Не ми е јасно што се случува со мене. Крварев 3 недели после породувањето, обилно беше само првите 5-6 дена, после тоа беше повеќе како исцедок. После тие 3 недели немаше ништо. Завчера ми се појави кафеав исцедок, почнав да крварам, изгледа добив редовен циклус, така ми изгледа. Арно ама, крварењето е прилично обилно. Никогаш не сум крварела толку многу.
И јас сум исто само јас се потам секоја вечер околу 2 3 часот обавезно маж ми вика дека е од млекото?
мамички читајки видов дека нее загризувачки да немаш менструација после породуванјето,јас од породуванјето уште не добив поминаа2,5 месеци,ама нон стоп ми тече како бело прање ,не многу ама ме пецка таму кај што бев шиена па се мијам по сто пати на ден,што можам да користам,дека јас се мијам само со вода.и одприлика после колку време е нормално да дојде менструација?
Не се секирај јас еве и после 6 месеци уште немам менструација добиено а може и до година да не дојде.
Mамички крвавев 40 дена по породувањето потоа 2 недели немав ништо и вчера добив.Малку чудно ми стана бидејќи малата ја дојам мислев дека нема да добивам...
Нема врска, јас откако се породив крварев месец дена скоро и по некоја недела добив. Еве веќе 6 месеци интензивно дојам, а имам 5 пати добиено досега.
Да. Се породив крајот на мај, а крварев скоро еден месец (минимално). Од јули секој месец наваму добивам редовно.
На 37-38 ден после породувањето ми заврши крварењето, а менструација добив на 42ден Еве веќе 4 ден, сеуште имам. А баш си мислев дека ќе одморам барем некој месец.
Неможеш да "спиеш на тоа уво" дека неможеш да забремениш. Дури и да немаш менструација, не значи дека ендометриумот не е обновен и дека не се произведуваат јајце клетки. Многу жени останале бремени само после 2-3 месеци после раѓањето поради тоа што немале менструација и мислеле дека на тој начин се заштитени, а и поради доењето. Иако си знаев, мене и гинекологот ми го потенцираше ова на првиот преглед после породувањето.