Добро можно ли е да добијам 2 месеци по царски, плус на ексклузивно доење? Крварењето ми престана пред 3 недели, од вчера почна крварење, а недела претходно цела се исфрлив по лице што никад не ми се десило… Ден пред да добијам бев на контрола, ми рече јајниците “спијат”, утредента добивам.
Пред да родам, никогаш не си ги осеќав овулациите, ама сега почнаа многу да ме болат и кичма и јајници..ви се случува истово? Како менструални силни болки осеќам
Mi se slucuva. Ovulaciite strashno me bolat, potecena sum, me boki koga sednuvam bukvalno, osnosi shansa nema da imam tie dva dena. Pre da rodam ne mi bea do tolku bolni, nekoja tapa bolka vo jajnici i toa e toa.
Јас добив по два месеци и тоа добив еден куп, обилно како никогаш претходно. После првиот пораѓај не ми беше вака. Некој да сподели искуство слично? Или кај сите различно, во зависност? На 3 месеци секако ќе одам на контрола, ќе видам што ќе каже др. Ама ако е вака не ми се свиѓааааа ич
Бев после 6 недели да, се беше во ред. После тоа добив. Сега на 3 месеци викам за пап кога ќе одам секако.
И јас сега планирам да одам за пап 10месеци одкако сум породена. Мене ми рече одкако ќе добијам тогаш да одам за преглед и пап, каква врска има тоа не знам. Бев и на 2 недели од породување и после на 3 месеци само ехо правев.
Не знаев каде да го поставам прашањево.. 8м после постпартум, после 4м добив и добивам редовно. Имено, претходно ми се случувало еднаш во годината да имам болки при овулација и зголемен таков желе безбоен исцедок како белка Ама сега еве 4 циклуси по ред јас сум со болки при овулација и таков исцедок во големи количини.. Стварно ептен ме приболува..правев минатиов месец пап брисеви ехо се е океј, болкиве ги имам само тие 2-3 дена до хормони ли е, до царскиот ли е..има ли некоја слично вака?
Здраво, колку долго треа крварењето после царски, и дали може да се зголеми па пак намали... во болница имав малку повеќе кога ме станаа и после се намали ептен, вчера и денеска има доста, дали дека се раздвижив доста два пати до гак кај малото... незнам колку е нормално тече баш она прв ден добиено и малку повеќе...
Јас сум природно ама нормално е така да намалува па зголемува. Мене дури и огромно парче ми испадна, па после почна многу да се намалува.
Мене така ми правеше, ми протече дури, а во кола бели седиштана ќути пешкир имав. Иначе ќе варира, ама од прилика до кај 40 дена трае. Секоја жена индивидуално, ќе се намали скроз, полека.
Не отидов на контрола, од тогаш уште два пати имав минимално крварење по еден ден… ама како на епизоди. Искрено не знам што е, за 4 дена треба нареден циклус да добијам ако ми е редовен, па ќе ти кажам…
После породување се менува менструацијата. Ако си имала болни и обилни менструални крварења, после породување стануваат безболни и нема изразено крварење. Ако си имала болни овулации претходно, после раѓањето на децата тоа прекинува. Јас имав многу обилни и болни менструации, со крварења што траеја до седум дена, а сега после две деца одвај пет дена ми трае, еден ден така повеќе крварам, другите денови ко ништо да немам. Болки воопшто немам. Ама затоа овулацијата ми е болна, кратко трае додуша, ама боли. Немав такви овулации пред бременост. Такви промени се јавуваат кај сите жени, генерално.
Јас не сум таа среќа.. Од секогаш имав точни, болни и обилни менструации пропратени со анемија. 8 дена ми трае..после пораѓајов е тотално исто.. Само овулациите ми се сменија на јаки и болни..