1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Менталист (The Mentalist)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од m2m2m2, 13 октомври 2012.

  1. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Ја гледам понекогаш, Патрик ми е ептен симпатичен лик :D
     
  2. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас се сомневам на типот што беше со Патрик во киното. Нели Лорелај му рече на Патрик дека се исти со Ред Џон, дека играат исти ментални игри и спомна дека веќе се ракувале. Значи се познаваат.А со овој типов повеќе пати се среќаваат во случаи и баш е таков како Патрик. :^) Мене ми мириса дека тој ќе испадне Ред Џон.
     
  3. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    ^ И јас помислив на истото. Можно е и онака ништо не се знае кога е во прашање Џејн. Беше интересна таа епизода, али и последнава не беше лоша. Ќе видиме како ќе се одвиваат понатаму работите :)

    Оваа недела нема да има нова епизода. Следната ќе испадне на 9 декември...
     
  4. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    И конечно во последнава епизода Џејн се поблиску и поблиску е до трагата на Ред Џон. Беше интересен моментот на крајот кога и кажуваше на Тереса со колку се запознал, па колку биле жени, па фармата.
    Инаку незнам дали сте приметиле али Ван Пелт е бремена во приватен живот и затоа во сцените од серијата постојано седи или пак го крие стомакот со некои предмети :)
     
  5. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Јас се уште се сомневам на истиот човек, оној од Визуализација (или како и да се вика). Многу пати се појави како вмешан во некои случаи, плус еве и во последниов :!:
    А што се однесува на Ван Пелт, симпатична е се тоа, ама не ми глуми ко што треба, не ја бива некако :?:
     
  6. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме кој ке биде на крајот Ред Џон може и да се изненадиме ништо чудно. Како и да е Ван Пелт да симпатична е и сето тоа не за џабе во приватен живот е и манекенка, али да не ја бива баш за глума. Затоа Патрик е најдобар глумец, го обожавам :)
     
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Mногу ми се допаѓа серијава, секогаш кога можам ја гледам :)
    Не сум некој посебен фан на криминалистички серии, ама оваа ми е некако посебна :up: Патрик е многу харизматичен, неговата смисла за хумор и дава посебен сјај на серијата и ја издвојува од другите серии од овој жанр. :lol:
    Иначе, колку вкупно сезони има? :?: Знам дека на мтв1 се до 2 сезона... :?:
     
  8. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    ^ Моментално се прикажува 5та сезона. А, уште колку ќе има не се знае :)
     
  9. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Да, нормално, може и да е некој во кого ни на крај памет не ни текнало да се посомневаме :?:
    Ама мене се некако паметот ми оди накај тој од Визуализација. Никако да запамтам како се викаше |(
     
  10. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    А зошто не ставате во спојлер кога пишувате за содржината? Не можам сега да ги редактирам мислењата и да ги ставам во спојлер, ќе прочитам нешто што не треба.
    Јас сум до втора сезона 13 епизода и ептен се навлеков. Патрик ми е врв со тој неговиот осмех. :rofl:
    Да не знае човек за неогавата трагедија би си помислил дека е безгрижен.
    Многу ми беше жал за Боско и неговиот тим, ама знаев дека лудачата Ребека е поврзана со тоа. Уф како ја убија. :envy: Едвај чекам да видам што се дешава понатаму.
    И ставајте спојлер, може некој сака нешто да праша за некоја сезона и ќе прочита нешто несакајќи.
     
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    1.986
    Допаѓања:
    4.845
    Пол:
    Женски
    Ја пратам кога можам исклучиво заради Simon Baker. Каков шарм само дава на криминалистичка серија :)
    За сите љубители на неговата насмевка
    http://www.youtube.com/watch?v=ByUFbRX_4Sk
     
    На Cacy, Mrs.Cuper и Someonespecial им се допаѓа ова.
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам нешто што не ми е јасно,
    кога Грејс објави дека се свршила со типот од фби?Дали сум ја пропуштила таа епизода? Пошто јас видов веќе кога почна да се спрема со свадбата, па дали имаше официјална изјава?
    И морам да признаам дека пуштив некоја солза кога Ригсби и кажа дека нема да дојде на свадбата и која ја баци во уста, а потоа и на челото, уф толку ми беше жал... Многу сакам да се заедно, ама па не сакам ни еден од нив да си оди.
    Инаку при крај сум на третата сезона, па ве молам да не ви се испушти нешто. :)
     
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    ^ Ич не ми текнува за тоа :?:

    Инаку каде да ги гледам епизодите онлајн?
    Досега на Фулмовин ги гледав ама веќе 2 недели не ставиле епизода од Менталист и плус денес гледам го затвориле сајтот :(
     
  14. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Финалињата на трета и четврта сезона беа невидени. Едни од најдобрите финалиња на сезона.
    Кога видов дека шефот им беше позади во лимузината... :x Греота. Колку ја пцуев онаа глупачата од фби, ама е одвратна, мора сегде да се меша, идиотка. |( Она е крива. Да не знаеше фби, немаше да дознае дека Лисбон е жива. Кој е бре овој Џон мајку му, сегде луѓе има.
    И сега почнувам со 5тата сезона. Се надевам дека ќе ја обноват и за 6та, ќе биде штета ако не биде така.
     
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Пак сакам да прашам нешто, може овој пат ќе добијам одговор.
    Ја гледав сега 5тата епизода од 5тата сезона,
    кога се навраќаат на почетокот и на придружувањето на Џејн на агенцијата. Е сега, на почетокот пишуваше пред неколку години, а нели Ван Пелт се приклучи на тимот покасно, како тогаш после тој што си замина ја вработиле Ван Пелт? Временската разлика не ми е јасна.
     
  16. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    ^ И јас се запрашав тогаш за истово

    Како прво не е логично али ете тоа може им е пропуст во серијата. Сега не ми текнува на таа епизода дали Патрик доаѓа во агенцијата одма после убиството на неговата жена и ќерка или после неколку години. Бидејќи би имало логика ако доаѓа во агенцијата после неколку години од убиството. А, и Ван Пелт може и не ја повикале веднаш да работи со нив, може почнала да работи во некој друг одел.

    Инаку добра забелешка си приметила :)
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Една година по убиството доаѓа Џејн во агенцијата. А нели кога дојде Ван Пелт они веќе подолго беа заедно, неколку години? Затоа се некако не ми се вклопува, а ме нервира кога има вакви пропусти. па баш во оваа серија што не е ни сајнс фикшн ко фринџ, па да речеш утнале нешто со времето.
    Чудна работа.
     
  18. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Епа ете сепак имале пропуст во серијава али ете не е голем па може да им простиме :D


    [​IMG]
     
    На Hipster и MacaLove им се допаѓа ова.
  19. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.089
    Допаѓања:
    163.461
    Пол:
    Женски
    Јас во сивото спаѓам :wasntme: :lol:
    А може и во зеленото...стварно има 42? :^) Ај кент белив... :o
     
  20. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.793
    Допаѓања:
    65.509
    Пол:
    Женски
    Ја догледав. Прво, мислам дека ќе беше подобро да го фатеа Џонот и да се сменеше малку концептот, некој помистериозен убиец, веќе некако е монотоно. А и ќе имаше шанси за повеќе сезони, а не вака да виси во воздух. И што е овој Џон па толку, ко Господ го направија, секогаш неколку чекори понапред и недопирлив.
    После Џејн омилен лик ми е Чо, дефинитивно е закон, колку е смирен и сталожен, ретко менување на фацијална експресија. :D Самер ми беше ужасно симпатична, баш ми е жал така што испаднаа работите.
    Грејс колку се здебели, баш гледав слики, огромна трудница е, не можеа ни асално да ја скријат.
    Некако ми фалеше и она што не беше толку вклучена.