Мене ми беше термин 7ми мај а се породив на 15ти мај со вкусови почнавме на полни 5 месеци, сега ги имаме сите оброци. Уште од старт голем апетит има. Си викав да не е рано 5 месеци ама ја осетив дека е спремна и не згрешивме стварно ужива во храната никогаш кашичка не одбила. Не и се сите оброци 200грама некогаш и помалце јаде нормално и давам додека сака не форсирам кога ќе затвори уста престануваме. Цица секогаш пред спиење нема дремка без цицање… и ноќе исто уште се буди за цицање не знам што е ова мое дете толку гладно. На педијатар бевме на контрола вика супер е дури на горна граница над просечното. Ваљда гените на татко и… кој да знае И официјално добив… Добро си се осетив деновиве дека е време. Сега за сега без болки се надевам ќе остане така.
Се породив 14.09.2025 крварев во прекини , па престана па пак почна и мислев дека е циклус , но испадна дека се дочистувам. Добив на 29.11 траеше нормално 5 дена. Пред да останам трудна имав циклус на 31/32 дена . Од како добив на 29.11 бев на гинеколог негде средина на Декември правев брисеви , пап и ехо . На ехо имаше некое здебелување но требаше да добијам на 31.12 но немам еве уште. Тест два пати правев негативен е. Прашањето ми е дали после прв циклус од породувањето во дошла следна нормално или ја немало пак? Осеќам притисок доле , ми вријат јајниците мислам , имав по некоја капка само. Ќе полудам
Здраво сакам да прашам дали е можно да имам добиено менструација после 36 дена од породување породена сум царски и само дојам
Здраво женски. Добив по пет месеци ама ми трае веќе 12ти ден без абер за поминување. Дали некоја поминала ова, матичната ми изгледа загрижено, а ако примам терапија ќе треба да престанам со доење. Дали може е нормално за прв циклус и ќе се стабилизира
Јас..имав подолго крврење со прекини од неколку дена....ми дадоа Добростон и се регулираше..породена сум на 04.08.2025 и добивам редовно од ноември ..меѓутоа циклусот ми е многу пообилен и ми трае подолго..најверојатно треба време за да се регулира..јас го дојам бебето и мислам дека крварењето има улога и со тоа ..Јасна (консултант за доење)ми кажа да пијам пред и за време на циклус мг и ка ..
Скоро 13 месеци по пораѓај, сеуште немам менструација. Веќе почна на нерва да ми оди. Минатиот Јули праев брисеви и пап се беше уредно, сега во Јули пак планирам. Ама почнувам да се загрижувам. Читав искуства и скоро кај сите, со секој пораѓај добиле порано од претходниот, а јас се подоцна. По прв пораѓај добив после 7 месеци, по вториот пораѓај по скоро 12, сега скоро 13 сеуште ништо. Има некој слично искуство и се да било во ред?
Доиш? хормони додека се средат но нема минус ако ти е мисла да се консултираш со гинеколог. Мене конечно ми дојде по 8 месеци откако ја одбив.
Дојам да. Ама и по прв и втор пораѓај менструација ми дојде пред да престанам да дојам. Хормони исто имам проверено и според гинекологот беа без преголеми отстапувања. Генерално ок, земајќи го фактот дека знаат да се голем хаос по породување и ми беше кажано да очекувам менструација за следните месеци, ама веќе скоро година помина. За два месеца пак имам гинеколошки термин, ама веќе некако почнувам да се загрижувам.
До денеска 45 дена како сум породена, природно второ бебе. Крварев пообилно првите две недели а потоа имав крварење ден два па ќе престане, имавме односи прв пат кратко кога престана скроз околу 30тиот ден и после тоа имав симптоми како за добивање болки во кичма и стомакот и почнав да крварам пак но по малку а после тоа еве 10 дена имам само кафеаво и осеќам некоја нелагодност цело време, сега баш бев во тоалет пак црвено покажува Незнам дали е циклус или сеуште се чисти од породувањето, сеуште немам отидено на гинеколог а инаку на ексклузивно доење сме
Јас пак ќе пишам тука, бебето за една недела полни два месеци. Јас денеска официјално изгледа ја добив првата менструација по породувањето, имам болки во стомакот, почна кафеаво па после тоа црвено, осетливи градите ,бебето приметувам двапати денеска кога цица прво ја лиже брадавицата и како да се гади после ќе стисне силно и ќе продолжи да цица, отпустот на млекото засега е ист ќе видам деновиве дали ќе има некоја промена. Сеуште немам појдено на гинеколог ,таман се наканив да одам и си мислев некој месец ќе бидам раат од циклус но ете....
Породена сум пред 5 ипол месеци. Прва менструација 2 месеци после пораѓај т.е прв пат добив во фебруари и секој следен месец ми касни по неколку дена. Овој еве ми касни 8 дена. Не дојам. Односи сме имале 3 пати до сега во неплодни денови и без завршница во мене. Ваљда не сум бремена пак Кога ви се регулираше циклусот по пораѓај? По првиот пораѓај одма си продолжи циклусот уредно на 28 дена без каснење, сега овој пат се поремети.
Јас добив после 7,8 месеци. Снаа ми веднаш после еден месец. Првата година тешко е додека се средат хормоните а кај некои и подолго трае. Инаку првата година и најлесно се останува бремена. Не значи дека и кај тебе е така, ама за секој случај направи си тест. Кај мене немаше шанси за бременост дека првите месеци ни не помислував на односи. Ненаспиена, хормони никакви, бебе само во рака, добро е што имав време да јадам