Ова ми е трет циклус по пораѓај. Минатите пати беше сѐ уредно, и овој пат е освен што осеќам печење внатре кај што сум крпена на пораѓај. Тоа место ме болеше и печеше додека беше тазе првиот месец, ама не очекував сега кога добив ептен да се активира. Направив брисеви, пап и хпв типизација за секој случај пред две недели се беше чисто. Три дена се нервирам и дојдов само да си извадам од душата.
10 месеци по породување,денес добив. Бебе цица 24/7 19месеци без менструација-Ќе ми фалите.. Некако ми помина се многу брзо,уште малце работа,градинка,сега и ова..се се враќа во нормала,а нејќам
После двата пораѓаи добив точно после два месеци исто. Не знам и јас како е да немам менструација а да не сум бремена
Породена пред 7 месеци, добив на 4 месеци па ми доцнеше 10 дена и дега еве 17 дена ми доцни, дали е нормално?
Бебе три месеци јас три менструации имав.. Порано ми беа преболни сега како да немам воопшто менструација. Прелесно ми е. Ама затоа овулациите.. Е тоа е хаос.
Не наидов на ваква тема ако се дуплира избришете ја. Кога прв пат добивте менструација после породувањето? Прашање за мајките што дојат или доеле, дали ви се намали малку млекото во периодот кога добивте?
Мислам дека во Враќање во форма по породување се дискутира често ова, па може ќе спојат. Ексклузивно доење, добив на 7 месеци, следен месец пак со 5дена закаснување ама тука бев и многу болна може и од тоа да доцнеше, сега месецов ќе видам дали ќе е редовно. Апсолутно никаква разлика немав во млекото, ниту доењето ни изгледаше различно. Единствено првиот циклус ми беше ужасно болен со кетонали 2 дена преживеав, ама јас и претходно имав болни циклуси.
Добив пред некои две недели, скоро 7 месеци по породување. Ексклузивно се доиме, а периодов воведовме и ручек плус ноќе не цица последниов месец често, само еднаш или два пати, па претпоставувам тоа игра улога, што намаливме на доење. Ми траеше 3 дена, течеше сите денови како да е прв ден и имав појаки болки од вообичаено. Во однос на млекото немаше никаква разлика/промена.
И јас имав предходно ужасно болни циклуси, 8 и пол месеци и сеуште не сум добила само се надевам дека бременоста ми донесла безболни циклуси.
Јас добив менструација неполни два месеци по породувањето. Менструацијата по породување ми е скоро и безболна, ама овулацијатаа ми е препреболна. Месецов во овулација сите дремки на бебе ги прележав со него, од што не можев да се движам од болки во стомак. Во поглед на млекото, забележав дека бебето беше доста понервозно на града и после попладневните подои беше покенкаво. Пробав со молзење ама количината беше доста помала од вообичаено. Па, месецов неколку дена пред менструација повторно почнав со Лактил и чај за доилки, бебето си цица без проблем и без нервози. Така што мислам дека дефинитивно кај мене има промена во количината на млеко за време на циклус.
Јас и ти тука негде бевме со термините за пораѓај како што памтам. Само мојава ептен закасни и се уарни кај мама. Колку оброци сега имате дневно? И ние намаливме на доење и осеќам дека ќе ми дојде 6 ипол месеци сме и со воведени оброци. Се надевам дека нема да е болно…
Истото е и кај мене. Така приметив дека ќе добијам. Овулацијата ми беше болна и чим легнам се комирам. И приметив дека ми е намалено млекото па почнав со чајот пак. Порано доволно и беше од една града а сега двете ги празни и агресивно цица од левата приметив треба доста да влече за да потече, веројатно дека се намалил пролактинот, ама еве со чајов ќе се врати во нормала. Ама си се најадува дека сме почнати и со јадење не ја мислам дека е гладна. Инаку се надевам и кај мене ќе е безболно зошто пред бременоста имав страшно болни менструации…
Мене ми беше термин 6ти мај, се породив на 25 април Со вкусови почнавме на 5ипол месеци, од одма си сакаше да јаде фала богу, ја прашував докторката баш дали смеам толку да давам или мора по неколку лажички.. ми рече давај колку сака и така после 10тина дена веќе имавме доручек од 200г. Сега имаме веќе и ручек од толку, само уште со месо да почнеме утре и да биде убав оброк. Вие сите ги имате? А добивањево ми беше многу изненадно, ништо не приметив пред да добијам (не спијам добро и напета сум и без ПМС хаха). Само така добив, без најава и симптоми и одма штом видов почна стомак да ме боли и кичма првиот ден и уште два дена само стомак. Не беше нешто поболно од претходно што ми било, ама порано еден ден ме болело така сега 3, а ми се погоди баш тие денови детево со температура. Ама ајде помина, ќе видиме следново добивање како ќе биде.