Можеби прашањево не е за тука но ве молам за совет Се исплашив На допир внатре во вагината напипав оток топче големо дури отворот цел потечен, а болки и бодежи имам во јајниците и долниот дел на стомакот, пред две недели исто така болка и прокрварив ама не приметив ништо Што може да биде, нема да заспијам до утре додека да отидам на доктор
Bartholyn cista, имам и јас. После пораѓај ми се напрај со второто, ми ја пукнаа, сега пак на имам ама бремена сум не ја чепкам. Доколку не дојде до некоја инфекција не е страшно ама најдобро да те видат, брзо оди пукањето и не е ич болно.
А дали имаше силни болки во стомакот и јајниците Како со нож да боде одвреме навреме, ова е на длабочина некаде околу прст
Бев на преглед, докторот на ехо ме гледаше ,јајниците и матката се добри, ми зеде брис и рече дека имам инфекција. Исчисти со раствор и ми препиша Макмирор вагиналети 6 вечери. Имам ставено две вагиналети до сега, од утрово приметив на бришење ми се јавува крв измешан со вагиналетата и имам болки во јајниците и нелагодност долу како за добивање. Отокот се намали, тоа било на местото каде сум шиена по породувањето.
Zdravo,dali menstruaciite vi bea pobolni posle poragjaj? I dali se podobrija, eve veke sum na vtorata ama mn pobolna i so drugi simptomi od pred bremenost
Мене не, ни пред пораѓај ни после пораѓај. Само првата после пораѓај ми беше така поболна и пообилна.
Здраво мамички пред четири месеци се породив со царски рез на ексклузивно доење сум но циклус воопшто немам а немам ниту знак дека би добила. После крварењто од 40 дена немам ништо и тоа не беше обилно.
Не било обилно зошто со царски ја чистат добро матката. И кај мене беше така, добив после 7 ипол месеци од прилика кога воведов оброк.
Јас после 9 месеци добив, царски породена. Исто многу малку крварев, дури ни контракции не осетив дека се собира матката додека доев. Бебе до 6 месеци беше на ексклузивно доење.
Јас 7 месеци после царски добив исто на ексклузивно доење. Крварев нормално, скоро и воопшто после царскиот. Нормално е.
Здраво, породена сум царски пред 3 месеци. Имав една меструација, и сега треба да ми дојде пак ама ми касни 5 дена. Дали е нормално да не бидат редовни? Или откако добивте првиот пат после тоа беше се најнормално?