега станувам со влошка ставена во 22ч синоќа, целата пробиена и пижамите и двата пара гаќи натопени. Леле ептен ми е страв. Да не одам на гинеколог?