Јас за првиот циклус не бев во ск, па по тел ја исконтактирав матичната ми даде ергометил капки. Ама тоа само првиот пат и не дека нешто ептен ми помогнаа. За мирна глава јави и се, иако р нормално се ова, сепак кажи и и она може некој совет ќе ти даде
Извини што ти досадувам. После колку време од пораѓај имаше прва таква обилна менструација? И по колку дена траеше? Дали барем последните денови намалуваше? Се јавив кај матичниот сестрата рече во гужви сме подоцна ќе те бараме. Кај мене е вака од прилика, за околу два часа имам натопена влошка? Како беше кај тебе повеќе, помалку?
Прв циклус добив 3м после пораѓај, дента пред да добијам мн ми беше лошо глава, стомак, коски се ме болеше, мислев ќе умрам. Следниот ден ми проби и почна да тече ненормално. На 30 мин менував утоп улошка, три дена така, четвртиот па натсму почна дс се намалува, 6тиот ден слаб ми беше, крвав исцедок само. Следните циклуси беа проследени со главоболка ден пред добивање, крвав исцедок два дена пред добивање и првите два дена утопија бев, претежно пелена ставав 2јка 3јка за да не ми протекува, исто 7 дена ми траеше. И ден денес 7 дена ми трае, само не толку обилно. Додуша еве циклус немам 5м наназад ама таков ми беше
Кај мене од попладнево почна да намалува. Ама како се ближи ноќ ме фаќа фобија од минатата, зошто стварно бев утоп не виден. Поштено сум се извадила од памет сабајле во 4.
Еве овој месец ми беше нормална како и претходно, што значи по се изглрда сум имала некоја циста што ми пукнала па крватев многу. Српак разговарај со гинеколог можеби ќе ти препише нршто за пиење,јас не пиев ништо.
Се слушнав ми даде да пијам капки.се надевам дека и мене ке ми се врати во нормала од следен месец.изгледа уште не се вратени во нормала хормоните може треба време, ама па после првата бременост немав вакви проблеми...
Јас не пиев ништо. Се јавив кај матичниот не успеав да добијам одговор во гужва биле, ќе се прејавев секако пак ама веќе тој ден после пладне почна да намалува. Ќе се среди не се плаши. После колку време од породување добиваш менструација?
Добив 2 месеци после породување ама само неколку дена мн оскудно исто ко да немав добиено.па после 2 недели пак добив пак мн оскудно.и сега конечно добив на време, после 28 дена ама страшно многу обилно.не ми беше вака после првата бременост тогаш добив и одма си беше нормално се...
Необјаснета статистика. Мојата док. тврди дека може и без неа да се оствари нова бременост. А има многу случаеви такви.
Мене ден денес никој не знае да ми каже како останав бремена бебето е веќе 3 месеци. После еден спонтан, добив еднаш, па ми каснеше скоро 20тина дена не се сеќавам точно, а немав позитивен тест. Некаде на 10тиот ден од доцнење, докторите (кај 2ца бев) ми рекоа дека овулацијата е завршена и кај да е ќе добијам и јас не добив туку по две недели останав бремена. Најверојатно два пати сум овулирала, така да по се изгледа дека е можно да овулираш а да не добиеш. Телото е мистерија сеуште.
Можно е, јајниците си работат. Другарка остана бремена 11месеци после породување, циклус имаше само еднаш во тие месеци и следно веќе на контрола трудна 2ри месец.
Јас добив 3 месеци после породување нешто оскудно 2 дена како тебе. И од тогаш ништо до седмиот месец после породување(сега во септември). Тогаш беше нормално на почеток, но многу долго траеше 3 недели, оскудно крварење. И сега осмиот месец по породување во октомври кога ми дојде беше обилно како што сум немала до сега никогаш. Како е кај тебе се нормализира?
Почнав да пијам капки од вчера и еве денес е подобро .се надевам ке се вратиме веке во нормала.после првата бременост супер ми беше се одма се среди. А сега после вторава хаос , веќе и ме плаши...ке видам што ке кажат на следен преглед.ти беше на преглед , ти кажаа зошто така?
Мене прв пораѓај ми беше па еве ме снајде. И јас си викам веќе наредните нека се нормални. Јас утре имам термин за брисеви и баш ќе прашам ќе побарам и ехо да ме видат. Ама највероватно се чисти ендометриум што се собирал цело време.
Јас сум пред 4 месеци породена,бебето го дојам а од минатата недела речиси цела недела имав симптоми на овулација. Бодежи во јајници и исцедок во поголема количина. Завчера имав крвав исцедок два три пати,вчера добив.
Јас бев на преглед. Нема некои промени. Прашав дали да очекувам пак таква обилна менструација, ми рече не мора да значи. На ехо беше се во ред.