Мене не. Дали вас некому му се случило да му доцни менструација? Пред да се породам секогаш имав редовно.. се чуваме од бременост!?
Колку време си породена? Јас скоро година, ми дојде на 7 месеци, вториот пат откако ми дојде ми доцнеше 2 дена, потоа како секогаш редовно навреме, сега еве ми доцни неколку дена, нормално ли е? Се плашам од бременост иако знам како е можно кога не правевме деца, исто иначе и јас сум доилка
8 месеци породена. Прв пат имав 4 месеци по пораѓај. Јас таман се испаничив да вртам на гинеколог да закажам преглед,добив
Извини а дали секогаш си имала редовно? Па после пороѓај вака ти се деси? Мене ме плаши затоа што кога не бев породена никогаш не ми доцнеше
Jas sum porodena sega na 18.03 dva meseci pravi bebe,eve dva dena imam mnogu malku krv samo koga odam vo wc i koga ke se izbrisam,dali e toa normalno imam zakzano na ginekolog sega vo ponedelnik.
Не е за циклус, со циклусот немам скоро никаква промена ама после пораѓај имам баш болни овулации. Од никакви симптоми на овулација пред бременост, сега со денови чувствувам како болка, боцкање во јајници. Зголемен исцедок спрема претходно, болки во гради. Сега дали натаму ќе се измени повторно, ќе видиме.
И мене така ми доаѓа. Мислев дека сум добила пред 1м, на бришење имав крв ама на влошката многу малку имав, не беше како претходно што сум имала обилно. По 2 недели пак крвав исцедок со болки во стомак како кога добивам. Па сеа после 2 недели пак истото. Крвав исцедок. Више не знам што да рачунам за циклус, вака ми се нема случено, почна бубачката да ме јаде и ќе одам на гинеколог
Е кај мене испадна дека не ми е исчистена матката после пораѓај, па два пати примав ерготил и за влакно се спасив од киретажа. Да одиш. Сега ми е редовно на 24 дена.
4 месеци после царски добив минатиот месец. Овој месец сеуште ништо,бременост се исклучува. Дали е нормално и треба време да се регулира или добивавте редовно после првиот пат?
10м породена со царски после 2 месеци одма добив секој месец редовно сега прошли месец не добив пред 4 5 дена бев на контрола рече добро само на едниот јајник цисти ама мали не е страшно рече испитав хормни супер е сега закажав за брис дали е можно од цисти ама не ми рече ни ми даде да пием нешто се мислим пак да ме види на ехо ама пред 4 5 дена бев дали имал некој ваков проблем
Zdravo devojki,porodena sum carski,imav krvarenje okolu 40 dena potoa mi zapree i nekade po nekolku dena 8ma nedela koga bev dobiv menstruacija bev na ginikolog mi potvrdi deka e toa.Denes mi e 7 den i povtorno imam crven iscedok a vcera skoro i da nemav ic,dali nekoj imal slicna situacija???
Девојки, пред два дена го добив вториот циклус после породување со царски рез, но е многу обилен. Далеку пообилно од циклусите кои ги добивав пред да останам бремена. Дали е нормално, дали и кај вас ова било случај?
Јас имам многу пообилно после породување(природно). Значи и така си имав обилни, после породување уште толку Прв и втор ден не можам буквално да мрднам никаде, мењам улошка на пола саат макс. Гинеколошки се е во ред.
Ќе се регулира циклусот без гајле, првите циклуси после пораѓај и кај мене беа такви, буквално со пелена од бебето бев на мене на 30 мин менување. После 4-5 циклуси се среди
Јас добив 2 ипол месеци после пораѓај, и првиот пат ми беше исто како и пред бременост, ми траеше 3-4 дена и обилно само втор ден. Ама затоа од тогаш до сега секој циклус ми е 5-6 дена скоро цела недела, и 3 од тие дена обилно крварење. Кажувајте ако знаете како да го скратам барем на исто времетраење да ми дојде ко порано
Добив денес по 5 месеци од пораѓај. Дојам и ми е страв да не снемам млеко. Една пријателка ми има кажано дека во исто време добила менструација и и' секнало млекото.