Zdravo. Dali e normalno 50dena posle poroduvanje, bebeto seuste go dojam, da dobijam mens? Denes prokrvarev i mislam deka e menstruacija. Sto da ocekuvam dokolku e mens vo vrska so doenjeto, da ne pravi problem nekoj?
Ќе ти се намалува млекото кога ќе добиеш или на овулација, останатите денови ќе имаш млеко нормално. Исто може и бебето да одбива да цица тогаш зошто вкусот на млекото се менувал.
Добро кога се очекува финално нормализирање на циклус? Не дојам, 9 мес пост партум сум, ми дојде прв пат кога бебе имаше 2 мес. Секој месец ми касни по два, три, четири дена, месецов пет. Што пари изнададов за тестови секој месец. Има ли врска и што сум ослабена многу, што сум преморена, си викам, има?!
Еве ме, иста сум, еден месец на 26 дена еден на 32, трет на 29. Врска немам кога ќе добијам. Е сеа не знам баш дали е само до доењево. Пред бременост ми беше точна до ден.
И мене ми беше точно на 28 дена. Многу ми е тензично вака, пмс симптоми, а не добивам. Се пазиме ептен после второво ама тензија ми прави ептен кога касни. Јас после првото кога добив редовно си беше, а доев. Второво не го дојам, касни.
Пмс на нај јако а никако да добијам изгледа нешто до хормоните ни е, мене па и косава уште ко луда ми паѓа..уште изгледа се средувам после пораѓај а што време поминаа
Леле мене почна нова да ми расте, цело чело ми е со бебешки, само др мака иам сега, од тие новите 2 бели влакна израснаа
Растат и кај мене бебешки, ама џабе, од секаде од позади од напред пак сеам по земја старееш Теа јас одамна имам бели среќа не се познаваат мн ако продолжат ќе почнам со фарбање
Леле јас не сум имала до сега, 32 имам, се шокирав кога видов. Имам две брчки меѓу веѓи ама за тие таксана сум со маж за 35ти род да части хиалирон. До душа тие може и од муртење ми се, си се муртам често . Ама беливе влакна, не знам како ќе ги преживеам ако почнат повеќе...
Јас за брзо 36 затоа веќе ми се појавија и мене ме фати паника па почнав со кремите и серумите Аа така ли, затоа некогаш викам што и е на Теа, нешто накострешена е смеј се женоо, еден е животов фарба е спасот еве ја ќе се фарбам ако обелам така решив
Провери хормони е едно можно е малку да е нешто изместено.. А и да си немаш стресови кондоми и тоа е тоа, додека се опуштиш да може телото да совлада стрес сега од бебето.. па ќе се вратите на старо кога ќе се нормализира. Јас па дека цела врска со кондоми сме користеле сме пазеле .. мислам мака ми беше ова дете правењето хахах.
Пак јас, со циклусов мој, уште немам, ми касни 2 недели. Бев на гинеколог, вика абер немаш за добивање, најверојатно хормонален дисбаланс, што си ослабена 26 кила. Ми рече ако не добијам за 2 недели, апчиња ќе ми даде да испровоцираме. Што апчиња се пијат, хормонски се? И кои хормони се испитуваат, она вика од еднаш вака не испитувај ама јас сакам да си испитам.
Девојки еве за некој ден ќе биде бебево 10месеци јас уште немам добиено. Ја дојам уште така на заспивање само. Нормално ли е толку долго некија со такво искуство. Секако ќе закажам кај матичната. Имав контеола кога бевме 3 месеци ми рече се е во ред тоа беше само ехо.
Поздрав мамички! Се породив царски на 27.11. На почетокот бевме на комбинирано, па после само на АД. На 30.12 добив, 3-4 дена малку само крварев. Во меѓувреме бев на преглед, сѐ во ред. 27.01 обилно крварење цела недела. Оттогаш немам добиено, а имав симптоми. . Досега направив 3 тестови-негативни. После првиот тест, се јавив да се закажам на ехо, сестрата не сакаше ни да слушни да ме закажи-нормално е ми рече и до 6 месеци да не добиеш. Направи уште 1 тест по 1 недела па ќе видиме. Вчера го правев 3от тест. Ме закажа за во понеделник на ехо, на трепките и се качив, но имав нередовна менструација пред пораѓај, па не сум раат..не дај Боже да се случи нешто. Не знам колку е можно и по месец дена каснење да имам лажно негативен тест
Не ми се случило да ми доцни до толку ама хаос ми е, ни знам на колку дена ќе ми дојде, ни ништо. Пред месец бев на гинеколог со цел список од после пораѓај кога сум имала циклус. Од 24 дена до 32 имам некои месеци. Ништо страшно ми рече. Јајниците си се во ред, брисеви, Пап чисти. И така, на тоа останавме.
Не е можно 3 да се лажно негативни, читни ме погоре и јас правев 3, бев на гинеколог, и ми вика ништо не е, хорминален дисбаланс, 9 мес постпартум сум, сега веќе 16 дена ми касни, последен циклус 07.02, не дојам.
Мене 17 дена ми каснеше последниот циклус и отидов на гинеколог и рече исто абер немам за добивање. Арно ама добив и тоа наредниот ден после гинеколог Иначе Примолут Нор се даваат, не се страшни.. Сум пиела јас баш за истата намена, да добијам после долго доцнење. Периодов на многу им доцнеше, најверојатно од температурниве шокови.