Мислам дека насловот е јасен. Дали ви се случило ова и што би можело да значи? Болест, инфекција???? Јас последен пат имав добиено на 1 јуни. Не многу обилно, но сепак имав менструација И еве сега забележувам почнува пак. Искрено ова ме плаши. Уште утре закажувам на гинеколог, но што би можело да биде? Не сум сексуално активна, така што полова болест е исклучено Совет? Ќе збудалам уште малку
Се случува и не е ништо страшно. Може да ти се случи ако си била под срес или си имала некој проблем Ако се повтори оди на гинеколог
Нема место за паника, поминал 21 ден оттогаш, се случува циклусот да варира од 21-40 дена. Можеш да одиш на гинеколог, чисто да те види дека нема ништо и ти да се потсмириш.
Ми се случи од огромен стрес после погреб на моја блиска личност. Така да, сум приметила дека е од стрес. Друго што би предизвикувало менструација два пати во месец, не знам.
Јас имам братучедка шо има така по два пати месечно, ама ко шо рече Дузи циклусот си варира, така да може на 21виот ден ти иде. Беше она на гинеколог, исто сексуално не активна, и истото тоа и го рече и гинекологот.
И јас го имав истиов проблем (со тоа што сексуално сум активна) и на гинеколог ми и препишаа Приманул Нор.. така нешто беше, не сум сигурна за името..
и јас сум сексуално активна и незнам што е проблемот само што ми заврши по 4 дена пак ми дојде,а тие приманул нор може и не препишани да се земат?
Ако доаѓа 2 пати месечно ( а ретко се случува на пример еднаш или два пати во годината),можно е да од стрес,промена на клима,а ако почеесто се случува можно е да е хормонско пореметување или некоја не дај боже болест.Во секој случај треба редовно да се оди на гинеколог,вака никој не може да ти помогне.Јас не би користела на своја рака лекарства.
Менструација на две недели Не знам што да правам? Два пати во месец сте добиле некогаш? на лекар се оди за ова?
Менструација на две недели Хрчаче,гледам дека имаш 14 години. Па на тие години е све нормално. Уште не ти е стабилизирана менструацијата па може затоа...А плус сигурно и сега скоро првпат имаш добиено. Јас лично,повеќе пати до сега имам добиено два пати во месецот (таму до кај 18 години ова ми се случуваше, а првпат добив на 12 години), и не сум била на гинеколог. После се си се стабилизира, сега ми е редовна. Сепак не те советувам и ти да неодиш на гинеколог, но мислам дека истото ќе ти го каже. Сепак ти најубаво си осеќаш, дали е нешто поразлична менструацијата,болки поголеми дали имаш... Ако те опушти муабетот со гинекологот во смисол да не се секираш,можеш да си појдеш. Поздравче
Менструација на две недели Првпат ми дојде пред три години на 11 и никогаш не ми се случило вака затоа се исплашив. Знаев дека мозе да е нередовна, некои девојчиња така имаат а и кога добив прв пат бев на лекар и ми рече дека не е ништо страшно ако е нередовна некогаш ама така се испаничив сега. Сакав да одам кај матичната ама таа е на одмор до 15ти па ништо ќе чекам мислам дека сепак не е нешто страшно па да трчам итно на гинеколог. фала ви на советите ме смиривте . Многу брзо паничам во мене е проблемот
имав на 10-ти и ми заврши на 15-ти и еве денеска пак ми дојде ама не ми тече многу.Не сум сексуално активна.А незнам зашто по втор пат ми дојде месецов не сум била ни под некој голем стрес. Чаре?
Чаре нема,ако се случило само овој месец не е страшно.А ако досега се случувало често најдобро е да си одиш на гинеколог.Иако не си сексуално активна со ехо ќе те прегледа.Не плаши се :up:
^ Да само овој месец прв пат ми се случува да добијам по 2 пат во месецот и затоа ми падна многу чудно.Фала многу Луничка
Во август добив два пати. На 4-ти и потоа на 22-ри мислам Ме изненади црвената тетка зошто никогаш не ми се беше случувало и погоди кога ми беше најлошо,кога не можев да се помрднам од кревет Немаше ни 20 денови од претходната. Нормално ли е тоа? Некогаш не добивам и по два месеци.
Кој знаеш од што ќе да е, јас прво мислев од Норлевото, ама ете сега ми дојде точно на 28 дена, инаку вака многу порано, последниов период