Здраво девојки.. Имам едно прашање. Последната година имам оскудна менструација , не секој месец, ама 5-6 месеци сигурно ми беше оскудна.. со многу помалку крварење. Бев на гениколог и ми рече дека нема место за грижа... Е сега минатиот месец баш во плодните денови имав два ризични односи т.е дечко ми сврши во мене ама не целосно (пола пола ) . Добив циклус на деатумот кога требаше да добијам , проследен со болки во стомакот, ама беше премногу оскуден , досега толку оскудна менструација не сум имала.. Крвта беше светла и ми течеше само 1 ден и тоа поминав само со една влошка. Се мислам дали да направам тест за бременост или да почекам уште малку. Што мислите вие , дали има шанси да сум бремена??
@referentka Јас се сомневам исто на бременост,т.е. одам оптимистички до крај со мислите дека можеби сум...Јас имав 10 дена пред да добијам последен однос во јуни,значи на 19 јуни имав однос нормално незаштитен,одиме на бебе,и на 29ти добив(тогаш и требаше)и да речам скоро па како нормалниот,прв ден ништо втор ден повеќе така,среда слабо пак и толку беше,почна само исцедок...Но ме загрижи нешто...од кога ми заврши јас продолжив да го имам тоа цувство како за добивање,и од тогаш па еве до денес чат пат во денот си осеќам грчеви во јајниците и стомакот...исто како за добивање,јас направив тест 25ти ден од последниот однос но негативен беше...А другите симптоми си викам ај може си ги барам па се појавуваат,како пречесто спиење,главоболки јаки имав ,повеќе не,неколку дена ми се јаде ми се плаче,неколку дена ништо не ставам во уста,и грбот ме искина...Осеќам промена чудна,еве и недела дена и више си имам температура 37.1,37.2.....за 3 дена треба да добијам па ќе видиме...И плус од кога ми заврши ми продолжи прозирен воденикав исцедок и уште трае,бактерија немам пред месец дена бев на гинеколог...Ако сакаш да ми напишеш дали нешто приближно од ова ти се случувало...И кога отприлика после зачнување тестот ти дал последно негативен резултат..Фала и се извинувам за рефератов...
Здраво, менструацијата веќе ми доцни 12 дена, направив 3 теста за бременост и сите беа негативни. Вчера забележав крв и мислев дека сум добила, но сабајлето немаше ништо и вечерта повторно имав мало крварење. Можно е да сум бремена покрај негативните тестови
Или ќе ти пробие за ден или два, или почекај па направи тест повторно. Но, на твое место јас би отишла на гениколог да се види на ехо. Секако ако имаш нередовен циклус нормално е и по толку да ти касни.. Поз
Фала многу, се двоумам дали доцни поради стрес и неправилна исхрана или бременост. Ќе направам уште еден тест валјда не може сите 4 да грешат
Здраво на сите само што се зачленив сакам да ве прашам за мислење август месец бев на гинеколог и имаше знаци на бременост појов по 1 недела и веќе растеше но по неколку дена добив менс. и не појдов на преглед минатиот месец ми дојде порано а овој месец 7 дена ми каснеше и добив ама беше многу светла и веќе 3 ден завршувапе последниве 2 недели се чувствувам изморено од време на време чувствувам гадење а и имав грцеви во долниот дел на стомакот сега забележав нешто како скокоткање во долниот дел на стомакот сакам да прашам дали е можно да сум бремена.
На колку години сте добиле? Пишувајте за да ме охрабрите зошто имам 14 години и уште немам добиено па ме фаќа страв :/
Тоа си е индивидуално.Кај некои може на 9,10,11 години првпат да дојде менструацијата,кај други на 12,13,14,15,16,а кај други дури на 17 години.Значи,најдоцна на 17 години треба првпат да дојде менструацијата.Како и да е,јас мислам дека со тебе е се во ред и дека само непотребно се грижиш.Инаку,ако те интересира,јас на 12 години првпат добив менструација,а мајка ми и баба ми добиле на 14,но сепак,тоа,нели си е индивидуално и различно е кај сите.
Девојки, добив на 24ти ама ептен пред 12, веќе може да се каже 25ти. Утредента веќе ми течеше силно, но како посветла крв. Потоа наредниот ден повторно течеше силно, 3тиот ден ми течеше како некогаш кога ми тече на 4тиот ден, по малку. Еве денес ми е 4ти ден, бев во тоалет и буквално веќе нема ништо, дури ни кафеаво. Пробавме со сопругот да направиме бебенце, ама не бев во плодни денови. Добив ептен на точната дата, на 28 дена. Ме загрижува зошто вака ми се скратија деновите овој пат.
Здрaвo женчињa кaкo ми сте? Дaли е мoжнo дa си бременa a сепaк дa дoјде циклусoт?Јaс дoбив нa 30ти мaј и ми беше нoрмaлнo сo блaгa бoлкa вo стoмaкoт.Грaдите кaкo и вooбичaенo престaнaa дa ме бoлaт.Еве веќе некoлку утрa ми се гaди немaм aпетит oмaлaксaнa сум премнoгу.Штo мислите вие зa oвa?
Направи си тест, јас лично немам искуство, но имам читано дека жени биле бремени, а имале редовна менструација.
Здраво девојки нова сум на форумот. Имам една дилема што многу ме мачи. Имам редовна менструација секогаш на точниот датум ми доаѓаше, овој месец ми закасни 3 денаа па решив да направам тест. Тестот излезе позитивен едната линија беше бледаа многу се израдувавме со сопругот и опп наредниот ден ми дојдее ,исто си имав болки како и претходните пати но овојпат и 3-4 дена пред да потече имав некоја слаба болка во стомакот. Менструацијата си трче нормално па ке ве замолам за мислење има ли шанси за временост и покрај менструацијата еве ке ви го сликам и тестот. Споделете некое искуство и кажете некое мислење позз
Си требала одма кај гиниколог да се јавиш Или оди уште одма на итна и објасни им,може да се работи за спонтан Несакам да те плашам ама подобро појди на доктор
@Makeup12 советот на @Mari* е сосема на место. Тестот е рана бременост, но крварењето може да биде многу нешта. Можно е да е спонтан, можно е да е хематом, постојат најразлични можности. Утре можеш да го повториш тестот. Доколку има уште бледа цртичка, гледи да мируваш и понеделник на доктор. И да нема цртичка, пак трк на доктор.
Искрено многу се загрижив. Моментално не сум во мк утре си одам авионски. Во понеделник секако ке одам на лекар. Дај боже да не е нешто лошо
@Makeup12 да не бидеш цел ден во мисли, можеш да земеш тест и да направиш. Ако се е во ред утре треба да има подебела црта во било кое време од денот. Ние ќе ти држеме среќа да не е ништо сериозно и да постои бременост