Менструацијата по породувањето

Дискусија во 'Бременост' започната од Snow-Queen, 7 септември 2012.

  1. snegce

    snegce Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    580
    28ми ден од породување. После поинтензивно доење, молзење 1 во ден ќе ми потече црвено, па потоа преминува во побледо и пример 2 дена ќе немам ништо, така бледо жолто, па пак ако се одмолзувам долго, пак знае црвено..Дали ова е нормално?
    П.С.Ехо направено веднаш по породување уште на бокс, кажаа дека целосно е излезена постелката.
     
    Последна измена: 13 јуни 2026
  2. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.667
    Допаѓања:
    16.031
    Пол:
    Женски
    Да, се чистиш, нормално е.
     
  3. Калеа

    Калеа Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2021
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Породена пред 2ипол месеци, со веќе двапати добиена менструација. Последната ми заврши пред една недела и сега сум во денови на овулација според календарот но веќе два дена имам повторно крварење свежа крв. Матичната вели дека е нормално после породување.
    Дали некој има слично искуство?
     
  4. 1001Ana1001

    1001Ana1001 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 април 2022
    Пораки:
    519
    Допаѓања:
    235
    Мајки, кога добивте менструација после породување? Бебе 2м, на екслузивно доење, ама имам менструални болки периодов. Првата бременост не се сеќавам ама беше исто порано (не волку рано)
     
  5. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    5.254
    Пол:
    Женски
    Јас после 40 дена добив.
    Едит: Јас се измолзував тој период докторката ми рече дека е различно кога бебе јаде од града а друго кога молзам. Па можеби и тоа имаше влијание
     
    Последна измена: 24 јуни 2026
    На 1001Ana1001 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    6.420
    Допаѓања:
    15.742
    Пол:
    Женски
    Со двете 40 дена крварење и после уште 40 дена добив, значи 3от месец.
    Знам и за жени што одма после престанување на крварењето од пораѓај добиле, уште првиот месец, така да ништо чудно и тоа.
     
  7. Orchidea

    Orchidea Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2017
    Пораки:
    1.726
    Допаѓања:
    3.021
    Пол:
    Женски
    После 9 месеци. Бебето беше на ексклузивно доење 6 месеци.
     
  8. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.667
    Допаѓања:
    16.031
    Пол:
    Женски
    После 7 месеци, а се доевме до 15 месеци.:D
     
  9. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.455
    Пол:
    Женски
    Бебето за некој ден ќе полни 4 месеци, на ексклузивно доење сме.
    После 2 месеци мислев дека добив циклус но од тогаш еве нема сеуште ништо, после крварењето бев на лекар и рече дека додека дојам нема да добијам иако со првото не беше така си добив одма после два месеци.
    Одвреме навреме некој исцедок без врска, при односи ме боли десната страна, страв ми е вака кога не добивам од несакана бременост иако се внимава...
     
  10. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.455
    Пол:
    Женски
    Бебето е 4 месеци и сме на ексклузивно доење.
    Имав некое крварење два три дена пред два месеци но после тоа ништо се до вчера кога на бришење ми се јави розев исцедок и така е цел ден денеска. Инаку завчера и вчера кичмата ненормално ме заболе ,се укочив, ми треба време од седечка положба да се исправам, бебево едвај го носам целата свиткана , исто така ме болат јајниците.
    Никогаш несум имала болни циклуси , кога правевте брисеви по породувањето, матичниот кога бев ми рече рано е ,незнам што да мислам...
     
  11. Marijanche33

    Marijanche33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2025
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    769
    Пол:
    Женски
    После 6 месеци, бебе на ексклузивно доење. Поголема болка при добивање, пообилно крварење од претходно, но малку пократко трае. Ама затоа овулација… како менструални болки исто и болка во кичма
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Cherry blossom89

    Cherry blossom89 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2020
    Пораки:
    2.973
    Допаѓања:
    12.603
    Пол:
    Женски
    Јас добив после една година(исто доев) и менструацијата не ми беше воопшто болна(за разлика од пред бременост, пре јаки болки) ама затоа овулацијата како ја чувствував...и при одење мислам имав болки во јајници и знаев секогаш дека сум во овулација.
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.455
    Пол:
    Женски
    Јас никогаш несум имала болна менструација, подносливи болки и крварење кое трае максимум 4-5 дена не обилно , со првото добив одма после два месеци и си добивав редовно на 29-30 дена е сега бебе е 4 месеци сеуште не добив, ексклузивно доење.
    Минатиот месец една недела имав болки силни во кичма и јајници но немав крварење, сега пред два дена исто премногу силни болки дури неможам да се исправам и бебе да земам, болки во јајниците и на бришење имав светло розева крв после само кафеаво и сега жолтеникав исцедок. Ми се плаче од болки вчера и одсабајле.
    Си мислам да не ова секој месец вака ќе ме боли период кога ќе добивам или со кичмата е нешто... дајте некој совет , ќе одам најверојатно на рендген но незнам дали ќе влијае на доењето...
     
  14. Peperutce6

    Peperutce6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 април 2025
    Пораки:
    1.224
    Допаѓања:
    5.254
    Пол:
    Женски
    Јас 10 месеци од како се породив секој месец овулацијата ја осеќам. Имам страшни бодежи во јајниците. Порано не ми било така. Кај мене не е болна веќе но е пообилна.
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.667
    Допаѓања:
    16.031
    Пол:
    Женски
    Исто со овулацијата, значи мислам се пораѓам. Добив после 7 месеци од пораѓај, доев до 15 месеци. Иначе не сум имала болни менструации ни пред ни после пораѓај.
     
    На Marijanche33 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    27.111
    Пол:
    Женски
    Јас ни пред бременост ни после немам болни менструации. И со двете добив после 4 месеци. Првото го доев до 2г екслузивно до 6, второто до 3г ексклузивно до 7-8 пошо одбиваше храна. Добивам исто на 26 дена како и предходно и трае 4-5 дена ама не обилно.
    А што има уствари врска доењето со добивањето?
     
  17. Babygirll3

    Babygirll3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2019
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    315
    Пол:
    Женски
    На 3ти мислам дека беше месецов ми се јави мало крварење, неколку дена, мислев дека се дочистува матката бидејќи само еден месец поминат од пораѓај, а изгледаше нешто како менструација, не ми беше јасно што се случува, па за некој ден помина, не се замарав многу, па вчера како пак да добив ама не можам да дефинирам точно, воопшто немам болки и не е обилно, како на 3-4 ден што ми беше претходно плус на 26 дена, обично 28 до 30 ми беше претходно
    Поминати се два месеци, не знам дали е можно уште да се чисти матка сепак е време поминато(од тогаш досега немав воопшто крв) или сепак е менструација иако поинаква од пред пораѓај? И дали не е рано за менструација? Знам некои жени со месеци па и до година не добиваат…Поискусните help?
     
  18. srce-9

    srce-9 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2012
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    1.455
    Пол:
    Женски
    Јас така имав крварење до околу 40тиот ден па ми прекина како една недела па после тоа пак јас мислев дека добив но наредниот месец немаше ништо, на околу 2 ипол отидов на првиот преглед по породувањето и ми рече дека е се ок и нема да добивам додека дојам.
    Пред две недели имав розевкаст исцедок но само еден ден.
    Ексклузивно дојдам бебе е 4 ипол месеци
     
  19. Feniksgirl

    Feniksgirl Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2022
    Пораки:
    9.667
    Допаѓања:
    16.031
    Пол:
    Женски
    Кој ти кажал дека нема да добиваш додека доиш? Јас добив 7 месеци после пораѓај, а доев до 15 месеци. Нема такво нешто дека нема да добиеш додека доиш.
     
    На srce-9 и zuto им се допаѓа ова.
  20. Bubish26

    Bubish26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 март 2019
    Пораки:
    5.655
    Допаѓања:
    27.111
    Пол:
    Женски
    И јас ќе ти пишам. 2г доеше првото, 3г второто дете, а јас добиено на 4 месец после пораѓај.. тоа е исто како што кажуваат додека немаш добиено или доиш после пораѓај не можеш да затрудниш.
     
    На srce-9 му/ѝ се допаѓа ова.